Паскал Донахју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 20:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Паскал Донахју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирецот Паскал Донахју реизбран за претседател на Еврогрупата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irecot-paskal-donahju-reizbran-za-pretsedatel-na-evrogrupata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irecot-paskal-donahju-reizbran-za-pretsedatel-na-evrogrupata/#respond Mon, 05 Dec 2022 20:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=771494

Ирецот Паскал Донахју денеска беше реизбран за претседател на Еврогрупата. Еврогрупата е неформално тело составено од министрите за финансии на 19-те земји кои го користат еврото како своја валута. Нејзиниот претседател се избира со консензус на министерски состанок во Брисел. Четириесет и осумгодишниот Донахју, кој е на функцијата од јули 2020 година, беше единствениот кандидат за претседател. Претседателот на Еврогрупата е една од личностите од големо значење во Брисел, покрај претседателите на трите големи европски институции – претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Неговата задача е да претседава со месечните состаноци на министрите за финансии на земјите од Еврогрупата, чија цел е да ги координира националните економски политики на земјите од Еврозоната. Донахју вети дека ќе вложи напори за решавање на тензиите меѓу северните и јужните земји во Еврогрупата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irecot-paskal-donahju-reizbran-za-pretsedatel-na-evrogrupata/feed/ 0