пасишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Aug 2021 11:35:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пасишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува проценката за обновување на опожарените пасишта во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/#respond Mon, 16 Aug 2021 11:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=551175

Претставници од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта денеска од атарот на кочанското село Тркање го почнаа увидот на опожарените подрачја во целата држава, по што ќе се направи проценка на штетата и пресметка за потребните средства за обновување на тревните површини. Паралелно со оваа активност, ќе се инвестираат 30 милиони денари за изградба на нови поила за стоката, за набавка на опрема за довод на водата и за поставување куќички за овчарите. – По завршувањето на увидот ќе доставиме детален извештај до Владата за вкупната штета и за количините семенски материјал што е потребен за да се обноват пасиштата. Се работи за обемна задача што ќе трае до почетокот на есента, а во истиот период ќе го реализираме пилот-проектот за обезбедување нови водопоила за стоката и друга инфраструктура, а за кој тендерската постапка е во тек. Целта е да им помогнеме на сточарите во надминувањето на проблемот со недостиг од пасишта што беа оштетени од пожарите, како и од долготрајниот сушен период, истакна Виолета Илиевска, заменик директорка на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Сточарите од селата Тркање и Бања се пожалија дека по опожарувањето на пасиштата се соочуваат со голем проблем за прехранување на своите стада. -Имам 400 овци чие напасување ова лето е посебно проблематично поради долготрајниот сушен период и намалената вегетација, а огнената стихија го доуништи и оној мал дел од ливадите на кои ги изнесувавме стадата. Почнавме со складирање храна за презимување на стоката, но сега се најдовме во уште потешка ситуација како на дневна основа да ги прехраниме грлата. Апелираме за каква било помош од државата за да можеме да го надминеме овој кризен период од два-три месеци, истакна Илија Стојков, сточар од село Бања. Увидот на оштетените пасишата од пожарите ќе трае до крајот на овој месец, а стручна екипа од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта ќе направи анализа за тоа на кој терен каков вид трева треба да се засее. По завршувањето на тендерската постапка се очекува изградбата на инфраструктурата за напојување на стоката и за заштита на овчарите да се реализира во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-procenkata-za-obnovuvanje-na-opozarenite-pasishta-vo-drzavata/feed/ 0
Конференција за заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-zashtita-na-biodiverzitetot-na-pasishtata-na-shar-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-zashtita-na-biodiverzitetot-na-pasishtata-na-shar-planina/#respond Fri, 08 Nov 2019 06:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=261493

Во рамки на проектот „Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина“ денеска во Природонаучниот музеј ќе се одржи завршна конференција. Организатор е Милиеуконтакт Македонија и партнерите Здружение на агроекономисти и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Целта на овој проект е да помогне да се заштитат природните ресурси и да се подобри квалитетот на животот на локалното население. Прoeктот e финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konferencija-za-zashtita-na-biodiverzitetot-na-pasishtata-na-shar-planina/feed/ 0