партиски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Mar 2020 06:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партиски лидери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Партиските лидери согласни, нема митинзи за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/#respond Fri, 13 Mar 2020 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=315854

Предвремени парламентарни избори на 12 април ќе се одржат. Нема одложување, за тоа не станало збор на вчерашната лидерска средба, но поради коронавирусот и мерките и препораките, политичките партии ќе водат кампања без митинзи. На лидерска средба кај премиерот Оливер Спасовски, претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на движењето БЕСА Биљаљ Касами имаа заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните и дека ќе ги почитуваат препораките. – Нема поважна работа од здравјето на граѓаните. И во таа насока побарав согласност која беше прифатена дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по координативната средба со лидерите на политичките партии за состојбата со коронавирусот. Многу е важно, рече Спасовски, сите политички партии да покажат одговорност пред здравјето на граѓаните, да ги следат препораките на институциите и нивните активности и кампањата за изборите да ја приспособат врз основа на она што е препорачано во мерките од страна на институциите. – За мене претставува очекувано задоволство тоа што на состанокот се обедини заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните. Тоа е пред се и над се, нагласи Спасовски. Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ќе ги почитуваат препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги водат преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстриминг. – Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над се останато, рече Заев, додавајќи дека политичките партии треба да бидат пример за почитување на инситуционалните препораки. Тој истакна дека на средбата не станало збор за одложување на изборите и оти начинот на водење на предизборната кампања ќе биде усогласен со мерките и препораките кои се за доброто на сите граѓани за брзо и ефикасно справување со ситуацијата. Мицкоски посочи дека извесно е дека изборната кампања ќе се адапира на актуелните услови поради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјални мрежи и мас медиумите и дека нема да има партиски митинзи додека трае забраната за јавни собири. – Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Немаше разговор по таа тема за одложување. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата, преку социјалните медиуми, преку мас медиумите, така натаму. Од врата на врата, поинаков начин, поинаков пристап, итн., рече Мицкоски. Ахмети наведе дека и ДУИ ќе ги почитува препораките и нема да организира големи митинзи за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. – Политичките партии ќе најдат начин како ќе работат и дејствуваат. Денес медиумите се многу развиени. Електронскиот свет е на највисоко ниво и сите партии може да комуницираат преку електронските средства, изјави Ахмети. И Зијадин Села потврди дека Алијансата за Албанците ќе ги следи препораките и упати порака дека нема потреба од паника. – Оваа ситуација ќе помине како и сите други. Ова е вирус и последиците од овој вирус не се различни од последиците на сезонските грипови. Секогаш како последица на сезонскиот грип имало пациенти кои завршиле во болница како последица на хроничните заболувања. Нема потреба од паника, луѓето треба да бидат солидарни, рече Села и ги повика фармацевтските компании да не ја злоупотребуваат ситуацијата и да не прават профит од средствата за дезинфекција. Касами, исто така, посочи дека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки на Владата за справување со коронавирусот и оти ќе ги искористат сите други можности за комуникација со гласачите за им ги пренесат нивните пораки и идеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-lideri-soglasni-nema-mitinzi-za-izborite/feed/ 0
Координација на партиските лидери со Владата за состојбата со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/#respond Thu, 12 Mar 2020 06:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=315364

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин Села и Африм Гаши го потврдиле присуството на состанокот, а тие со нив ќе понесат уште еден партиски претставник. Политичките партии до денеска на 12 на полноќ треба да ги достават изборните листи за шестте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, согласно роковникот, кој го објави Државната изборна комисија за активностите во пресрет на изборите. Од Владата на брифинг со медиумите завчера порачаа дека во врска со состојбата со коронавирусот не треба да профитира политички. – Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата. За лидерската завчера потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот, информира завчерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори. Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Согласно роковите изборната кампања треба да почне на 23 март. Лидерот на СДСМ Зоран Заев не гледа причина за одложување на изборите. Според него тоа е целта и не е добро да се одложат изборите, туку тие треба да се одржат, а можеби само кампањата треба да биде поинаква. – Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту која било причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона вирусот ќе не стави во позиција на некаков вид поинаква кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, изјави вчера Заев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за коалиција. Важно е, според него, граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат. – Важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат. Успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45 отсто или со 75 отсто, рече Заев. Целта на повикот од премиерот Спасовски, како што кажа Заев, е препораката од Министерството за здравство, лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу моделите на водење на кампањата. – Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта, посочи Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/feed/ 0