пат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:25:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се пренасочува патот Крива Паланка-Куманово, екипи на Македонија пат работат на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prenasochuva-patot-kriva-palanka-kumanovo-ekipi-na-makedonija-pat-rabotat-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prenasochuva-patot-kriva-palanka-kumanovo-ekipi-na-makedonija-pat-rabotat-na-teren/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=896417

Сообраќајот на магистралниот патен правец А2 , Куманово - Крива Паланка, се пренасочува преку алтернативен пат откако беше затворен за сообраќај пред околу два часа поради големи одрони што ги зафатија двете коловозни ленти кај село Ругиннци, кај месноста викана „Ругинска кривина“. -Екипите на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта „Македонија пат“ се на терен, механизацијата работи интензивно, но прекинот се уште трае, информира раководителот на секцијата на „Македонија пат“, Крива Паланка, Боби Димитровски. Нагласи дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен пат. -Сообраќајот засега, со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП „Македонија пат“ се насочува кон стариот пат Куманово-Крива Паланка, кај Грушино, прецизира Димитровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prenasochuva-patot-kriva-palanka-kumanovo-ekipi-na-makedonija-pat-rabotat-na-teren/feed/ 0
Одрон на регионалниот пат Извор – Иванчишта, сообраќајот во прекин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odron-na-regionalniot-pat-izvor-ivanchishta-soobrakajot-vo-prekin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odron-na-regionalniot-pat-izvor-ivanchishta-soobrakajot-vo-prekin/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896414

Регионалниот пат меѓу кичевските села Извор и Иванчишта е затворен за сообраќај, поради одрон/свлечиште на патот. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин од 12:05 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odron-na-regionalniot-pat-izvor-ivanchishta-soobrakajot-vo-prekin/feed/ 0
Невреме во Дебарско, одрони на патиштата, се препорачува многу внимателно возење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-vo-debarsko-odroni-na-patishtata-se-preporachuva-mnogu-vnimatelno-vozene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-vo-debarsko-odroni-na-patishtata-se-preporachuva-mnogu-vnimatelno-vozene/#respond Fri, 03 Nov 2023 18:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=896252

Доцна попладнево поширокиот дебарски регион беше зафатен со обилни и интензивни врнежи од дожд, грмотевици и град. Улиците во градот се преполни со вода, но, засега нема регистрирана материјална штета. Обилните врнежи од дожд, кои продолжуваат и вечерва, на патните правци, во поширокиот дебарски регион, предизвикаа чести одрони од камен и земја. Од дебарската единица на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта потврдуваат дека сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација. Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патот кон Струга кај месноста „Три чешми“, како и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа. Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар-Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар-Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост-Центар Жупа или над 110 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevreme-vo-debarsko-odroni-na-patishtata-se-preporachuva-mnogu-vnimatelno-vozene/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД: Автомобил удрил во човек, пешакот починал на лице место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-na-patot-kichevo-ohrid-avtomobil-udril-vo-chovek-peshakot-pochinal-na-litse-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-na-patot-kichevo-ohrid-avtomobil-udril-vo-chovek-peshakot-pochinal-na-litse-mesto/#respond Sun, 15 Oct 2023 10:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=889007

На 14.10.2023 околу 19.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Охрид, во нас.Горица, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(36) од с.Другово,. кичевско, удрило во пешакот Р.Д.(61) од с.Могорче, дебарско. Од здобиените повреди, Р.Д. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-na-patot-kichevo-ohrid-avtomobil-udril-vo-chovek-peshakot-pochinal-na-litse-mesto/feed/ 0
Поради минирање денеска кратко ќе биде во прекин сообраќајот на патот Кратово – Ранковце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-minirane-deneska-kratko-ke-bide-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-kratovo-rankovtse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-minirane-deneska-kratko-ke-bide-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-kratovo-rankovtse/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=877852

Поради изведување работи на терен за рехабилитација на железничкиот Коридор 8, за денес е најавено минирање во близина на регионалниот пат кој ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205, поради што во краток период сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин, информираат од фирмата изведувач „Гулермак", подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ. Оттаму посочуваат дека подготовките за минирање ќе почнат во 13 часот, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 16 часот. -Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, се наведува во соопштението од „Гулермак". Работите на терен се извршуваат како дел од реализацијата на проектот „Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка" во рамки на проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8. Инаку, останатиот регионален пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово, Р29281 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива Река. Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Кратово. Објектот во кој ќе се врши минирање е од затворен тип т.е. тунел и се наоѓа во непосредна близина на работничкиот камп пред оштетениот мост кој е забранет за движење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-minirane-deneska-kratko-ke-bide-vo-prekin-soobrakajot-na-patot-kratovo-rankovtse/feed/ 0
Патот околу Мавровско езеро утре од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/#respond Thu, 07 Sep 2023 12:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=875731

