партизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Feb 2022 17:54:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневска: Законот за наставници и стручни соработници е лош бидејќи има неколку членови кои се дискриминаторски и се овозможува политизација и партизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-zakonot-za-nastavnici-i-struchni-sorabotnici-e-losh-bidejkji-ima-nekolku-chlenovi-koi-se-diskriminatorski-i-se-ovozmozuva-politizacija-i-partizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-zakonot-za-nastavnici-i-struchni-sorabotnici-e-losh-bidejkji-ima-nekolku-chlenovi-koi-se-diskriminatorski-i-se-ovozmozuva-politizacija-i-partizacija/#respond Tue, 22 Feb 2022 17:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=635034

Овој закон за наставници и стручни соработници е лош бидејќи има неколку членови кои ние сметаме дека се дискриминаторски каде се овозможува политизација и партизација и тие немаат никаква врска со платата на наставниците и стручните соработници, истакна претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно!“ на Телевизија Алфа. -Еден од членовите кој е најпроблематичен и кој прави забуна во јавноста е вработувањето на наставниците на неопределено време без положен стручен испит. Додека пак сега треба наставниците да поминат 2 години во образовниот систем од кои едната година им се смета како стаж и работат под менторство, посочи Јаневска. Таа додаде дека во овој закон ново вработените уште на самиот старт се вработени на неопределено време па ќе ги поминат допрва процедурите па ќе полагаат стручен испит, а доколку не положат ќе бидат отпуштени. Јаневска потенцираше дека доколку се изгуби овој начин на контрола на квалитетот во образованието ќе се нема мотивација. Ситуацијата во која се наоѓаме е резултат на незнаење, не стигнување на особини кои образованието во текот на процесот на образование треба да им ги даде на учениците. -Потребни се квалитетни кадри, не само во образованието туку секаде. Овој процес на мои, твои и ваши крајно време е да прекине, а стажот и полагањето на стручен испит е гарант за квалитетот на тие што се вработуваат, заклучи Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-zakonot-za-nastavnici-i-struchni-sorabotnici-e-losh-bidejkji-ima-nekolku-chlenovi-koi-se-diskriminatorski-i-se-ovozmozuva-politizacija-i-partizacija/feed/ 0
Лефков: Огромна лага е дека некој ја опструира комисијата за образование бидејќи тука станува збор за спречување на страшна партизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-ogromna-laga-e-deka-nekoj-ja-opstruira-komisijata-za-obrazovanie-bidejkji-tuka-stanuva-zbor-za-sprechuvanje-na-strashna-partizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-ogromna-laga-e-deka-nekoj-ja-opstruira-komisijata-za-obrazovanie-bidejkji-tuka-stanuva-zbor-za-sprechuvanje-na-strashna-partizacija/#respond Tue, 22 Feb 2022 15:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=634976

Огромна лага е дека некој ја опструира комисијата за образование. Министерката која е повереник на законот каде вели дека порастот на плати не може да биде со закон туку мора да биде предмет на социјален дијалог, а во исто време се вели дека имаат предлог закон со кој ќе се покачат платите, ова претставува чист оксиморон парадокс, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница. Лефков посочи дека се кажуваат лаги кога веќе се споменува членот со кој се предвидува покачување на платите на наставниците. „Во членот 66-ж пишува дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба каде се утврдува износот на вредноста за бодот на пресметување на платите на наставниците и стручните соработници а во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број извршители“, рече Лефков. Тој додаде дека во членот 25 се предвидува дека со 10 наставни часа ќе се има полно работно време, што алудира на зголемување на бројот на извршители. Лефков кажа дека доколку власта става одредба дека бодот кој ќе се утврдува според буџетот и врз основниот број на даватели на услуги тогаш за какво зголемување станува збор тука. Буџетот веќе се зголеми за плаќање и трансфери кон ЕСМ. „Тука станува збор за спречување на страшна партизација. Ако сакате да го усогласите бодот на наставниците потребно беше да го прифатите нашиот амандман затоа што колективните договори и сите договори треба да се водат од минималната плата затоа што тоа е целта и поентата на минималната плата“, заклучи Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-ogromna-laga-e-deka-nekoj-ja-opstruira-komisijata-za-obrazovanie-bidejkji-tuka-stanuva-zbor-za-sprechuvanje-na-strashna-partizacija/feed/ 0
Партизацијата во МНР продолжува: Луѓе блиски до СДСМ и без никакво дипломатско искуство се нагарадуваат и испраќаат на мисии во странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partizacijata-vo-mnr-prodolzuva-lugje-bliski-do-sdsm-i-bez-nikakvo-diplomatsko-iskustvo-se-nagaraduvaat-i-isprakjaat-na-misii-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partizacijata-vo-mnr-prodolzuva-lugje-bliski-do-sdsm-i-bez-nikakvo-diplomatsko-iskustvo-se-nagaraduvaat-i-isprakjaat-na-misii-vo-stranstvo/#respond Tue, 25 Jan 2022 09:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=622695

