парно греење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 06:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парно греење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таксата за транзит на руски гас ја отвара можноста за зголемување на цената на парното и струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=895575

Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. - Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. - До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност. Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/feed/ 0
Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/#respond Wed, 01 Nov 2023 06:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=895141

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе одлука со која за 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје. Според најавите од РКЕ, не се очекува да и ма корекција на цената до крајот на грејната сезона и покрај најавеното воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на мегават час руски природен гас низ бугарскиот гасовод. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, рече вчера претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тоа, како што кажа, не е работа на РКЕ, а една од опциите е и да ни се зголеми капацитетот на интерконективниот гасовод што го имаме со Бугарија за да може да доаѓа природен гас и од други земји, освен од Русија. -Сметам дека Македонија на ниту еден начин, со ништо, не предизвикала цената на природниот гас во државата да се зголеми, рече претседателот на РКЕ. Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, неодамна најави дека ќе бараат оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот преку кој се снабдуваме со гас од Бугарија, бидејќи токму Бугарија до 2030 година му ги има отстапено сите капацитети на овој гасовод на руски „Гаспром“ со исклучок на капацитетите кои лани беа ослободени. -Ослободувањето на капацитетите е обврска на Европската Унија согласно начелата за целосна либерализација на пазарите. Не може да се воведе такса само за една држава. Во делот на гасоводот на Бугарија со Србија не се закупени капацитетите од страна на „Гаспром“ што значи дека Србија може да користи и други извори освен рускиот гас, а во случајот на нашата држава сами го имаат дадено целиот капацитет на гасоводот под закуп на „Гаспром“ до 2030 година, освен последните капацитети што лани беа ослободени. Затоа бараме веднаш да се ослободат капацитетите и да имаме можност и ние да бидеме снабдувани и од други извори за потребите што ги имаме, вклучително од Азербејџан или ЛНГ терминалите, изјави Бектеши.Капацитетите на гасоводот, како што посочи Бектеши, не се закупени од „Гаспром“ на нашата територија, туку на територија на Бугарија која воедно е и територија на ЕУ. - Затоа доколку не се ослободат капацитетите ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата, рече Бектеши. Порача дека додека е министер за економија нема да прифати никаква уцена од никоја држава во делот на снабдување и загрозување на енергетската безбедност на државата. -Да уцениш држава е неприфатливо и е спротивно на начелата на работа на Европската Унија, а Бугарија е членка на ЕУ и веднаш треба да ги укине таксите не само кон нашата држава, туку и генерално бидејќи се неприфатливи во ЕУ. Ни кажаа дека ќе направат напори да ги ослободат капацитетите и ја очекуваме нивната одлука. Во случај да не ги ослободат капацитетите, ќе ги користиме моменталните капацитети што ги имаме и ќе бараме дополнителни отштети од Бугарија и Европската унија, бидејќи бараме само ослободување на капацитетите и не се мешаме во нивната фискална политика за воведување на дополнителни такси, рече Бектеши. Одлуката на Бугарија, додаде, е нивна внатрешна одлука, но треба да се има предвид и јасно и отворено да им се каже дека ако носат такви одлуки треба да носат и други одлуки со кои ќе се ослободат капацитетите за државите да имаат простор да се снабдуваат од други извори како што е случајот со нашата земја, нагласи Бектеши. Претходната година, како што посочи, се ослободени одредени капацитети во делот на гасоводот што го имаме со Бугарија, но тие не се доволни за побарувачката и потребите на земјава. Нагласи дека е во постојан контакт со компаниите и дека веќе реагирал кај Енергетската заедница и кај Европската комисија за проблемот со новата такса во Бугарија. -Очекувам да се ослободат капацитетите кои токму Гаспром ги има закупено од бугарската страна. Легитимно е да воведат такса за природен гас кој доаѓа од Гаспром, но треба да ги ослободат капацитетите кои се закупени од страна на Гаспром кон Северна Македонија. Тоа е нашето барање и не сакаме да се мешаме во делот на фискалната политика на Бугарија, но имаме право да се жалиме во делот на либерализација на пазарот на природен гас и да бараме од Европската Унија тоа да го применат нивните членки, потенцира Бектеши. Вкупно 64.000 домаќинства во Скопје се снабдуваат со топлинска енергија преку системот за централно греење кој работи на природен гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/parnoto-od-deneska-poskapo-za-4-51-otsto/feed/ 0
РКЕ објави: Еве колку ќе поскапи парното греење од утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=894903

