партнерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jan 2023 19:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png партнерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти: Целта ни е уште посилно партнерство со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tselta-ni-e-ushte-posilno-partnerstvo-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tselta-ni-e-ushte-posilno-partnerstvo-so-sad/#respond Wed, 11 Jan 2023 19:36:03 +0000 https://kurir.mk/?p=786144

Косовскиот премиер Албин Курти по средбата со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека Косово има за цел уште посилно партнерство со Соединетите Американски Држави. Како што соопшти Владата на Косово, Курти го информирал Шоле за постигнувањата на Косово и воедно му се заблагодарил „за посетата, континуираната комуникација и посветеноста на САД како незаменлив партнер и сојузник, нагласувајќи ги целите на земјата за уште посилно партнерство со САД и интеграција во НАТО“. -Се разговараше и за процесот на дијалог, европскиот план и односите меѓу Косово и Србија. Беше истакната потребата од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со заемно признавање, се вели во соопштението. На средбата со премиерот присуствуваа и заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, заменик-помошникот секретар за одбрана за европска политика и НАТО, Спенсер Бојер и амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер. По средбата со Курти во Американската амбасада, Шоле имаше заедничка средба со лидерите на неколку партии во Косово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tselta-ni-e-ushte-posilno-partnerstvo-so-sad/feed/ 0
Харадинај: Курти ќе биде одговорен за евентуалното загрозување на партнерството со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-kje-bide-odgovoren-za-eventualnoto-zagrozuvanje-na-partnerstvoto-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-kje-bide-odgovoren-za-eventualnoto-zagrozuvanje-na-partnerstvoto-so-sad/#respond Sat, 19 Jun 2021 12:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=525426

Поранешниот косовски премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај ја осуди вчерашната изјава на портпаролот на Владата на Албин Курти, Прпарим Криезиу дека договорот кој лани во Вашингтон го потпишаа челниците на Косово и Србија „нема правна моќ“, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај порача дека доколку Курти не ја демантира таа изјава, тогаш „тој ја презема сета одговорност за загрозувањето на стратешкото партнерство“ со САД. – Владата на Курти изјавила дека единствениот договор меѓу Косово и Србија, кој е потпишан во Белата Куќа, да ти бил правно безвреден. Доколку премиерот не ја демантира оваа изјава на неговиот портпарол, тогаш тој ја презема сета одговорност за загрозувањето на стратешкото партнерство со Америка, кое е од животно значење за Косово, напиша Харадинај на неговата страница на Фејсбук. Според лидерот на опозициската ААК, „такво нешто не може да направи никој, ниедна влада и ниеден премиер“. Претходниот косовски премиер, Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ минатиот септември во Вашингтон, со посредство и во присуство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, потпишаа договор за подобрување на економската соработка, кој, меѓу другото, резултира и со признавање на независноста на Косово од страна на Израел. Администрацијата на новиот американски претседател, Џо Бајден го поддржа Вашингтонскиот договор и порача дека тој „треба да биде патот на соработката и напредокот“ во односите меѓу Приштина и Белград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-kje-bide-odgovoren-za-eventualnoto-zagrozuvanje-na-partnerstvoto-so-sad/feed/ 0