Еден од најголемите бранители на политиките на Владата, Драган Алчинов со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев бил вработен во МНР и станал дел од екипата на тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Алчинов во МНР е доведен на барање на највисоки функционери на СДСМ со цел да го советува министерот за геостратешки прашања пишуваа пред неколку години медиумите повикувајќи се извори во владеачката партија кои биле незадоволни што неискусниот Алчинов кој веќе е дел од дипломатијата. Токму, пред некој ден на изборен конкурс од МНР, токму Аличанов и уште неколку други лица блиски до врвот на владејачката партија се избрани за за претставници во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Имено, Аличанов е избран за пополнување на место во групата на секретарски звања во амбасадата на Република Македонија во Софија. Драган Алчинов е дел од мешовитата комисија со Бугарија, како и зошто е таму, никој не знае. Нема соодветно дипломатско звање нити пак соодветен безбедносен сертификат за да биде присутен на состаноците. Како што пишуваа неодамна медиумите токму Аличанов заедно со амбасадорот Белевски наводно вршеле притисок, ги малтретирале и им се заканувале на професорите од македонската историска комисија. Дали ова е награда за тоа останува времето да покаже. Бони Цветановска, избрана за на мандат ПМ при МО во Виена. Нејзината мајка е многу блиска со поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, и истакнат член на СДСМ. Цветановска всушност е во МНР веднаш по смена на власта, како кадар од невладиниот сектор, како десна рака на Виктор Димовски. Исто така за ДКП во Братислава е избран Миле Долдуров, а мандат добива и неговиот вујко Марјан Поп Ангелов во ПМ при РМ во Виена. Додека граѓаните се мислат како да скррпат крај со крај и да ја надминат кризата во која не втурна владата предводена од СДСМ, пред нова година, токму овие три „дипломати“ блиски до владејачката партија, од страна на министерот Бујар Османи биле наградени со додаток плата за „успешна работа“ во наредните шест месеци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partizacijata-vo-mnr-prodolzuva-lugje-bliski-do-sdsm-i-bez-nikakvo-diplomatsko-iskustvo-se-nagaraduvaat-i-isprakjaat-na-misii-vo-stranstvo/feed/ 0
Власта продолжува со партизација на институциите – нови огласи за партиски вдомувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-prodolzuva-so-partizacija-na-instituciite-novi-oglasi-za-partiski-vdomuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-prodolzuva-so-partizacija-na-instituciite-novi-oglasi-za-partiski-vdomuvanja/#respond Thu, 22 Oct 2020 12:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=419429

Трендот на партиски вработувања продолжува во Македонија. Имено, во моментот се активни неколку огласи и тоа во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во националната радиодифузија. Според огласите, се бараат лица на различни позиции од раководители не сектор, раководители на одделенија, виши стручни соработници, архивари, помошници на директорот, соработници, референти, самостојни референти па се до вработување на одговорно лице за возен парк, платата е во зависност од позицијата од 16.000 до 37.631 денари. Сето ова би било во ред, но ако се земе во предвид дека во моментот државата се соочува со економска и здравствена криза, тогаш се поочигледно е дека власта продолжува со бранот на партиски вдомување на лица блиски до неа. Се чини дека наградувањето на партиски активисти никако не може да запре и покрај најавите во едно телевизиско гостување на премиерот Зоран Заев дека администрација ќе се намалува, а со тоа ќе се скратат непродуктивните трошоци. Рековме 20 проценти намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, изјави Заев во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат М. Речиси и да не поминуваше ден во опозиција СДСМ и Заев да не ја критикуваа тогашната власт за пренатрупување на администрацијата, сепак сега од позиција на власт го прави токму спротивното. Граѓаните се сведоци дека наместо функционални институции со професионални и непартиски кадри истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските кадри на СДСМ. Инаку, и вчера излезе информација дека следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на 800 административци и тоа 640 од нив Албанци, додека останатите 160 од други етнички заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-prodolzuva-so-partizacija-na-instituciite-novi-oglasi-za-partiski-vdomuvanja/feed/ 0
Заев се жали за смената на директорите од ДУИ во Гостивар, но молчи за бруталната партизација која се врши под негова диригентска палка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-zali-za-smenata-na-direktorite-od-dui-vo-gostivar-no-molchi-za-brutalnata-partizacija-koja-se-vrshi-pod-negova-dirigentska-palka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-zali-za-smenata-na-direktorite-od-dui-vo-gostivar-no-molchi-za-brutalnata-partizacija-koja-se-vrshi-pod-negova-dirigentska-palka/#respond Sat, 06 Jan 2018 13:20:45 +0000 http://kurir.mk/?p=7360

