Партигејт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 05:54:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Партигејт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската полиција повторно ја отвори истрагата за „Партигејт“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-politsija-povtorno-ja-otvori-istragata-za-partigejt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-politsija-povtorno-ja-otvori-istragata-za-partigejt/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=852789

Британската полиција денеска повторно отвори истрага за прекршувањето на владините правила во карантинот за време на пандемијата, откако ги прегледа видео снимките од членовите на владејачката Конзервативна партија како танцуваат и пијат на божиќна забава во 2020 година. Забавата во седиштето на Конзервативната партија се одржа кога беа забранети социјални собири во затворени простории според правилата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот. Лондонската полиција соопшти дека истражува и собир во Парламентот на 8 декември 2020 година, на кој наводно присуствувале членови на Долниот дом и Домот на лордовите. Со соопштението повторно се отвори истрага за случајот „Партигејт“ за кој власта се надеваше дека е завршен. Полицијата казни голем број луѓе, меѓу кои и тогашниот премиер Борис Џонсон и актуелниот лидер на Конзервативната партија Риши Сунак, кој беше министер за финансии во владата на Џонсон. Скандалот доведе до пад на Џонсон од власт. Минатиот месец, парламентарната истражна комисија заклучи дека Џонсон постојано го лажел британскиот Парламент во случајот „Партигејт“ кога ги уверувал пратениците дека правилата се почитуваат во секое време. Комисијата препорача 90-дневна суспензија за Џонсон, што тој го избегна со оставка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-politsija-povtorno-ja-otvori-istragata-za-partigejt/feed/ 0