патарина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 13:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патарина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со иста електронска картичка ќе се плаќаат патарините во Македонија и Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ista-elektronska-kartichka-ke-se-plakaat-patarinite-vo-makedonija-i-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ista-elektronska-kartichka-ke-se-plakaat-patarinite-vo-makedonija-i-srbija/#respond Fri, 31 Mar 2023 13:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=818519

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, денеска со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан. Со меморандумот, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји. Ова создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците. Бочварски, се вели во соопштението, оствари и работна средба со неговиот колега, министерот Весиќ, на која разговараа за интензивирање на соработката во делот на инфраструктурата помеѓу двете држави. Во фокусот на разговорот бил и проектот за изградба на железничка станица во Табановце, со која би се подигнале капацитетите на железничкиот систем, би се интензивирало и зајакнало регионалното поврзување, како и отворање на можноста за либерализација на патниот транспорт. Двете страни, се вели во соопштението, се согласиле дека процесот Отворен Балкан дава многу можности и дека ваквите средби и разговори носат значајни бенефити и се од исклучително значење за граѓаните на двете земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-ista-elektronska-kartichka-ke-se-plakaat-patarinite-vo-makedonija-i-srbija/feed/ 0
Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра- „најпрофитабилна“ е Романовце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-lani-sobrani-53-2-milioni-evra-najprofitabilna-e-romanovtse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-lani-sobrani-53-2-milioni-evra-najprofitabilna-e-romanovtse/#respond Sun, 26 Mar 2023 09:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=816493

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333 денари, односно 72.861.770 денари. „Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, остварениот промет изнесува 400.174.788,00 денари. Од наплатата на патарината на Миладиновци се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино 244.476.653 денари, Гевгелија 236.866.875 денари, Петровец 205.967.358 денари, Тетово 201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија 172.813.622 денари и Гостивар 164.536.337 денари. При споредбите на прометот на наплатните станици, треба да се земе предвид и цената на патарините по категории, како и дека Сопот и Отовица се единствени кои имаат наплатни кабини само во еден правец, а дека Преод и Кадрифаково се отворени во јули лани. Електронската наплата надминува 30 проценти Прометит остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува 333.106.598 денари. Од почетокот на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување. Конзорциумот „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избран за најповолен понудувач на тендерот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за спроведување на проектот за изградба и инсталација на електро За периодот 2019 до сега, продадени се вкупно 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди или вкупно 162.003 електронски уреди. За посочениот период, направени се вкупно 851.272 поединечни надополнувања на електронски уреди. Од ЈПДП велат дека учеството на електронската наплата е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30 проценти од вкупната наплата, во делот на наплатните каде функционира електронската наплата. Најчест начин на плаќање патарина е се уште во готовина со нешто над 55 проценти од плаќањата, електронската наплата учествува со околу над 30 проценти, а на безготовинско плаќање со користење на платежни картички отпаѓа околу 15 проценти од плаќањето. Во јули 2019 година на патарините на делот од Коридор 10 што минува низ државава е воведен електронски систем за наплата, а во тек е модернизација со поставување таков систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8. Изведувач на работите е „ЈВ Аселсан-Жикол“ конзорциум. Вредноста на договорот изнесува 12.489.356 евра. Во тек е постапка за техничко и финансиско усогласување за спроведување интероперабилност во електронска наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан, откако на самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во Србија, Северна Македонија и Албанија. Европскиот парламент им препорача на повисоките тела на Европска Унија да бидат резервирани кон иницијативата Отворен Балкан, што ја покренаа политичките лидери на Србија, Албанија и Северна Со тој систем возачите патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред. Новиот начин на плаќање патарина треба да го растовари протокот на возила на наплатните рампи. Според најавите од надлежните институции, до зачленувањето во ЕУ на државава треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-lani-sobrani-53-2-milioni-evra-najprofitabilna-e-romanovtse/feed/ 0
СПРЕМЕТЕ СИ ПОВЕЌЕ ПАРИ – поскапуваат патарините во Србија! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spremete-si-poveke-pari-poskapuvaat-patarinite-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spremete-si-poveke-pari-poskapuvaat-patarinite-vo-srbija/#respond Fri, 24 Mar 2023 10:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=815899

