Паскал Гилевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 09:11:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Паскал Гилевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Излезе сејачот да сее“ – прв роман за Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/#respond Tue, 14 Feb 2023 09:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=800233

„Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски е прв и досега единствен роман за Блаже Конески за кој, рецензентката Весна Мојсова-Чепишевска, пишува дека со сите свои фикциски и фактички моменти е вистински споменик за Конески. - За оној Конески што не го познаваме, за оној Конески надвор од сите негови книги, ститии, песни, граматики, истории што ни ги остави во аманет, наведува универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска. Според неа, романот на Гилевски е граден низ силна дијалошка форма на повеќе култури. - Па така, овде не разговара само Гилевски со Конески, туку разговараат и Блаже Конески и Иво Андриќ, Блаже Конески и Мирослав Крлежа, Ѓула Илјеш и Блаже Конески, Конески и Шандор Петефи, Конески и Ласло Наѓ, но и Конески и Пол Елијар на „закажаните средби“ од страна на Паскал Гилевски, исто онака како што на маса во кафеана наздравуваат францускиот коњак, чашата џин и шишето кавадаречко црвено вино. Овде разговара македонската култура преку своите најеминентни претставници и со унгарската, француската, грчката, српката (па) и бугарската култура, напоменува Мојсова-Чепишевска. Поврзувајќи го насловот на романот со параболата за сејачот од Новиот завет, односно за семето кое и покрај сите неуспеси, на крајот успева да пушта корен и да дава голем принос, да дава храна која ќе ги храни и телото и душата, Мојсова-Чепишевска укажува на прашања на кои поттикнува делото на Гилевски: Беше ли таков сејач нашиот Конески и остави ли безброј оптимистички параболи? Според рецензентката, поупатениот читател ќе се насочи и кон краткиот осврт или малиот есеј на Конески, со ист наслов како и овој роман „Излезе сејачот да сее“, првично објавен во списанието „Одјек“, во 1979 година. - Во тој текст, христијанската парабола за сејачот, како што е нагласено во рецензијата, Конески ја употребува со цел отворено да зборува за литературното влијание и низ метафоричната слика за семето како збор да го искаже своето противење кон ставот дека литературното влијание е некаков механички процес. „Впрочем ова е и клучната идеја која ја носи целата приказна во романот „Излезе сејачот да сее“ на Паскал Гилевски“, нагласува Мојсова-Чепишевска. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/feed/ 0
Признанието „Ацо Шопов” доделено на Паскал Гилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=778415

„Во чест на поетот“, манифестација со која Центарот за култура во Штип одбележа 99 години од раѓањето на Ацо Шопов. Признанието за афирмација на делото и ликот на поетот Ацо Шопов, годинава му припадна на Паскал Гилевски. Настанот започна со читање поезија од Шопов, по што за Гилевски беше прочитана и кратка биографија. Настанот беше искористен и за промоција на десетте тома собрани дела на Раде Силјан, за кого говореше академик Витомир Митевски. -Станува збор за избор од неговото творештво, еден пресек, главно од поезијата, но има и неколку тома на критиката и библиографски делови. Ако го познаваме Раде како творец ќе забележиме дека ова само еден мал дел од неговото творештво, бидејќи тој е познат и како есеист, и како издавач на антологии. Во овој случај накусо би рекол дека тој излегува од рамките на она што би го нарекле писател. На културната јавност ѝ е познато дека тој е и издавач, сопственик на еминентната издавачка куќа во Македонија, „Матица македонска“. Тој е во голема мера организатор на културниот живот во Скопје, вели академик Митевски. За Митевски собирањето дела е едно сумирање на искуството и резултатите на книжевен план, а во тој поглед, вели, Раде Силјан има многу што да ни каже. Манифестацијата „Во чест на поетот“ се одржува веќе 38 години по ред, од 1985 година, само три години по смртта на Шопов. Признанието, пак, се доделува неколку години по ред. Програмата за одбелемувањето на 99 години од раѓањето на Ацо Шопов продолжува и наредните денови. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/priznanieto-aco-shopov-dodeleno-na-paskal-gilevski/feed/ 0