пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 06:34:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија ќе ги објави имињата на сите Македонци со бугарски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-ke-gi-objavi-iminata-na-site-makedontsi-so-bugarski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-ke-gi-objavi-iminata-na-site-makedontsi-so-bugarski-pasosh/#respond Fri, 22 Sep 2023 06:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=880551

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош. Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци. „Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен. Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа. Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев. Со предложените измени за добивање на бугарско државјанство задолжително ќе биде познавањето на бугарскиот јазик. При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење. Ново е и дека ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство. Исто така, се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен. Во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-ke-gi-objavi-iminata-na-site-makedontsi-so-bugarski-pasosh/feed/ 0
Ковачевски: Ќе ги собереме странските пасоши на македонските граѓани и ќе ги вратиме во земјите од кои се земени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-gi-sobereme-stranskite-pasoshi-na-makedonskite-gragani-i-ke-gi-vratime-vo-zemjite-od-koi-se-zemeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-gi-sobereme-stranskite-pasoshi-na-makedonskite-gragani-i-ke-gi-vratime-vo-zemjite-od-koi-se-zemeni/#respond Fri, 18 Aug 2023 14:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=868484

Премиерот Димитар Ковачевски денес најави дека кога Македонија ќе биде членка на ЕУ, ќе ги собереме странските пасоши на македонските граѓани и ќе ги враиме во земјите од кои се земени. -Дента кога ќе станеме членка на Европската Унија, сите заедно ќе ги собереме сите пасоши кои нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на земјите од кои што се земени, со оглед на тоа дека веќе нема да им бидат потребни со цел остварување на нивните економски интереси, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ke-gi-sobereme-stranskite-pasoshi-na-makedonskite-gragani-i-ke-gi-vratime-vo-zemjite-od-koi-se-zemeni/feed/ 0
Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските окупирани територии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-podeli-1-5-milioni-pasoshi-na-zhitelite-od-ukrainskite-okupirani-teritorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-podeli-1-5-milioni-pasoshi-na-zhitelite-od-ukrainskite-okupirani-teritorii/#respond Tue, 30 May 2023 15:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=840527

Русија додели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските регионите што се под руска окупација, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Тој додаде дека одлуката е донесена со цел Москва да ја зајакне својата контрола врз тие области. Некои од жителите на украинските региони за западни медиуми изјавија дека врз нив биле вршени притисоци да земат руски пасош бидејќи тоа станало неопходно за низа административни процедури. Мишустин ги повика луѓето на окупираните територии „да ги почувствуваат вистинските промени во градовите и селата“, особено во однос на реконструкцијата, „образовните можности“ и работата. Во септември 2022 година, Русија објави дека анектирала четири региони на Украина, кои делумно ги окупирала по примерот на полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година. Украинските власти ја обвинуваат Москва дека ги користи пасошите за да ја оправда својата самопрогласена мисија за заштита на жителите во Украина кои зборуваат руски. Европска Унија објави дека нема да ги признае руските пасоши издадени на жителите на окупираните територии на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-podeli-1-5-milioni-pasoshi-na-zhitelite-od-ukrainskite-okupirani-teritorii/feed/ 0
Јовески: За „Бехтел и Енка“ се побарува документација, кај случајот „пасоши“ одредени докази укажуваат на злоупотреби во постапките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-behtel-i-enka-se-pobaruva-dokumentatsija-kaj-sluchajot-pasoshi-odredeni-dokazi-ukazhuvaat-na-zloupotrebi-vo-postapkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-behtel-i-enka-se-pobaruva-dokumentatsija-kaj-sluchajot-pasoshi-odredeni-dokazi-ukazhuvaat-na-zloupotrebi-vo-postapkite/#respond Fri, 07 Apr 2023 18:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=821646

