партиски вработувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 20:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партиски вработувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова година, нови 40 партиски вработувања во државната администрација (ФОТО)  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/#respond Mon, 16 Jan 2023 20:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=788121

Владините институции продолжуваат со преполнување на администрацијата со партиски кадри и по новата година. Имено станува збор за објавени четири нови огласи за вработување на 40 работни позиции и тоа во Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ при Министерството за здравство како и јавното претпријатие на Град Скопје Лајка. Во Фондот за здравствено осигурување се вработуваат дури 13 службеници во неколку подрачни единици, а позициите се од референт, контролор, стручен соработник, соработник па се до шеф на одделение, а нето платата изнесува од 18.022 денари најниска, па 27.980 денари највисока во зависност од позицијата на која се вработуваат. Агенцијата за храна и ветеринарство и ЈЗУ УК Тоарилуц исто вработуваат по 13 службеници. Агенцијата вработува дури 7 на позицијата советници инспектори во одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните, одделение за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство , како и одделение за инспекција за храна од неживотинско потекло при Сектор за инспекциски надзор во неколку подрачни единици со нето плата од 26.566 денари. Додека пак на останатите 6 работни места се вработуваат соработник, помлади соработници, помлад референт, со нето плата од 18.106 до 23.922 денари. Во ЈЗУ УК Тоарилуц според објавениот оглас се вработуваат 13 јавни службеници на работно место шест помлади референт со нето плата од 20.618 денари, соработник за информатичко работење 29.006 денари, советник за правни работи 27.268 денари, советник за административно технички и општи работи со плата од 27.268 денари, двајца помлади соработници за јавни набавки со плата од 27.268 денари, еден помлад соработник за човечки ресурси, како и еден самостоен референт за кадрови работи со нето плата од 22.581 денари. Понатаму, и јавното градско претпријатие Лајка објавува оглас за вработување на еден јавен службеник на позицијата раководител на одделение за општи, правни работи и управување со човечки ресурси со нето плата од 32.604 денари. Само минатата година се објавија над илјадници огласи за вработување во јавната и државна администрација, и сето ова се коси со најавите на премиерот Димитар Ковачевски кој уште минатата година со преземање на функцијата најави промена во начинот на функционирање на администрацијата, како и нејзино намалување за 20 проценти. Иако, Ковачевски најавуваше дека новата влада на СДСМ ќе се насочи кон вработување на квалитетни кадри, на транспарентен начин во јавноста е познато дека ваквите јавни огласи се објавуваат само од правно формален аспект бидејќи веќе претходно се знае кој ќе вработен на одредено работно место. За потсетување, Македонија изминатите години добива континуирани забелешки во делот на модернизација на јавната администрација и подобрување на процесите за вработување од страна на Европската Унија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-godina-novi-40-partiski-vrabotuvana-vo-drzhavnata-administratsija-foto/feed/ 0
ДКСК: Најмногу пријави за партиска поврзаност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/#respond Thu, 06 May 2021 12:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=506575

Состојбата со корупцијата е многу сериозна и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции, изјави Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на прес-конференцијата денеска посветена на сработеното во 2019-2020 година, симболично, како што рече, крајот на работењето во старите простории. Ги нагласи како ризици за корупција изразено политичко влијание, владеење односно не владеење на правото, отстсуство на казнивост, на интегритет како личен и институционален, не доволна транспарентност, како и недоречености во законската регулатива. Правосудните органи, извршната власта, институциите кои одлучуваат во сферата на урбанизмот и Општините, нагласи таа, се сектори што се перцепирани со најголем ризик на корупција, злоупотреба на службена должност и можност за судир на интереси. – Најмногу се пријавуваат состојби за незаконско вработување, издавање разни дозволи, решенија за градење и слично, концесии, постоење судир на интереси и при донесување судски одлуки. Најгорливиот проблем е во делот на вработување, најголем број пријави повеќе од 30 проценти се однесуваат на процесот на вработување, злоупотреба на дискреционото право на раководното лице. За раководните лица пресуден фактор при избор на кандидатите и интервјуто, не секогаш е успехот и освоените бодови, дотолку повеќе што ниту со закон, ниту со други со подзаконски акти не е уреден начинот на водење интервју преку структурирани прашања и негова еволуација, појасни претседателката на ДКСК. Во акцинерските друштва, подвлече таа, не се уредени никакви правила и норми за бодирање врз основа на образование, работно исксутво, други квалификации и слично. Честа пракса, која ДКСК редовно ја потврдува, е менување на систематизациите и прилагодување кон нови работни места, што се креираат и менуваат според квалификациите и видот на образованието потребното работното искуство на соодветиот кандидат. – Интересен момент е што во ниту еден од предметите ДКСК не наиде на искажан отпор или различен став за вработувањето од страна на членовите УО и Надзорните одбори, како органи на контрола над работењето на одговорните лица. Ова