Премиерот Зоран Заев во своето интервју за порталот МКД.мк уште еднаш ги покажува своите двојни стандарди. Според Заев смената на директорите на локално ниво во Гостивар која ја врши градоначалникот Таравари е партизација на институциите. Она за што Заев го напаѓа Таравари е истото што и самиот тој го направи со сите институции. Имено Заев со самата смена на власта изврши експресно менување на директори назначени од претходната власт, назначувајќи истакнати партиски функционери без ден стаж за директори на реномирани институции. Сето тоа помина нормално и без коментар, но кога истото тоа го прави некој друг притоа менувајќи очигледно луѓе блиски до актуелната власт веднаш се пали алармот на Илинденска. - Го слушам градоначалникот, зборува за заедништво, а ги смени сите директори и постави партиски луѓе,  вели Заев за МКД.мк. Имено за Заев не беше партизација назначувањето на потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски за директор на Агенцијата за млади и спорт, при што беше сменет тогашниот директор Марјан Спасески, со човек кој нема ни ден работен стаж во дејноста. Назначувањето за директор на РЕК  Битола на Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ од Битола исто така не беше спорно за Заев и не беше оквалификувано како партизација. Заев го немаше ни за коментар кога Петре Шилегов го смени директорот на ЈП „Водовод и канализација“, за на негово место да го постави претседателот на СДСМ во Карпош, Душко Весковски. Заев не најде за сходно да го искоментира ни експресното назначување на 138 активисти на СДСМ во управните и надзорни одбори во градот Скопје, за кое медиумите пишуваа и ги обелоденија партиските активисти и функционери на власта кои се вдомија во овие одбори. Имено „Курир“ обелодени за партизацијата со одборите на претпријатијата под градот Скопје во текстовите: Кои се партиските членови на управните и надзорните одбори што се поставени од страна на СДСМ?   и ФОТО: Кои се партиските војници во управните и надзорните одбори во Град Скопје? . Но, сепак овие флагрантни чинови на партизација не беа искоментирани од премиерот. Според Заев смената на директори блиски до актуелната власт е партизација на институциите, но не и кога истата таа власт менува директори кои се назначени од некоја претходна власт. Тогаш тоа е нормална процедура. Дали станува збор за двојни аршини? Проценете сами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-zali-za-smenata-na-direktorite-od-dui-vo-gostivar-no-molchi-za-brutalnata-partizacija-koja-se-vrshi-pod-negova-dirigentska-palka/feed/ 0
Кои се партиските членови на управните и надзорните одбори што се поставени од страна на СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/koi-se-partiskite-chlenovi-na-upravnite-i-nadzornite-odbori-shto-se-postaveni-od-strana-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/koi-se-partiskite-chlenovi-na-upravnite-i-nadzornite-odbori-shto-se-postaveni-od-strana-na-sdsm/#respond Thu, 28 Dec 2017 09:21:44 +0000 http://kurir.mk/?p=3439

СДСМ и Зоран Заев направија брутална партизација на Управните и надзорните одбори на ниво на Gрад Скопје. Од она што може јавноста да го види поставени се партиски кадри на речиси сите нивоа во градската администрација. Од најавената професионализација и поставување на луѓе кои требаат да имаат кредибилитет, знаење и познавање на проблематиката се поставени слепи партиски послушнинци со една единствена цел безмилосно да го цицаат буџетот на Град Скопје и да ги трошат парите на граѓаните. Листата на овие партиски послушници е огромна. ♦ Давид Геровски - еден од најистакните активисти на младината на СДСМ е поставен како член на Управниот одбор на “ЈСП Скопје“. Освен партискиот критериум не е наведено друг основ зошто овој слеп партиски послушник се нашол на оваа позиција.
 ♦ Благоја Петрушевски - уште еден член на младината на СДСМ кој е поставен во Надзорниот одбор на ЈП “Улица и Патишта“ и за него не се знае како е дојден да биде член на овој одбор.  ♦ Александар Паталовски - член на СДСМ. Од она што може да се забележи од неговиот Фејсбук профил е голем подржувач на Градоначалникот од редовите на СДСМ во општина Карпош, Стефан Богоев. Овој активист е поставен за член на Управниот одбор на “ЈП Улици и Патишта“.  ♦ Горан Живосовски е исто така член на СДСМ. И овој партиски активист е вдомен во управниот “ЈП Паркови и зеленило“. Како и по кои критериуми не се знае, а не се знае ниту неговата стручност и начинот како е поставен во овој управен одбор  ♦ Кристина Пеповска член на управниот одбор на “ЈП Паркови и Зеленило“ . Освен тоа што му го честита јавно родеденот на Заев по кои критериуми е примена на ова место никој не знае.  ♦ Марија Панчева е следна на листата. И таа како и сите останати членови на СДСМ е вдомена во надзорнот одбор “ЈП Улица и Патишта“. Од она што може да се види е дека е голем обожавател на Заев.  ♦ Славе Еленовски во наредниот период ќе ги троши парите на граѓаните како член на управниот одбор на “ЈП Градски Паркинг“. И овој активен партиски член на СДСМ освен што е голем обожавател на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и на градоначалникот на Кисела Вода , Филип Темелковски не се знае по кој критериум е одбран да биде во овој одбор. Се поставува прашањето дали е ова онаа професионализација на институциите и локалната власт што Заев и Шилегов не ја вадеа од уста во предизборниот период. Се разбира листата на партиски активисти не завршува овде. Во наредниот период ќе објавиме кои се останатите партиски активисти и членови на надзорни и одбори.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/koi-se-partiskite-chlenovi-na-upravnite-i-nadzornite-odbori-shto-se-postaveni-od-strana-na-sdsm/feed/ 0
Експресно и без дискусија во Собранието: Помина првото читање на Законот за државни службеници, се спрема чистка во јавниот сектор и целосна партизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-i-bez-diskusija-vo-sobranieto-pomina-prvoto-chitanje-na-zakonot-za-drzavni-sluzbenici-se-sprema-chistka-vo-javniot-sektor-i-celosna-partizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-i-bez-diskusija-vo-sobranieto-pomina-prvoto-chitanje-na-zakonot-za-drzavni-sluzbenici-se-sprema-chistka-vo-javniot-sektor-i-celosna-partizacija/#respond Mon, 25 Dec 2017 22:46:22 +0000 http://kurir.mk/?p=2393

Злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ денес во експресна процедура го помина предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници во прво читање. Законот е подготвен од Дамјан Манчевски, долгогодишен потпретседател на СДСМ, а моментално е министер за информатичко општество и јавна администрација. Со измените на законот, ќе се намалат критериумите за влез во јавниот сектор, со што ќе се создадат претпоставки за масовен влез на партиските војници на СДСМ во јавната администрација. Воедно, ќе се променат условите за напредување во службата, со што ќе се овозможи масовна чистка на професионалците и способните кадри во јавниот сектор, со нивно деградирање и разрешување. Истовремено, со измените кои ги предлага СДСМ и нивниот министер, ќе се создадат услови за скандалозно брзо напредување на кадрите на СДСМ во јавниот сектор, со што ќе се загуби секој критериум и европските стандарди. Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со отсуството од Собранието, тогаш ваките и други штетни закони ќе продолжат да се носат со експресна брзина од пратениците на СДСМ и ДУИ.

СДСМ и ДУИ го користат отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, денес имаа седници со 41 точка и закони, а за утре се најавени рекордни 5 собраниски седници

Пратениците на СДСМ и ДУИ го користат отсуството на нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и експресно носат законски измени кои се на штета на граѓаните. За утре се најавени рекордни 5 собраниски седници. Денеска во Собранието, коалицијата на СДСМ и ДУИ во рекордно време ги поминуваше точките од Дневниот ред. На двете денешни седници коалицијата на СДСМ и ДУИ имаше вкупно 41 точка и закони на дневен ред, односно 27-мата седница со 33 точки и 22-та седница со 8 точки на дневен ред. Само во текот на 1 (еден) ден, собраниското мнозинство речиси без никаква дискусија помина многубројни измени на законите, некои од нив крајно штетни и неповолни за граѓаните, за кои ќе им требаа околу 2 месеци доколку во Собранието беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се некои од законите и точките кои денес набрзина ги поминаа СДСМ и ДУИ, злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ: ♦ Закон за акцизите со кои поскапува дизелот ♦ Именување на јавен обвинител кој ќе биде нова продолжена рака на СДСМ во политичкиот прогон кон стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ ♦ Закон за амнестија (прво читање) со кој ќе се ослободат илјадници лица кои се осудени за разбојништва, кражби, насилство, продажба на дрога и други кривични дела ♦ Законот за административни службеници (прво читање) со кој СДСМ ќе направи чистка на стотици и илјадници кадри во јавниот сектор, а преку ноќ ќе ги унапредува партиските војници на СДСМ во институциите ♦ Скандалозниот избор на Венко Филипче за министер за здравство и многу други точки На тој начин, преку отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, СДСМ и ДУИ преку ноќ ги поминуваат своите клучни проекти, без притоа овие теми подолго да се дебатираат и објаснуваат во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspresno-i-bez-diskusija-vo-sobranieto-pomina-prvoto-chitanje-na-zakonot-za-drzavni-sluzbenici-se-sprema-chistka-vo-javniot-sektor-i-celosna-partizacija/feed/ 0