За случајот „Бехтел и Енка“ од надлежните институции се побарува одредена документација, а се преземаат и други доказни средства, но во овој момент не може да се соопштат повеќе детали, рече вечерва државниот обвинител Љубомир Јовески. Во гостување на телевизија Телма, Јовески напомена дека Обвинителството за сите пишувања или коментари во медиумите не е добро веднаш да отвори истрага. Мора тие сомненија да се подигнат на повисоко ниво за да може да се отвори постапка по допрен глас. -Имаме преземено конкретно со оглед дека се побарува одредена документација, се преземаат други доказни средства. Документација се бара од надлежните институции. Во моментот во кој се наоѓа сега предметот, не би можел да соопштам повеќе детали. Обвинителството отвори предмет по допрен глас во врска со тендерите за надзорот на автопатиштата. Има отворено и други предмети, но мора да прифатите дека за одредени предмети не може да соопштуваме детали во јавноста во делот на постапката, до каде се предметите, истакна државниот обвинител. Во врска со предметот „пасоши“, Јовески информира дека се преземени доста мерки, не само во рамки на нашите институции, туку и во соработка со други државни органи. Одредени докази, потенцира обвинителот, укажуваат на определени злоупотреби во постапките. -Мора да прифатите дека се работи за сложен предмет. Одредени докази укажуваат на определени злоупотреби во постапките. Голем дел од доказите треба да се обезбедат со меѓународна правна помош и во соработка со надлежни органи од други држави. Во моментот кога јавниот обвинител ќе собере доволно докази, тогаш ќе се отвори истрага спрема конкретни лица. Во конкретниот случај не можам да кажам кога ќе биде тоа зашто се очекува соработка со повеќе институции од надвор, подвлече Јовески.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-za-behtel-i-enka-se-pobaruva-dokumentatsija-kaj-sluchajot-pasoshi-odredeni-dokazi-ukazhuvaat-na-zloupotrebi-vo-postapkite/feed/ 0
ПОСКАПУВААТ И ПАСОШИТЕ, ЛИЧНИТЕ КАРТИ И ВОЗАЧКИТЕ – новата цена е навистина „солена“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-i-pasoshite-lichnite-karti-i-vozachkite-novata-tsena-e-navistina-solena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-i-pasoshite-lichnite-karti-i-vozachkite-novata-tsena-e-navistina-solena/#respond Fri, 24 Mar 2023 12:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=815983

Личните документи, пасоши, лични карти, возачки дозволи… ќе поскапатоткако Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи што во наредниот период треба да стапи во сила откако ќе се објави во Службен весник. „Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега. МВР постапувајќи по заклучок донесен од Влада, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасци. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во Службен весник и ќе влезе во сила. Имено, цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари“, одговорија од МВР за „Вечер“. Многу повеќе ќе треба да се плати за обрасците за личните документи по итна постапка, кои и онака се неколкукратно поскапи. „Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка: Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6100 денари, што е зголемување за 1600 денари. Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1230 денари, што е зголемување за 390 денари“, дополнуваат од МВР. Како причина за поскапувањето на оваа јавна услуга за граѓаните се наведуваат зголемените трошоци во изминатиот период. „Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн“, стои во одговорот што го добивме од таму. Ваквото решение е донесено на една од претходните владини седници по разгледувањето на „информацијата во врска со потребата од зголемување на продажните цени на обрасците за лични документи на граѓаните (пасош, лична карта и возачка дозвола)“. До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, Република Северна Македонија. Тоа значи дека граѓаните, кои до сега тоа не го сториле, ќе мора да сменат лична карта, пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола но и регистарски таблички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poskapuvaat-i-pasoshite-lichnite-karti-i-vozachkite-novata-tsena-e-navistina-solena/feed/ 0
Бугарите од Македонија бараат одземање на бугарските пасоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-od-makedonija-baraat-odzemane-na-bugarskite-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-od-makedonija-baraat-odzemane-na-bugarskite-pasoshi/#respond Thu, 02 Feb 2023 08:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=795000

Стотици потписи веќе собра онлајн-петиција на Фејсбук со која Бугари, членови на социјалната група „Бугари од Македонија“ бараат одземање на бугарското државјанство на лица од Македонија кои ширеле омраза кон Бугарија. Здружението ги повикува сите владини и невладини организации во Македонија да се приклучат. Во коментарите се пишува дека треба и јавно да се објави список на сите лица од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако меѓу нив има и политичари. „Ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, бидете сигурни дека тие самите ќе ја принудат својата Власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу ќе ги вметнат Бугарите во Уставот!“, гласи еден од коментарите на петицијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-od-makedonija-baraat-odzemane-na-bugarskite-pasoshi/feed/ 0
Трамп тврди дека ФБИ му ги „украл“ пасошите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-tvrdi-deka-fbi-mu-gi-ukral-pasoshite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-tvrdi-deka-fbi-mu-gi-ukral-pasoshite/#respond Mon, 15 Aug 2022 18:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=719008

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека агенти на ФБИ му ги „украле“ трите пасоши за време на неодамнешната рација во неговата вила во Мар-а-Лаго. Таа акција ја окарактеризира како „напад врз политички противник“. - Леле. За време на рацијата на ФБИ на Мар-а-Лаго, ми ги украдоа трите пасоши (еден истечен) заедно со се друго. Тоа е напад на политички противник на ниво што не е видено во оваа држава. Трет свет – напиша Трамп на својата социјална мрежа. Без пасош Трамп нема да може да ги напушти Соединетите Американски Држави, пишува Daily Mail. Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери. Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа. Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-tvrdi-deka-fbi-mu-gi-ukral-pasoshite/feed/ 0
Постојат ЧЕТИРИ бои на пасоши во светот: Дознајте зошто нашиот е црвен, а што претставуваат другите бои https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-chetiri-boi-na-pasoshi-vo-svetot-doznajte-zoshto-nashiot-e-crven-a-shto-pretstavuvaat-drugite-boi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-chetiri-boi-na-pasoshi-vo-svetot-doznajte-zoshto-nashiot-e-crven-a-shto-pretstavuvaat-drugite-boi/#respond Wed, 29 Jun 2022 14:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=697398

Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата. Па, следниот пат кога ќе се најдете во долги редици на аеродромите, сетете се на информациите од оваа објава. Времето ќе ви помине побрзо. Црвена Ова е највообичаената боја. Граѓаните на Словенија, Србија, Русија, Латвија, Романија, Полска и Кина имаат црвени пасоши. Земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, исто така користат пасоши со боја на бургунди или различни нијанси на црвена. И земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, како што се Македонија и Албанија, имаат црвени пасоши. Андската заедница на земји: Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, исто така имаат пасоши со бургунди боја.

Сина

Ова е следната боја по вообичаеност. Сината боја на кориците го симболизира „новиот свет“. 15 карипски земји имаат сини пасоши. Во рамките на земјите од Јужноамериканскиот блок, синиот пасош ја симболизира врската со Меркосур – трговска унија. Ова ги вклучува Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела е исклучок бидејќи исто така припаѓа на унијата, но нејзините жители имаат црвени пасоши. Пасошите на американските граѓани беа променети во сини во 1976 година.

Зелена

Повеќето муслимански земји имаат зелени пасоши, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан. Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните од неколку западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Нигер и Сенегал, исто имаат документи за патување во различни нијанси на зелена. Во нивниот случај, бојата означува дека припаѓаат на Економската заедница на западноафрикански држави.

Црна

Најретките пасоши во светот имаат црна корица. Овие можете да ги забележите помеѓу граѓаните од некои африкански земји, меѓу кои Боцвана, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго, Малави и други. Граѓаните од Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши бидејќи ова е националната боја на нивната земја. Погледнете ја мапата за подобро да ги проучите боите на пасоши кои се карактеристични за сите земји во светот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-chetiri-boi-na-pasoshi-vo-svetot-doznajte-zoshto-nashiot-e-crven-a-shto-pretstavuvaat-drugite-boi/feed/ 0
„Јавно го повикуваме Спасовски да каже на кои светски мафијаши не им дал пасоши, така списокот е многу помал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-go-povikuvame-spasovski-da-kaze-na-koi-svetski-mafijashi-ne-im-dal-pasoshi-taka-spisokot-e-mnogu-pomal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-go-povikuvame-spasovski-da-kaze-na-koi-svetski-mafijashi-ne-im-dal-pasoshi-taka-spisokot-e-mnogu-pomal/#respond Sat, 22 Jan 2022 15:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=622013

Оливер Спасовски очигледно добро знае на кои светски мафијашки и атентаторски имиња МВР со него на чело има издадено пасоши, како и веројатно кои биле на список на чекање за пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Затоа, Оливер Спасовски редно е да соопшти и испрати список на сите имиња на светски мафијаши на коишто им е обезбедено пасош со македонско име, за да не ја доведуваат светската јавност во заблуда. Воедно, во интерес на просторот и времето Спасовски може да објави и список на имиња на светски познати мафијаши и атентатори коишто немаат пасош од МВР, а којшто список веројатно е покус. Срамно е за Македонија истиот министер којшто управувал со МВР додека звучни имиња од светското подземје доаѓале во полициска станица на организирано фотографирање и подготовка на оригинални македонски пасоши со вистински идентитет на македонски граѓани, се уште да е министер додека за секоја акција против организираниот криминал во светот да се посочува на Македонија, пасош од МВР на Спасовски и аферата „Мафија“, стои во партиската реакција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-go-povikuvame-spasovski-da-kaze-na-koi-svetski-mafijashi-ne-im-dal-pasoshi-taka-spisokot-e-mnogu-pomal/feed/ 0
Спасовски апелира граѓаните кои треба да ги менуваат пасоши да го направат тоа сега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-apelira-gragjanite-koi-treba-da-gi-menuvaat-pasoshi-da-go-napravat-toa-sega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-apelira-gragjanite-koi-treba-da-gi-menuvaat-pasoshi-da-go-napravat-toa-sega/#respond Tue, 18 Jan 2022 09:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=620697

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ги проверат своите патни исправи и доколку имаат потреба да ги менуваат тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните турканици. – Во 2021 година се изработени 321.216 лични карти и 346.773 пасоши. За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: 203.442 пасоши и 167.558 лични карти. Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди, напиша Спасовски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-apelira-gragjanite-koi-treba-da-gi-menuvaat-pasoshi-da-go-napravat-toa-sega/feed/ 0