укажува на фактот за поврзаност и постоење заемен интерес. Овие вработувања во јавноста се препознаени како вработување непотизам, кронизам, клиентелизам, партиска поврзаност, што создава огромно незадовослтво кај граѓаните, чувство на нееднаквост, но и загрозеност на загарнтираното уставно право за еднакви услови и достапнсот на секое работно место, рече Ивановска. Забележана е и состојба за избори и разрешување на директори на ЈП и АД, што најчесто се врши по укажување или препорака на основачот, а тоа е најчесто владата или општината. Како што истакна Ивановска, ретко се земаат предвид условите за разрешување предвидени со законите, а на објавениот оглас за избор на директор, најчесто се јавува само еден кандидат, вообичаено, подвлече, лицето кое однапред е планирано за таа функција. – Непостоењето правила за креирање работни места и компетенции во ЈП и во АД е проверен начин за вработување лица поврзани со политички партии без разлика на нивната стручност и компетентност и е препознаен како поделба во управувањето со државните институции помеѓу политичките партии од власта, рече меѓу другото претседателката на ДКСК. Ивановска говореше и за повеќекратно именување за вршители на должност за директори, при што не се почитуваат законите за распишување конкурс за избор на директор, се именуваат без положен испит за директори онаму кај што треба, УО не секогаш распишуваат конкурси и чекаат прво владата да одлучи што треба тие да преземат, не се обезбедува избор на директори низ фер конкуренција врз основа на приложена програма за работа, нема отчетност за вршење на фухкцијата и за трошењето државни ресурси. – Изборите и разрешувањата многу често се врзуваат со одредна политичка гарнитура, дури постои и реваншизам особено кога локалната и централната власт се од различни политички опции, потенцира меѓу другото Ивановска, додавајќи оти ова доведува до разградување на системот на вредности, на професионализмот и губење на квалитетен кадар. ДКСК препорачува што побрзо да се донесе Законот за висока раководна структура, кој подолго време е во подготовка. Како што рече, уште еден феномен е докажување на познавање на странски јазик за раководните лица или директори. Низ работењето по предметите ДКСК се наметнала и состојбата во урбанизмот и градежништвото, а голем број доставени пријави се за злоупотреба овластувања од страна на лица и институции кои имаат надлежност да издаваат одобренија за градење. По бројните постапувања и обезбедна документација, се укажува, рече таа, на бројни законски слабости кои вешто се користат од страна на заинтересираните инвеститори за остварување на своите цели. Претседателката на ДКСК информира дека за надминување на сите овие состојби поднесени се околу 58 иницијативи заклучно со 31 декември 2021 година, а најмногу се доставени до владата, потоа до градоначнници, до инспекциски служби, во министерствата за здравство, за култура, за образование, до Основото јавно обвинителство и други. По околу 30 проценти од овие иницијативи е постапено, отфрлени се 26 проценти, 31 процент не доставиле одговори, а има уште постапку пред Управен суд, и рокот за одговор не е изминат во седум проценти од иницијативите. Се препорачува да се почитуваат препораките на ДКСК и на другите независни тела во насока на подобрување на состојбите во сиситемот. Од ДКСК изразуваат надеж дека ќе се обезбеди вработување во јавниот сектор врз база на мерит систем, транспарентност, намалување на политичките или личните влијанија и строго ограничување на дискреционите овластувања. Очекуваат да се зајакнат контролните механизми во однос на ефикасно и ефективно извршување на работите од јавниот сектор, посебно во делот на јавните набавки и издавање разни дозволи, одобренија и лиценци и да се обезбеди поголема независност и професионалност во органите за спроведување на законите. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-najmnogu-prijavi-za-partiska-povrzanost/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите без работа, фирми тонат а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ugostitelite-bez-rabota-firmi-tonat-a-shilegov-na-gradski-tovar-stava-175-lica-preku-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ugostitelite-bez-rabota-firmi-tonat-a-shilegov-na-gradski-tovar-stava-175-lica-preku-jsp/#respond Wed, 14 Apr 2021 07:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=496882

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП. Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за вдомување на партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој поголемиот број не се шофери, кои се дефицитарни е полнење на администрацијата на оваа претпријатие, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања. ЈСП има недостаток на шофери, но за Шилегов тоа не е проблем, негова преокупација е како да вработи оперативен директор, цоветник за примена на јазиците и инжинер за инвестиции во ЈСП, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Шилегов го претвори ЈСП во фирма за вдомување на партиски кадри, а Скопје има делува каде нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. - И се додека е Шилегов градот ќе тоне, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ugostitelite-bez-rabota-firmi-tonat-a-shilegov-na-gradski-tovar-stava-175-lica-preku-jsp/feed/ 0
Продолжуваат партиските вработувања во државните институции, плата над 37.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-nad-37-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-nad-37-000-denari/#respond Fri, 26 Mar 2021 13:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=488199

Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со откази од своите работни места како последица на економската криза предизвикана од корона пандемијата, но и како последица од лошото менаџирање на властите, владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат да ги полнат државните институции со партиски кадри. Во моментот, Агенцијата за заштита на лични податоци, ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија Скопје, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, Агенцијата за примена на јазиците, како и Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви имаат активни огласи за вработување на државни и јавни службеници. Според описот во Агенцијата за заштита од лични податоци вработува еден државен службеник на позицијата советник односно сметководител во Одделението за финансиски прашања а платат за оваа позиција изнесува 26.278 денари. ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија вработува пак еден јавен службеник самостоен референт или поточно главен администратор за матична евиденција на пациенти и наплата за нето плата од 19.910 денари, а согласно годишниот план на институцијата за оваа година предвидено е на ова работно место да се вработи Албанец. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување пак објавува два огласи, кој на првиот оглас се вработува раководител на филијала во Кичево со нето плата од 30.984 денари, додека пак на вториот оглас се вработува исто раководител на филијала во Битола со плата од 33.628 денари. Министерството за култура односно Управата за заштита на културното наследство вработува еден државен службеник на позицијата раководител на сектор за превенција и инспекциски надзор на културното наследство со нето плата од дури 37.631 денари. Од друга страна пак, Агенцијата за примена на јазикот за кој никој не знае која е нејзината надлежност објавува оглас за вработување на двајца државни службеници на позицијата помошник раководител на Сектор за општи и правни работи и управување со човечки ресурси, како и еден соработник за следење, унапредување и заштита на примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. А нето платата за овие две позиции е 33.830 денари, или 24.291 денари за второто работно место. И Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви вработува двајца јавни службеници на позициите помлад соработник за контрола на квантитет и квалитет на задолжителни резерви, и еден помлад соработник за благајничко работење, а нето плата е иста и за двете позиции на 22.238 денари. Овие огласи за вработување доаѓаат по најавите дека владата нема да троши на непродуктивни работи, но и по повикот на премиерот Заев за формирање на широка влада каде што ќе влезе и опозицијата се со цел на огласите за вработување да се примаат лица кои ги исполнуваат критериумите. Но по се изгледа дека ниту сопствениот збор не може да го исполни, па продолжува со превработување на партиски активисти во државната администрација и создава институции кои наместо во служба на граѓаните, партиски институции. Претходно, медиумите пренесуваа дека не само централните, туку и локалните власти ги полнат институциите на локално ниво со партиски активисти кои подоцна служат како партиски гласачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-nad-37-000-denari/feed/ 0
Нов партиски оглас: Владата продолжува со партизирање на институциите  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-partiski-oglas-vladata-prodolzuva-so-partiziranje-na-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-partiski-oglas-vladata-prodolzuva-so-partiziranje-na-instituciite/#respond Sun, 14 Mar 2021 09:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=482033

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Република Македонија објавува оглас за вдомување на 31 јавен службеник на различни позиции, само една недела по повикот на премиерот Зоран Заев за формирање на широка влада со опозицијата се со цел департизација на институциите. -Да ја департизираме администрацијата. Кога сме двете страни внатре во владата нема тоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја партизираат администрацијата. Да ќе се вработува и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, ама ќе победи на конкурсот како најдобар, по критериуми. Клиентелизмот во судство во јавно обвинителство кога ќе бидат сите в власта ќе го снема, рече Заев во интервју пред само една недела. По се изгледа, не само што се предомисли за широка влада каде што ќе биде вклучена и опозицијата, туку се предомисли и за департизацијата на институциите, а за тоа се докази токму овие огласи за водмување на партиски војници во јавната и државната администрација. Според податоците, ова акционерско друштво има потреба од 31 работник и тоа за позициите: административен оператор, координатор на судски и други постапки, референти, самостојни референти, возачи, инженер за подготовка, надзорен инженер, архивар, шеф, благајник, технички секретар администратор, главен координатор, па се до архивар документарист, а според позициите најниската плата е 17.900 додека пак највисоката нето плата е 38.200 денари. Дека власта решила да ги преполнува институциите со партиски војници покажуваат и претходните огласи објавени за вработување на службеници во различни државни и јавни институции. Со сигурност може да се каже дека државната администрација повеќе не наликува ниту најмалку на државна, туку партиска која наместо да стане професионална и во служба на граѓаните, прераснува во гласачко тело. Со ова се добива впечаток дека Република Македонија која во моментот се наоѓа во тешка здравствена и економска криза, нема недостаток од вакцини за имунизација на населението, туку недостаток од вработување на партиски послушници во јавната и државната амдинистрација.