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени за топлинската енергија кои ќе важат од утре, 1 ноември. За најголемиот систем во Скопје (ЕСМ снабдување) цената на топлинската енергија се зголемува за 4,51 процент. Ова значи дека на сметка од 1.000 денари зголемувањето ќе биде 45 денари или како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конкретно за просечна сметка од 1.800 денари, поскапувањето ќе биде 80 денари. -Оваа одлука не ја носевме додека не добивме цврсто уверување дека ќе започне поставување на цевковод на мостот Беласица, посочи Бислимоски. Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-objavi-eve-kolku-ke-poskapi-parnoto-greene-od-utre/feed/ 0
Бислимовски: Парното нема да поскапи повеќе од пет отсто од 1 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-parnoto-nema-da-poskapi-poveke-od-pet-otsto-od-1-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-parnoto-nema-da-poskapi-poveke-od-pet-otsto-od-1-noemvri/#respond Sun, 29 Oct 2023 20:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=894280

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител зборуваше за зголемувањето на цената на парното греење. Бислимовски истакна дека парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти од 1 ноември, односно како што тој потенцираше зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво. - Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bislimovski-parnoto-nema-da-poskapi-poveke-od-pet-otsto-od-1-noemvri/feed/ 0
Новата цена на парното ќе се знае до крајот на месецов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novata-tsena-na-parnoto-ke-se-znae-do-krajot-na-mesetsov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novata-tsena-na-parnoto-ke-se-znae-do-krajot-na-mesetsov/#respond Tue, 24 Oct 2023 15:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=892620

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот на грејната сезона и кои се предизвиците со кои се соочуваат во овие изминати 10 дена. Иако е факт дека температурите се потопли од очекуваните, сепак во секоја грејна сезона постојат слаби точки кои се од техничка природа, а дел од нив се и поради човечки фактор, односно не се платени сметките за потрошена струја од страна на советите на зградите. Но, тоа се традиционални проблеми кои се случуваат и кои треба од година во година да се намалуваат преку зголемување на свесноста и кај операторот и кај потрошувачите, изјави Бислимоски за МИА. Нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно. -За тоа има соодветни правни постапки. Сепак, во моментов проблемот е решен и снабдувањето се одвива непречено, рече Бислимоски. Како што нагласи, на терен веќе се започнати активности за поставување на топловодот под мостот „Беласица“ во Скопје што беше опожарен, со што, како што кажа, се исполнуваат предусловите кои РКЕ ги бара четири месеци – да се почне на терен со реална санација на цевките од ЕСМ со дозвола од Градот Скопје. -Со тоа РКЕ сега ќе отпочне со пресметките за нова цена на парното што ќе стартува да важи од ноември. Финалната одлука ќе биде донесена кон крајот на месецов, потенцира Бислимоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/novata-tsena-na-parnoto-ke-se-znae-do-krajot-na-mesetsov/feed/ 0
ЕСМ: Најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода добија парно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-najgolem-del-od-potroshuvachite-vo-kisela-voda-dobija-parno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-najgolem-del-od-potroshuvachite-vo-kisela-voda-dobija-parno/#respond Tue, 17 Oct 2023 08:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=889672

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода. -По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензиво работат на санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок. Во попладневните часови во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше испорака на топлинска енергија, информираат од ЕСМ. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-najgolem-del-od-potroshuvachite-vo-kisela-voda-dobija-parno/feed/ 0
ЕСМ: Испорачана топлинска енергија до сите објекти во кои потрошувачите и куќните совети навремено ги исполнија своите обврски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-isporachana-toplinska-energija-do-site-objekti-vo-koi-potroshuvachite-i-kuknite-soveti-navremeno-gi-ispolnija-svoite-obvrski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-isporachana-toplinska-energija-do-site-objekti-vo-koi-potroshuvachite-i-kuknite-soveti-navremeno-gi-ispolnija-svoite-obvrski/#respond Mon, 16 Oct 2023 11:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=889322

