Пастрамајлијада 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 17:17:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пастрамајлијада 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнаа подготовките за штипската „Пастрамајлијада 2023“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-shtipskata-pastramajlijada-2023/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-shtipskata-pastramajlijada-2023/#respond Thu, 21 Sep 2023 17:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=880320

Во тек се последните подготовки за годинешната „Штипска Пастрмалијада“. На сцената, која денеска се поставува кај Градскиот стадион во населбата Осми ноември, ќе настапат познати македонски и балкански имиња, кои ќе ги забавуваат штипјани, но и гостите од околните градови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека градот е подготвен и повика на масовна присутност. -Од денеска се вршат последните подготовки за одржување на познатата манифестација „Пастрмалијада, 2023“. Традицијата продолжува. Овој викенд Штип ќе биде центарот на Македонија. Очекуваме многу гости, добра забава, многу продадени и изедени пастрмалии. За сето ова што го нудиме, ќе се погрижат домашни и балкански ѕвезди коишто ќе настапат во петок и сабота. Оваа прилика ја користам да ги поканам и повикам сите наши сограѓани утревечер и во сабота вечер да се приклучат, да бидат дел од оваа манифестација, но и сите граѓани на Република Македонија коишто, се надевам, ќе го посетат Штип овој викенд и ќе бидат дел од оваа убава забава на која што ќе се промовира нашиот најпознат и највкусен бренд, штипската пастрмалија, рече Јорданов. Гурманскиот специјалитет годинава ќе се продава по цена од 200 денари, со 250 грама тесто и 150 грама месо. Денеска се поставуваат триесетина штандови, на кои се очекуваат десетици илјади гости. -Веќе се утврдени локациите и штандовите. Во комуникација со угостителите, имам информација дека очекуваат штандовите да бидат посетени и онака како што е редот да бидеме добри домаќини со највкусниот и најубавиот бренд, рече Јорданов. Во петок на оваа манифестација ќе настапат Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара. Додека, пак, во сабота Амадеус бенд, Љубојна и хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ. Паркингот во градот во петок и сабота ќе се наплаќа до 15 часот, а потоа ќе биде бесплатен на секоја паркинг-позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-shtipskata-pastramajlijada-2023/feed/ 0