пасос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jan 2020 15:30:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пасос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбраната бара од Апелација враќање на пасошот на Орце Камчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/#respond Thu, 23 Jan 2020 15:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=293725

Јордан Камчев веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да се даде во бегство, додека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор. Ова го наведе одбраната на осомничениот во „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд во Скопје, жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патна исправа, со предлог хипотека. Адвокатот Антонион Апостолски, образложувајќи ја жалбата, рече дека судот претходно му определил времена исправа за патување и обвинетиот неколку пати ја користел, што покажува дека не држи наводот дека ќе се даде во бегство, како и дека е доставена дополнителна гаранција со вкупна вредност од 3,18 милиони евра. – Не е направно вештачење и наведената штета се само наводи на обвинителството. Можеа овие година и нешто колку трае истрагата да направат проценка за судот точно да знае, изјави Апостолски. Дополнително, посочи дека понудената гаранција од над 3 милиони евра е многу сериозна, особено што се однесува на враќање на патна исправа, а не на мерката притвор. Јавен обвинител од Вишото обвинителство, образложи дека, немало суштествена повреда на постапката и дека останува на писменото барање за отфрлање на жалбата како неоснована. Судот, во образложението на одлуката, наведува дека се уште постојат причините поради кои е одземена патната исправа, имајќи ја предвид тежината на делото за кое се терети, двојното државјанство и тоа дека понудената гаранција е помала од имотно-правната корист со која се стекнал. Одлуката ќе биде соопштена преку првостепениот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-bara-od-apelacija-vrakjanje-na-pasoshot-na-orce-kamchev/feed/ 0