За потсетување, Европската унија во еден од извештаите нотираше паритизирање на институциите со неквалификувани кадри, но за владата ниту тоа не претставува проблем да продолжува со превработување и политизирање на институциите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-partiski-oglas-vladata-prodolzuva-so-partiziranje-na-instituciite/feed/ 0
Мартиновски: Општина Бутел е синоним за партиски вработувања и недомакинско работење https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/martinovski-opshtina-butel-e-sinonim-za-partiski-vrabotuvanja-i-nedomakinsko-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/martinovski-opshtina-butel-e-sinonim-za-partiski-vrabotuvanja-i-nedomakinsko-rabotenje/#respond Tue, 29 Dec 2020 12:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=449832

Општина Бутел, општина во која живеам, творам и создавам. Некогаш нашта општина беше еден синоним за соживот, меѓусебно помаѓање, почит кон сите најмногу кон возрасните. Општина во која се почитуваа сите вредности. За жал денес општина Бутел е општина во која владее безредие, криминал, хаос. Непочитување на законите и изникнување на дивоградби стана секојдневие. А митото и корупцијата синоним за општина Бутел. Зад нас речиси е 2020 година. Година по многу нешта тешка, со голема пандемија која сеуште не е завршена. Но за општина Бутел 2020 година нема да биде запаметена само по пандемијата. Овде жителите си имаат и голем број други проблеми кои за жал останаа нерешени а се поизвесно е дека нема ни да се решат. Но и не е се така црно. Имаме со што да се пофалиме и ние. Многумина ќе речат ете општина Бутел на последното место или ете го Бутел нигде го нема. А уствари ние сме општина која руши рекорди. И тоа за жал неславни, популистички рекорди на грбот на сите жители. Успеавме како општина да поставиме РЕКОРД и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе. Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот. Внимавјте 207 % зголемување. И сето ова на сметка на раст и развој на општината. Наместо инвестиции и реализирање на проекти, градоначалникот задоволува лични апетити и си исполнува ветувањата кои ги има дадено кон поединци. Состојбата во нашата општина е катастрофална во сите параметри. Градоначалникот не собра сили да каже зошто во буџетот има собрано помалку пари. Зошто тие пари недостасуваат? Дали е заради намалениот број на инвестиции? Дали е заради иселувањето а со тоа и намалување на приливот од даноци? Дали е тоа заради неспособноста за менаџирање со општината? Еве и трета година од истекот на мандатот ние немаме ниту еден пазете НИТУ ЕДЕН реализиран проект од оние клучните со кои градоначалникот милуваше да се фали во предизборната кампања. Нема ниту гасификација со што требаше да се намалат трошоците на граѓаните и енормното загадување кое го има нашата општина. Ние сме единствена општина во град Скопје која остана без поликлиника иако градоначалникот Велимир Смилевски неколку пати ја најавува јавно, во преизборието и во неговиот мандат. Влегуваме во последната година од мандатот но сеуште нема ни абер од поликлиниката која нужно им е потребна на сите бутелчани и на општините кои гравитираат околу Бутел. А поимот капитален проект е измислена фраза во речникот на Велимир. Па така ниту има воведување на парно греење на целата територија на општината, ниту ги има најавуваните градинки, основни училишта. Реката Серава која требаше да добие уредување денес се повеќе наликува на неисчистена дива депонија отколку на средено речно корито. Остнаа излажани и најмладите кои требаше да добијат нов спортски центар уште во 2019 а за жал нема ни да го добијат во 2021. Го нема ниту водоводот во село Љубанци ни село Љуботен. Нема уште многу лаги односно ги нема ветените проекти кои требаше да донесат „жиивот во Бутел“. Нивната желба за подобар Бутел веројатно ја подразбираат на сосема поинаков начин. Подобар Бутел за ние е загриженост на граѓаните за својата егзистенција. Подобар Бутел за нив е само лаги и манипулации. Подобар Бутел за нив е урбаниот хаос и мафијата која владее во Бутел. Бутел заслужува една сосема поинаква визија и иднина. Општина Бутел заслужува и мора да добие нови инвестиции, инфраструктурни проекти, решавање на основните проблеми на жителите. Бутел заслужува многу но не од оваа неспособна администрација, туку од некои идни генерации кои се инспирирани за промени во нашата општина. Спремни за предизвикот и исполнување на потребите на граѓаните, а не исполнување на лични неисполнети амбиции. ГО САКАМ БУТЕЛ! Пишува: Тони МАРТИНОВСКИ Координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/martinovski-opshtina-butel-e-sinonim-za-partiski-vrabotuvanja-i-nedomakinsko-rabotenje/feed/ 0
