партиска трибина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 20:33:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партиска трибина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За партиската трибина на СДСМ, полицијата уште од вечерва ја обезбедува салата „Борис Трајковски“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-partiskata-tribina-na-sdsm-policijata-ushte-od-vecherva-ja-obezbeduva-salata-boris-trajkovski-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-partiskata-tribina-na-sdsm-policijata-ushte-od-vecherva-ja-obezbeduva-salata-boris-trajkovski-video/#respond Fri, 16 Dec 2022 20:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=776817

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата. Ова се случува непосредно пред утрешната трибина на СДСМ, која треба да се одржи во оваа сала, а откако денеска имаше дојава за поставени бомби, пренесува А1он. Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината. Сите кои ја користат салата за вежбање, услугите за крос-фит, но и оние кои дошле да ги посетат продажните салони, реагираат поради блокадите кои ги поставила полицијата. Дел од нив и гласно коментираа дека тие треба да губат време и нерви, за да СДСМ непречено си држи трибини, додава порталот. Досега ова е првпат да се примени ваква мерка на обезбедување на објект по дојави за бомби. Ова не беше направено ниту во училиштата каде десетици пати имаше дојави за лажни бомби, а учениците трпеа и психолошки последици поради постојаните евакуации од страна на полицијата. „А1он“ побара одговори и од МВР дали на овој начин сакаат да спречат евакуација ако додека трае трибината стигнат дојави за бомби, а оттаму најавија одговор за подоцна.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-partiskata-tribina-na-sdsm-policijata-ushte-od-vecherva-ja-obezbeduva-salata-boris-trajkovski-video/feed/ 0
Вечерва во Делчево спротивно на законот за средно образование се одржа партиска трибина во гимназијата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-vo-delchevo-sprotivno-na-zakonot-za-sredno-obrazovanie-se-odrza-partiska-tribina-vo-gimnazijata-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-vo-delchevo-sprotivno-na-zakonot-za-sredno-obrazovanie-se-odrza-partiska-tribina-vo-gimnazijata-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/#respond Mon, 31 Oct 2022 21:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=753465

Според Законот за средно образование, изречито се забрануваат одржување на партиски настани на кои ќе бидат истакнати партиски обележја во средни училишта. Но тоа не му пречи на премиерот Ковачевски како и на локалните власти во Делчево предводени од Градоначалникот Горан Трајковски од редовите на СДСМ да вршат политичка агитација во објекти наменети за образование на децата. И после ќе имало партизација и поделби по партиска линија во Делчево и државата?!? Епа ќе има кога наместо образование граѓаните добиваат партиски трибини на кои премиерот вели дека обезбедил храна, струја и греење за граѓаните… ДНО-ДНА! Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во врска со овој настан на СДСМ во Делчево. “Двојни аршини⁉️ Дали Спортската сала на СОУ “Методи Митевски-Брицо” во Делчево е затворена за спортски рекреативци и вљубеници во спортот а за партиска трибина на СДСМ не е? -Особено за потенцирање е фактот што СДСМ како организаторот на истиот овој настан а и Премиерот ДЕЗЕРТЕР треба да знаат дека согласно член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) се забранети неколку работи и тоа: -Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување‼️ -Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование‼️ -Во средното училиште е забрането истакнување на партиски и верски обележја‼️ Од член 7 од Закон за средно образование (МОН – консолидиран текст) јасно се гледа дека од страна на организаторот СДСМ и Премиерот ДЕЗЕРТЕР наповидум е грубо кршење на законите на Република Македонија, доколку истиот овој настан се одржи во објект кој што е наменет за образование и спорт на учениците од Општина Делчево? ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија неможе а да не реагира на ваквото непочитување и грубо кршење на законите на Република Македонија, што пак е одлика на СДСМ‼️“, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. Извор: Брегалнички.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-vo-delchevo-sprotivno-na-zakonot-za-sredno-obrazovanie-se-odrza-partiska-tribina-vo-gimnazijata-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
СО ПРИТИСОЦИ НА СДСМ МИТИНЗИ- Само КОВИД е оправдување за недоаѓање?! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/#respond Wed, 13 Oct 2021 11:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=578190

Дали директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје, Наташа Станоевиќ со наредби и притисоци собирала луѓе за митингот на СДСМ во Карпош на 11 Октомври, на која присуствуваа претседателот на партијата, Зоран Заев, актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски? Според овие фотографии од вибер комуникација, директорката Станоевиќ ги присилува своите колеги да присуствуваат на партиската трибина во Спортската сала Борис Трајковски, велејќи дека единствена причина како изговор за недоаѓање е Ковид-19. Списоците од присутните, како што наведува директорката во комуникацијата, „ќе одат во централа“. Па тука се поставува и прашањето дали „наредбите“ од Станоевиќ впрочем доаѓаат од високите позиции на СДСМ, односно од самиот Заев и раководство на партијата кое себеси се опишува како „демократско“. -За колешките кои сега се приклучија, присуство задолжително, чекам потврда дека ќе дојдете, започнува Станоевиќ. Јас ги пренесов насоките дека единствено оправдување е болест. По завршување на средбата со ваши потписи треба веднаш да ги предадам, списоците ќе одат во централа, пишува Станоевиќ. По потврдите за присуство во групата на Вибер, директорката додава: „Значи ок, подразбира сигурно доаѓање, ве чекам со список кој треба да го предадам. Оправдување за недоаѓање е само Ковид. Чекам да потврди секој писмено“. КУРИР побара одговори и од Станоевиќ. Телефонски ја контактиравме директорката, но од кога и образложивме за што треба да даде коментар, од нејзе добивме краток одговор дека ќе не побара за 10 минути. По скоро еден час, не` побара со одговор: -Се работи за типично лажна вест, каде што со помош на денешната технологија е направен лажен профил со лажно споделени информации. Инаку, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје е под капа на Министерството за труд и социјална политика, со кое раководи Јагода Шахпаска. Останува да видиме дали ќе има реакција од ресорното министерство и од Обвинителството за овој случај. Во продолжение се фотографии од митингот на СДСМ за кој наводно се испраќани пораките за масовност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-pritisoci-na-sdsm-mitinzi-samo-kovid-e-opravduvanje-za-nedoagjanje-foto/feed/ 0