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до сите објекти, во кои потрошувачите и куќните совети навремено ги исполнија своите обврски за одржување и проверка на грејната инсталација пред почетокот на грејната сезона добија навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија. За да може испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено во објектите на потрошувачите, потребно е куќните совети на колективните станбени објекти да овозможат непречен пристап на екипите на операторот на дистрибутивната мрежа во топлинските станица, да се обезбеди напојувањето на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) и да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок. Токму затоа ЕСМ Снабдување навремено, пред почетокот на грејната сезона неколку пати апелираше до Потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Дополнително, на веб страната на ЕСМ Снабдување со топлина постојано се објавуваат ажурирани податоци во прегледот на моментално затворените објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на линкот https://esm-snabduvanje.mk/esm/?page_id=1348 . Согласно податоците во Центарот за Грижа на потрошувачи, на 14 октомври 2023 година, еден ден пред почетокот на грејната сезона, бројот на затворени објекти, во кои не постои техничка можност за да се испорачува топлинска енергија изнесуваше 210 објекти. Подетално во 21 објект имаше прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 49 објекти екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаа пристап до топлинската станица и 140 објекти беа оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење заради дефект во внатрешната инсталација на објектот. Согласно Законот за домување, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите. Бројот на објекти кои ги немале исполнето условите за непречена испорака на топлинска енергија пред почетокот на грејната сезона се намалува, со нивно санирање, но истовремено во првите денови од почетокот на греењето се појавуваат нови пријави, на кои екипите работат непрекинато. -Уште еднаш упатуваме апел до потрошувачите и куќните совети да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации, да обезбедат довод на електрична енергија и непречен пристап на нашите екипи до топлинските станици во нивните објектите, велат од ЕСМ. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-isporachana-toplinska-energija-do-site-objekti-vo-koi-potroshuvachite-i-kuknite-soveti-navremeno-gi-ispolnija-svoite-obvrski/feed/ 0
Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/#respond Mon, 16 Oct 2023 07:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=889212

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, велат од ЕСМ. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/feed/ 0
Градоначалникот Стефковски се огласи во врска со проблемот со парното во Автокоманда https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-se-oglasi-vo-vrska-so-problemot-so-parnoto-vo-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-se-oglasi-vo-vrska-so-problemot-so-parnoto-vo-avtokomanda/#respond Wed, 01 Feb 2023 10:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=794612

Прв пат официјално дека е во тек процес поврзан со промена на снабдувач со топлинска енергија на домаќинствата во Автокоманда, дознав од писмото кое го примив на 06.12.2022 година од Урбаната заедница Автокоманда. Следниот ден на 07.12.2022 година, испратив писмено барање до директорот на АД ЕСМ - Подружница Енергетика Далибор Богдановски со кое побарав средба на која би присуствувал јас и преставници од Урбаната заедница, се наведува во писменото обраќање на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски до жителите на Автокоманта. Неговиот Фејсбук статус погледнете го во продолжение: Во писмото (кое го објавувам во прилог) истакнав дека поради сериозноста на темата барам средбата да се оддржи во рок од пет дена од поднесувањето на барањето. Со жалење можам да констатирам и да Ве известам дека до денес 01.02.2023 година (среда) сеуште немам добиено никаков одговор на моето барање. Како градоначалник сакам да истакнам неколку работи: 1. За мене е спорен начинот на кој се спроведени активности од страна на службите на Енергетика и ТЕ-ТО, без знаење, информирање и согласност од граѓаните кои се корисници на топловодно греење и имаат склучено полноважни договори за снабдување со топлинска енергија. 2. Општина Гази Баба и јас како градоначалник немаме никаква директна законска надлежност по однос на тоа кој снабдувач со топлинска енергија ќе ги снабдува домаќинствата во Автокоманда. 3. Барањата на граѓаните се и мои барања. И затоа ја имате мојата поддршка во остварувањето на Вашите права.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-se-oglasi-vo-vrska-so-problemot-so-parnoto-vo-avtokomanda/feed/ 0
Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorite-za-parno-greenje-kje-se-prakjaat-i-po-poshta-i-kje-se-postavat-na-veb-stranicata-na-ad-esm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorite-za-parno-greenje-kje-se-prakjaat-i-po-poshta-i-kje-se-postavat-na-veb-stranicata-na-ad-esm/#respond Tue, 18 Oct 2022 12:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=747045

Заклучно со 18.10.2022, до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти. Во меѓувреме, ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување на нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена. Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот. Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот. Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна. ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorite-za-parno-greenje-kje-se-prakjaat-i-po-poshta-i-kje-se-postavat-na-veb-stranicata-na-ad-esm/feed/ 0