Пост изборно министерствата ги отворија „вентилите“ за нови партиски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/post-izborno-ministerstvata-gi-otvorija-ventilite-za-novi-partiski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/post-izborno-ministerstvata-gi-otvorija-ventilite-za-novi-partiski-izbori/#respond Sun, 15 Nov 2020 15:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=429867

Трендот на партиски вработувања и понатаму продолжува иако сегашната власт на СДСМ во своите опозициски денови велеше дека државната администрација е партиски преполнета и дека треба нејзино кратење, во последните три и пол години откако е на власт како целосно да го промени својот став. Сега речиси и да нема ден а да не се објави нов оглас за вработување во државната администрација. Овој пат министерството за надворешни работи, министерството за финансии и министерството за локална самоуправа вработуваат неколку државни службеници. Имено, Министерството за надворешни работи објавува два огласи на кој на едниот се бараат 3 државни службеници, и тоа се вработува еден више референт и двајца самостојни референти, а нето платата според огласот изнесува од 15.416 до 16.172 денари, додека пак на вториот оглас на МНР се вработуваат дури 11 државни службеници а според описот на огласот предвидени се вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 од различна национална припадност. Според огласот МНР вработуваат соработници за различни оддели, а нето платата која што ќе ја земаат овие лица изнесува 17.734 денари. Министерството за локална самоуправа пак исто како МНР преку распишани два огласи бара вработување на вкупно 4 државни службеници, односно според огласите се вработува самостоен референт, двајца помлади соработници и еден советник. Платата е во зависност од позицијата на која се вработуваат, а изнесува од нето 16.560 до 26.410 денари. Министерството за финансии пак според описот на распишаниот оглас вработува еден Албанец за раководител на сектор за централно финансирање и склучување на договорот, нето платата за оваа позиција изнесува дури 37.631 денари. Во моментот се активни над 119 нови вработувања објавени од страна на Агенцијата за администрација за вработувања во локалната и централната власт, а претходно, јавноста беше сведок на други огласи за вработување во државната администрација во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија, како и по тројца советници во кабинетите на министерството за одбрана, и министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/post-izborno-ministerstvata-gi-otvorija-ventilite-za-novi-partiski-izbori/feed/ 0
Партиските вработувања во државни институции акутен проблем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/#respond Sat, 26 Sep 2020 10:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=408866

Иако Владата на премиерот Зоран Заев изминатите неколку години ветуваше реформи на јавната администрација во извештајот на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата нотирани се 50 слабости и 150 активности што треба да се превземат со цел стручна, професионална и департизирана администрација. Изминатите неколку години партиските вработувања во државните институции се акутен проблем. -Утврдивме голем број на проблеми кои што се вградени и кои што овозможуваат користење на дискрециони овластувања кои што овозможувааат да се применуваат постапки кои што им даваат предност на лица кои што се поврзани со одредени групи на политички партии, непотизам, кронизам а притоа не му се дава предност на квалитетот и професионализмот при вработувањата‘‘, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал на настанот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, во организација на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата што се одржа деновиве во Скопје. Во извештајот на ДКСК и Транспаренси интернешнал се идентификувни и критикувани околу 50 слабости и 150 активности што треба да се преземат за да се воспостави системска основа за ефикасна администрација, заслужни вработувања и елиминирање на корупцијата. При анализата откриени се нефункционални институции, но и институции без вработени. Според Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување на корупцијата констатирани се недостатоци при вработувањата во јавниот сектор и тоа политичко влијание, партиска припадност и недоволна транспарентност во постапките за вработувања. -Се вршеле промени во актите за систематизации со наменско креирање на работните места пред објавувањето на огласите а согласно квалификациите на лицето кое треба да биде вработено.