Пасјак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Aug 2021 05:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пасјак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokaliziran-pozarot-kaj-maaloto-pasjak-vo-delchevskoto-selo-nov-istevnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokaliziran-pozarot-kaj-maaloto-pasjak-vo-delchevskoto-selo-nov-istevnik/#respond Fri, 06 Aug 2021 05:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=546987

Локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник од каде на 2 август започна и серијата пожари кои зафатија повеќе населени места во делчевско и пехчевско. Натчовечки напори на луѓето кои деноноќно гаснеа ја победи огнената стихија од распространување низ населбите и селата кој гравитираат со планината Средна. Според информациите од самиот терен во пожарот опожарени се неколку куќи опфатени на терен каде немало безбеден пристап, но повеќето од маалата во близина се спасени. Во гаснењето учествуваа екипа ловџии, мештаните од селото, полицијата, армијата, пожарникарите, шумарската служба, шумската полиција и неколку против пожарни единици од Бугарија и Словенија. Борбата со стихијата продолжува кај селата Тработовиште и Вирче, а според првични проценки досега е опожарена површина од 44,5 километри квадратни. Во однос на пожарите во пехчевско, забележано е повторно проширување на огнената стихија. Ситуацијата како што велат од терен е неповолна, а граѓани се организираат и заминуваат за гаснење на пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokaliziran-pozarot-kaj-maaloto-pasjak-vo-delchevskoto-selo-nov-istevnik/feed/ 0
ВИДЕО: Зафатен локалитетот „Истевнички Кукуљ“, нова опасност за Балабанско Маало https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-zafaten-lokalitetot-istevnichki-kukulj-nova-opasnost-za-balabansko-maalo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-zafaten-lokalitetot-istevnichki-kukulj-nova-opasnost-za-balabansko-maalo/#respond Thu, 05 Aug 2021 09:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=546561

Ситуцијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност во моментот се Курјачко маало и Балабанци при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет „Истевнички Кукуљ“. -Моментално, најзагрозено е маалото Балабанци и Курјачко маало, исто така во голема опасност е локалитетот ,,Истевнички кукуље” каде мал дел веќе е зафатен од пожарот. Имаме две машини на терен вклучително и багер кои прават појас да не се шири пожарот, истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Трајковски, кој веќе неколку дена ги координира работите, информираше дека во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија. -Меѓу тие луѓе кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално преtпријатие, Шумското стопанство, имаме луѓе од локалната самоуправа, наши и пожарникари од соседни општини, така што се прави се што е во наша моќ за да се локализира пожарот, додава Трајковски. На небото над Делчево околу 10 часот имаше чад кој носен од ветерот се забележуваше во градот. Во моментот чадот се расчистува, но во далечина се уште се забележуваат густите облаци од пожарот кој веќе е проширен во блиските маала кај Пасјак и селото Нов Истевник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-zafaten-lokalitetot-istevnichki-kukulj-nova-opasnost-za-balabansko-maalo/feed/ 0