Вчера во српската влада падна за поскапување на патарината за 14 проценти. Поскапувањето за возачите на патнички автомобили, во зависност од делницата, ќе се движи најмногу до 200 динари, а на најфреквентните делници во просек ќе изнесува 50 динари. Според извештаите, патарината ќе се зголеми за 14 отсто за оние кои нема да платат такса за користење на автопатот преку електронскиот уред за наплата на ЕНП, додека возачите кои го користат тој уред ќе имаат зголемување од 8 отсто. Имајќи ги предвид актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе се искачи до околу 200 динари. Ќе поскапи од 60 до 100 динари кај најфреквентните. Нови цени за најфреквентните делници: Белград - Чачак 535 динари Белград - Ниш 1.014 Белград - Нови Сад 273 Белградска Суботица 730 Новиот ценовник ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spremete-si-poveke-pari-poskapuvaat-patarinite-vo-srbija/feed/ 0
ФОТО: Камион се заби во патарина пред Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kamion-se-zabi-vo-patarina-pred-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kamion-se-zabi-vo-patarina-pred-kumanovo/#respond Tue, 10 Jan 2023 21:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=785725

Камион се заби во наплатната станица „Романовце“ пред Куманово, објави порталот Скопје1. Во моментов нејасно е како дошло до несреќата, ниту пак кои се причините. Во правецот моментално работи само една лента, бидејќи се уште камионот е заглавен. Извор: skopje1.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-kamion-se-zabi-vo-patarina-pred-kumanovo/feed/ 0
Патарината во Србија од 1 јануари се зголемува за девет отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patarinata-vo-srbija-od-1-januari-se-zgolemuva-za-devet-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patarinata-vo-srbija-od-1-januari-se-zgolemuva-za-devet-otsto/#respond Tue, 29 Nov 2022 13:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=768270

Патарината во Србија од 1 јануари ќе се зголеми за девет отсто, најави в.д. директорот на јавното претпријатие „Патишта Србија“ Зоран Дробњак, јави дописникот на МИА од Белград. Дробњак за весникот „Курир“ изјави дека Владата на Србија го одобрила зголемувањето на патарините. – Ако цената на патарината за првата категорија возила на делницата Белград – Прешево е 1.490 динари (12,6 евра), сега по поскапувањето ќе биде 1.624 динари (13,8 евра), изјави Дробњак. Цената на делницата Белград – Димитровград сега е 1.310 динари, а доколку се зголеми цената ќе биде 1.427 динари, пишува „Курир“. За делницата од патот Белград – Шид, патарината е 420 динари, а ќе биде 457 динари. За делницата Белград – Суботица патарината сега е 640 динари, а по поскапувањето ќе биде 697 динари. Патарината за делницата Белград-Ниш е 890 динари, а од 1 јануари возачите ќе ги чини 970 динари. Со измената на Одлуката за висината на патарините, изменети се и попустите за електронска наплата (ЕНП), каде за уплати од 20.000 до 50.000 динари попустот ќе биде четири отсто, за уплати од 50.000 до 100.000 шест отсто, и осум отсто за уплати над 100.000 динари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patarinata-vo-srbija-od-1-januari-se-zgolemuva-za-devet-otsto/feed/ 0
Од патарини наплатени 581.137.560 денари во првиот квартал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-naplateni-581-137-560-denari-vo-prviot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-naplateni-581-137-560-denari-vo-prviot-kvartal/#respond Sun, 31 Jul 2022 10:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=712212

Приходите од наплата на патарина на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првиот квартал годинава изнесуваат 581.137.560 денари, односно 16,37 проценти од вкупно планираниот приход во тој основ за 2022 година. Во споредба со истиот период лани приходот од патарини е поголем за 6,81 процент, односно за 37.070.841 денар, покажува Извештајот за финансиското работење на ЈПДП за првиот квартал годинава. Од делот од акцизата од нафтени деривати приходите на ЈПДП во првиот квартал годинава изнесуваат 992.499.126 денари, односно 21,34 проценти од планираните за годинава.Приходот по тој основ во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани се зголемени за 50,54 проценти, односно за 333.191.925 денари. Според извештајот на ЈПДП, приходите од надоместот за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) што се наплаќа при регистрација на возила изнесуваат 406.271.881 денар, или над 19 проценти од планираните средства за годинава. Во периодот јануари-март годинава во споредба со истиот период лани ЈПДП има оставрено повеќе приходи за 386.856.456 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-patarini-naplateni-581-137-560-denari-vo-prviot-kvartal/feed/ 0
Од денеска почнуваат со работа наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-so-rabota-naplatnite-rampi-na-avtopatot-miladinovci-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-so-rabota-naplatnite-rampi-na-avtopatot-miladinovci-shtip/#respond Mon, 18 Jul 2022 05:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=706712

Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина. Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката. Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-pochnuvaat-so-rabota-naplatnite-rampi-na-avtopatot-miladinovci-shtip/feed/ 0
Пролонгирано пуштањето во употреба на патарината Кадрифаково, еве колкава е штетата откако утринава влета камион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prolongirano-pushtanjeto-vo-upotreba-na-patarinata-kadrifakovo-eve-kolkava-e-shtetata-otkako-utrinava-vleta-kamion/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prolongirano-pushtanjeto-vo-upotreba-na-patarinata-kadrifakovo-eve-kolkava-e-shtetata-otkako-utrinava-vleta-kamion/#respond Fri, 04 Mar 2022 12:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=640901

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната несреќа што се случи изутрината откако во патарината удри и се преврте камион. Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, информираат за МИА од ЈПДП, стручни екипи на изведувачот вршат проценка на предизвиканата штета, а засега не може да се предвиди за колку време ќе биде пролонгирано нејзиното пуштање во употреба предвидено претходно за почетокот на април годинава. – Во незгодата во целост е оштетена една наплатна кабина и има делумно оштетување на две соседни кабини. Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери.Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информира ЈПДП. Засега не можат да предвидат за колку време ќе се пролонгира пуштањето во употреба на патарината, која беше во завршна фаза на изведување и требаше да биде пуштена во април. – Изградбата на Наплатна станица Кадрифаково беше во завршна фаза на изведување и требаше да се пушти во употреба во април. Со причинетата штета ќе се направи непланирано одложување на пуштањето во употреба од причина што целосно оштетените делови ќе мора да се заменат со нови. За колкав временски период ќе се пролонгира отворањето на наплатната станица во овој момент не можеме со сигурност да предвивиме се додека не добиеме целосна информација за предизвиканата штета, наведуваат од ЈПДП. Оттаму апелираат до учесниците во сообраќајот да се придржуваат до посебниот режим на сообраќај на патниот правец Миладиновци-Штип воведен поради градежните работи, да ги почитуваат знаците со предупредување, поставените пластични бариери за пренасочување на сообраќајот, како и поставените сообраќајни знаци со ограничување на дозволена брзина на движење од 20 километри на час. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, претходно информираше дека возачот не е повреден, како и дека нивна екипа ќе изврши увид. На автопатот Миладиновци-Штип во тек е изградба се две нови патарини, покрај Кадрифаково и таа кај Преод, а требаше да бидат готови до крајот на месецов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prolongirano-pushtanjeto-vo-upotreba-na-patarinata-kadrifakovo-eve-kolkava-e-shtetata-otkako-utrinava-vleta-kamion/feed/ 0
ФОТО: Камион влета во патарина на автопатот Миладиновци – Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-kamion-vleta-vo-patarina-na-avtopatot-miladinovci-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-kamion-vleta-vo-patarina-na-avtopatot-miladinovci-shtip/#respond Fri, 04 Mar 2022 09:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=640742

Утрово на автопатот Миладиновци - Штип камион кој превезувал брашно влетал во кабината за наплата на новата патарина пред Штип. За сега нема информации за повредени во сообраќајката како и за состојбата на возачот на камионот. Инцидентот во МВР е пријавен околу 10 часот. Според првичните информации на МВР повредени нема, а причинета е само материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-kamion-vleta-vo-patarina-na-avtopatot-miladinovci-shtip/feed/ 0
Во Словенија отсега патарина се плаќа само со е-вињетки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-otsega-patarina-se-plakja-samo-so-e-vinjetki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-otsega-patarina-se-plakja-samo-so-e-vinjetki/#respond Wed, 02 Feb 2022 11:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=625906

Во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина. Од 1 февруари во Словенија важат само е-вињетки, што значи дека за плаќање патарина сега треба да се посети интернет страницата dars.si и таму да се купи неделна, месечна или годишна виетка. Купувањето се одвива во неколку чекори, а во прашалникот треба да се внесат бројот и земјата на регистарските ознаки и адресата за е-пошта, на која ќе биде испратена потврдата за плаќање. Купената вињетка е поврзана со регистрацијата на возилото и не може да се пренесе. Секоја хартиена вињетка купена пред 1 февруари важи до истекот на рокот. Цената на вињетката не е променета – годишната чини 110 евра, месечната 30 евра, а неделата 15. Новина е што годишната е-вињетка сега важи една година од датумот на купување, а не, како досега, до крајот на календарската година во која е купена. Во Словенија може да се вози со е-вињета на сите автопати и обиколници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-otsega-patarina-se-plakja-samo-so-e-vinjetki/feed/ 0