Локалниот пат од селото Маврово до селото Леуново утре ќе биде целосно забранет за сообраќај заради одржување на велосипедска трка. Полицијата ќе преземе мерки за обезбедување на настанот ќе го регулира сообраќајот. Од СВР Тетово информираат дека утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе се одржи традиционална велосипедска трка по повод празникот 8 Септември, на која ќе учествуваат неколку категории натпреварувачи. - Во тоа време целосно ќе биде забранет сообраќајот на овој пат, а покрај редари на организаторот, за безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижат повеќе полициски службеници и возила на Секторот за внатрешни работи Тетово кои ќе бидат ангажирани за таа цел и намена, наведуваат од СВР Тетово. Од таму упатуваат апел до учесниците на трката да се придржуваат на знаците и другата опрема поставена од организаторот, а до возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/feed/ 0
Македонците од село Оржаново во областа Голо Брдо со нов пат што ги поврзува со главниот пат за Острени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/#respond Wed, 06 Sep 2023 13:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=875254

Општина Булќиза започна со градежни активности на патот што го поврзува селото Оржаново, област Голо Брдо, со главниот пат за Острени, седиште на истоимената административна единица. -На патот кој до сега беше макадам, се врши проширување, ќе бидат поставени подлоги и слоеви чакал, а ќе бидат изградени и странични канали. Во втората фаза ќе биде и асфалтиран, објави Фестиме Мјештри, градоначалничка на општина Булќиза. Жителите искажуваат благодарност што конечно се решава овој голем проблем, зашто, како што велат, и во 21 век се движат по макадамски патишта. Претходно со инвестиција на локалната власт беше подобрена состојбата на патот до селото Лешничани, а Македонците од селото Клење самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што ги поврзува со село Стеблево. Исто така, градоначалничката Мјештри, објави дека пред новата учебна година, која треба да почне од средината на месецот реализирани се неопходни зафати во училишниот објект во село Мало Острени, со цел учениците да имаат што подобри услови за нормално одвивање на воспитно образовниот процес. Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци и се вбројува во најнеразвиените области во Албанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedontsite-od-selo-orzhanovo-vo-oblasta-golo-brdo-so-nov-pat-shto-gi-povrzuva-so-glavniot-pat-za-ostreni/feed/ 0
Со наноси од земја и кал, непрооден е патот од село Степанци Општина Чашка кон Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-nanosi-od-zemja-i-kal-neprooden-e-patot-od-selo-stepantsi-opshtina-chashka-kon-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-nanosi-od-zemja-i-kal-neprooden-e-patot-od-selo-stepantsi-opshtina-chashka-kon-prilep/#respond Mon, 04 Sep 2023 19:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=874520

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ информираат дека регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. - Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента, информираа од АМСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-nanosi-od-zemja-i-kal-neprooden-e-patot-od-selo-stepantsi-opshtina-chashka-kon-prilep/feed/ 0
Поради асфалтирање затворен за сообраќај патот Велес – Градско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-asfaltirane-zatvoren-za-soobrakaj-patot-veles-gradsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-asfaltirane-zatvoren-za-soobrakaj-patot-veles-gradsko/#respond Mon, 19 Jun 2023 05:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=847221

Од денеска до 23-ти овој месец, во периодот од 08:00 до18:00 часот, поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес - Градско, во населеното место Градско, информираат утрово од АМСМ. Непрооден е и регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп, бидејќи има наноси од земја и кал поради дождот. Од настанатите поплави на 14 јуни во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента. -Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон село Варовиште и село Градец. Исто така во село Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-asfaltirane-zatvoren-za-soobrakaj-patot-veles-gradsko/feed/ 0
АМСМ: Непрооден е регионалниот пат од село Извор кон Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-neprooden-e-regionalniot-pat-od-selo-izvor-kon-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-neprooden-e-regionalniot-pat-od-selo-izvor-kon-prilep/#respond Sun, 18 Jun 2023 17:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=847134

Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп е непрооден. Како што информира АМСМ, делот од патот од село  Степанци, општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот е непрооден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amsm-neprooden-e-regionalniot-pat-od-selo-izvor-kon-prilep/feed/ 0