партиципација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 14:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партиципација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејствата на бранителите се ослободуваат од партиципација во градинките и од надомест за оброк во училиштата во Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/semejstvata-na-branitelite-se-osloboduvaat-od-partitsipatsija-vo-gradinkite-i-od-nadomest-za-obrok-vo-uchilishtata-vo-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/semejstvata-na-branitelite-se-osloboduvaat-od-partitsipatsija-vo-gradinkite-i-od-nadomest-za-obrok-vo-uchilishtata-vo-gorche-petrov/#respond Wed, 31 May 2023 14:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=840922

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната седница со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата донесе низа клучни одлуки за граѓаните меѓу кои ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта. Советниците воедно изгласаа и доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“ и изградба на нова детска градинка во Дексион, што е од особено значење за граѓаните на Ѓорче Петров, или одлука со која ќе се решат децениски проблеми со недостиг на капацитети во образовните институции. На денешната седница, Советот ја изгласа и одлуката за кофинансирање за реализација на проектот „Пилот-интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“ или проект кој треба да донесе нова пречистителна станица во с.Орман, првпат во историјата на ова населено место. Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зелено светло“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/semejstvata-na-branitelite-se-osloboduvaat-od-partitsipatsija-vo-gradinkite-i-od-nadomest-za-obrok-vo-uchilishtata-vo-gorche-petrov/feed/ 0
Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/#respond Fri, 18 Mar 2022 11:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=649510

Во координација со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа Уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/feed/ 0
Директорите на ученичките и студентските домови бараат зголемување на партиципацијата од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-uchenichkite-i-studentskite-domovi-baraat-zgolemuvanje-na-participacijata-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-uchenichkite-i-studentskite-domovi-baraat-zgolemuvanje-na-participacijata-od-drzavata/#respond Fri, 16 Nov 2018 08:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=128388

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Македонија бара зголемување на партиципацијата за ученик, односно студент што ја добива од државата. Од Здружението иформираат дека на вчерашната средба меѓу Здружението на директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик министерот Петар Атанасо е разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата што ги уплаќа државата. -За 16 години партиципацијата од Министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10  отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива  трошоците околу сместувањето на учениците и студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и осум студентски домови, се наведува во соопштението. Дополнително Здружението на директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година. Оттаму истакнуваат дека работат на подобрување на условите во домовите, но оти затекнатите состојби сепак се на незадоволително ниво па наместо за нови инвестиции се исплаќаат долгови. – Наша цел, додаваат, е учениците и студентите да имаат соодветни услови за стекнување на своето образование. На средбата присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-uchenichkite-i-studentskite-domovi-baraat-zgolemuvanje-na-participacijata-od-drzavata/feed/ 0