пасок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 06:52:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пасок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката партија Движење на промена – ПАСОК https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/#respond Mon, 13 Dec 2021 06:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=607543

Европратеникот Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката централно левичарска партија Движење на промена -ПАСОК, откако убедливо победи во вчерашниот втор круг од изборите, со повеќе од двојно поголем број гласови во споредба со неговиот против кандидат Јоргос Папандреу, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 95,37 отсто од гласовите, Андрулакис доби 67,9 проценти (132.706 глас), а поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу 32,1 отсто (62.748 гласа) од гласовите. Со знамиња на ПАСОК и партиските химни, со аплаузи, овации и извици „ПАСОК е тука обединето и силно“ од членови и симпатизери на партијата, 42-годишниот Андрулакис доцна синоќа беше пречекан пред канцеларијата на Движење на промена. Порача дека „се отвора нова страница за партијата и ПАСОК, нова ера со динамика, оптимизам и самодоверба“. Им се заблагодари на гласачите, но и на неговите противкандидати, истакнувајќи дека „нема победени и поразени и единствен победник е демократската партија и ПАСОК“, но и додаде дека е свесен за одговорноста што ја презема. -ПАСОК се врати и е обединето силно, порача новиот лидер на партијата на крајот од неговото обраќање по победата. Јоргос Папандреу, кој успеа да влезе во вториот круг, но не и да стигне до лидерската позиција, му честиташе на Андрулакис, а според грчките медиуми, честитка до новиот претседател на централно левичарската партија упатил и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор со Андрулакис. Новиот претседател на Движење на промена е по потекло од Крит, по професија е градежен инженер, а од 2014 година е европратеник. Изборите во Движење на промена не се поврзани со смртта на лидерката на партија Фофи Генимата, која планираше повторно да биде кандидат за претседателската позиција, меѓутоа влошувањето на здравствената состојба ја натера да ја повлече кандидатурата, а десет дена подоцна ја загуби битката со ракот. ПАСОК, последен пат на изборите во Грција победи во 2009 година, а во изминатите години е трета политичка сила во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nikos-andrulakis-e-noviot-pretsedatel-na-grchkata-partija-dvizenje-na-promena-pasok/feed/ 0
Почина поранешен грчки министер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshen-grchki-minister/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshen-grchki-minister/#respond Fri, 27 Aug 2021 11:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=555601

Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК, Акис Цохаѕопулос почина на 82-годишна, додека беше на лекување во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми Цохаѕопулос починал од срцев удар, а во изминатите години се соочуваше со сериозни здравствени проблеми. Во периодот од 1981 до 2004 година беше на функција во неколку министерства меѓу кои и она за внатрешни работи, за транспорт и врски, за одбрана, а неговото име се споменуваше во скандали во Грција. Во април 2012 година беше уапсен за перење пари, а неколку месеци подоцна беше осуден на 20 годишна затворска казна. Пред три години, во јули 2018 година, Цохаѕопулос, повикувајќи се на здравствени проблеми, беше пуштен од затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshen-grchki-minister/feed/ 0
Ако партијата на Каменос не гласа за договор за името, Грција ќе оди на избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/#respond Sat, 24 Mar 2018 13:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=32759

Ако Независни Грци не гласаат за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Христидис, освен што упати критики до актуелната грчка коалициона влада во однос на тоа дека нема единствена позиција во разговорите за името, ги повтори и позициите на неговата партија.

-Сакаме искоренување на иредентизмот, промена на Уставот, да нема фалсификување на историјата, да постои единствена позиција, да нема поделба на решението на делови и ова да дојде во парламентот, а таму ќе ги изнесеме нашите ставови, кога од владата ќе добиеме заеднички предлог. Земјата има влада на СИРИЗА и Независни Грци, не може кога и одговара да е само СИРИЗА, а кога не и одговара да е СИРИЗА и Независни Грци. Ако не гласаат Независни Грци, земјата треба да оди на избори, рече портпаролот на ПАСОК. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-partijata-na-kamenos-ne-glasa-za-dogovor-za-imeto-grcija-kje-odi-na-izbori/feed/ 0