Причините за ваквиот начин на однесување од срана на одговорните лица може да се детектираат во постоење на политичко влијание, партиска припадност, отсуство на интегритет како личен така и институционален, недоволна транспарентност на постапките за вработување, слаб надзор и контрола неказнивост итн‘, вели Ивановска. Наспроти ваквите констатации на ДКСК и Транспаренси интернешнал вицепремиерот, Љупчо Николовски ветува бескомпромисна борба против овие појави, но притоа потенцира дека ова ќе биде процес што ќе трае со години или децении. -Свесни сме дека непотизмот и корупцијата при вработувањата во јавниот сектор има, имало секогаш и истото нема да биде лесно да се искорени во целост, не можеме да очекуваме напредок од јавниот сектор доколу изборот не се одвива согласно највисоки стандарди и предвидени квалификации за соодветното место‘ смета Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiskite-vrabotuvanja-vo-drzavni-institucii-akuten-problem/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ приоритет се партиските вработувања пред здравјето на граѓаните! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-za-sdsm-prioritet-se-partiskite-vrabotuvanja-pred-zdravjeto-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-za-sdsm-prioritet-se-partiskite-vrabotuvanja-pred-zdravjeto-na-gragjanite/#respond Fri, 10 Apr 2020 11:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=330198

Повиците за ригорозно штедење очигледно не стигаат до ушите на власта, а обемот на работа „се зголемува“ само и единствено во општините и институциите под нивна капа, за кои со сигурност се испостави дека се имуни на Корона вирусот. Па така, наместо мерките и средствата од општинските и државниот буџет да се фокусираат на задржување на работниците во приватниот сектор, непродуктивните трошоци се недопирливи, а сумата издвоена за привремени вработувања во само 4 општини достигна износ од 57 милиони денари! Само во периодот од 22.02.2020 година за договори со агенции за привремени вработувања во Локалните самоуправи и институциите на локално ниво се потрошени 47.232.979 денари, додека очекуваните ребаланси за пренамена на средствата со цел изнаоѓање на начини за поуспешно справување со кризата никаде ги нема! Како краен заклучок се наметнува и немилиот факт дека повиците за „солидарност на работодавачите со вработените“ се крајно беспредметни и буквално ништо не значат во времево кое подразбира отежнато работење за сите работодавачи. Короната можеби некако и ќе ја преживееме, но оваа власт...многу тешко!, реагираат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Фејсбук статус на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-za-sdsm-prioritet-se-partiskite-vrabotuvanja-pred-zdravjeto-na-gragjanite/feed/ 0
Мисајловски: Во екот на најголемата здравствена криза, само во четири општини за партиски вработувања СДСМ ќе потроши скоро 57 милиони денари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=329191

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека 15.000 луѓе биле отпуштени од работа од угостителскиот сектор. Стопанството едвај дише, малите и средните претпријатија се пред колапс. Недостигаат над 2 милијарди евра во буџетот. Лекарите, полицајците и сите оние кои се борат со вирусот на првата линија, се борат без заштита, голораки. Платите на работниците ќе се кратат, луѓе ќе остануваат без работа и егзистенција, ама партиските вработувања не смеат да запрат. Локалната самоуправа во Ѓорче Петров во екот на најголемата здравствена криза во Република Македонија склучила договор за привремени вработувања во износ од 10.999.960 милиони денари. Во исто време кога Заев и Оливер порачуваат дека не може се да е "бесплатно" во оваа држава и работниците да "стиснат заби" затоа што ќе се кратат плати, во општината Ѓорче Петров обезбедуваат скоро 11 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. И да биде впечатокот целосен, во исто време се трошат 15 милиони денари за привремени вработувања во општина Гази Баба, скоро 24 милиони денари во општина Бутел, а ЈП Водовод Куманово, градот кој е жариште на корона вирусот ќе потроши 7.5 милиони денари на партиски вработувања. Само во овие четири општини СДСМ за вработување на свои партиски војници ќе потроши скоро 57 милиони денари! Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри ? Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки. Потребна е одговорност спрема својата држава, вели во својата објава на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vo-ekot-na-najgolemata-zdravstvena-kriza-samo-vo-chetiri-opshtini-za-partiski-vrabotuvanja-sdsm-kje-potroshi-skoro-57-milioni-denari/feed/ 0