партии од левица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 14:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партии од левица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Партии од левицата од регионот објавија Декларација за регионална солидарност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partii-od-levicata-od-regionot-objavija-deklaracija-za-regionalna-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partii-od-levicata-od-regionot-objavija-deklaracija-za-regionalna-solidarnost/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=377785

Социјалдемократската Унија на Србија, Работнички фронт и Нова левица на Хрватска и „Левица“ од Словенија објавија Декларација за регионална солидарност, во која повикуваат на меѓусебна помош од државите од поранешна Југославија во случај на економски кризи и вонредни состојби, јави Бета. Во соопштението се наведува дека Декларацијата е создадена поради сегашната состојба предизвикана од пандемијата и како одговор на „тешките социјални, економски и политички последици што се уште ги чекаат општествата во регионот“. Додадено е дека „неолибералните политики“ доведоа до пропаѓање на здравствените услуги и на инфраструктурните стандарди, зголемените трошоци за личен третман, зголемена смртност и „масовна емиграција на здравствените работници“. Потписниците наведуваат дека, иако веќе три децении општествата на Балканот не се дел од истата државна рамка, тие сепак делат голем број на социјални и економски проблеми и дека понатамошната борба не е можна без заеднички напори и регионална солидарност. Меѓу првичните потписници се личности од сферата на политиката, литературата, културата, науката и спортот, кои ги прифаќаат клучните принципи на Декларацијата. Тие принципи се однесуваат, меѓу другото, на социјалната правда и еднаквост, национална, етничка, родова и сексуалната еднаквост, како и зачувувањето на заедничката животна средина и ресурсите. Досега, декларацијата ја потпишаа спортскиот стручњак Душко Вујошевиќ, музичарите Миле Кекин и Антоније Пушиќ – Рамбо Амадеус, писателите Владимир Арсениевиќ, Ведрана Рудан, Саша Илиќ и многу други. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partii-od-levicata-od-regionot-objavija-deklaracija-za-regionalna-solidarnost/feed/ 0