патки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Apr 2022 14:04:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Птичјиот грип се шири во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/#respond Sun, 03 Apr 2022 14:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=657774

Франција е меѓу 34-те европски земји погодени годинава од птичји грип, јави дописникот на МИА од Париз. „Високо патогената епизоотија од птичји грип сега е идентификувана во Дордоња. Три силни сомневања беа потврдени во Дордоња на 1. и 2 април со позитивни анализи за вирусите IA-H5 и IA-H7“, соопшти префектурата. Овој департман досега беше заштитен од тешката епизоотија на птичји грип што ја зафати Франција. Засегнати се две фарми во градот Вал де Лујре ет Кодо, едната од 19.000 патки имала клинички знаци, а другата од 22.000 патки на возраст од 21 ден. Третиот случај е откриен во Сен Жениес, северно од Сарлат, во фарма со 670 гуски и 350 гувчиња. „На овие три локации се поставени превентивни кланици“, наведува префектурата. Четвртата фарма, исто така лоцирана во градот Вал де Лујре ет Кодо, беше предмет на превентивна депопулација откако таму беше забележана „многу висока смртност“ на нејзината месна живина. Епизоотијата на птичји грип 2021-2022 година е најтешката што ја зафати Франција, со повеќе од 1.100 заразени фарми и повеќе од десет милиони заклана живина, што претставува рекорд. Западниот дел на Франција, а особено департманот Ванде (500 жаришта од 31 март), е особено погоден. Овој вирус ги погодува исклучиво птиците. Циркулира во дивата фауна и се манифестира за време на миграциите. Вкупно 34 европски земји се погодени годинава. Северна Италија беше особено погодена, со 18 милиони живина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-francija/feed/ 0
ВИДЕО: Кина испраќа 100.000 патки во борбата против скакулците во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kina-isprakja-100-000-patki-vo-borbata-protiv-skakulcite-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kina-isprakja-100-000-patki-vo-borbata-protiv-skakulcite-vo-pakistan/#respond Thu, 27 Feb 2020 13:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=309548

Кина се подготвува да испрати 100.000 патки во соседен Пакистан за да помогне во справувањето со ројот скакулци кои ги јадат земјоделските култури, јави Би Би Си. Кинеските експерти за земјоделство велат дека една патка може да изеде повеќе од 200 скакулци на ден и да биде поефикасна од пестицидите. Пакистан прогласи вонредна состојба претходно овој месец велејќи дека бројот на скакулци бил најголем во последните две децении. Милиони инсекти, исто така, уништуваат култури во делови од Источна Африка. Кинеската Влада неделава објави дека испраќа тим на експерти на Пакистан со цел да развијат „насочени програми“ против наездата на скакулци. Лу Лижи, истражувач во академијата за земјоделски науки во Жеџианг, ги опиша патките како „биолошко оружје“. Тој рече дека додека кокошките можат да изедат околу 70 скакулци во еден ден, патка може да проголта трипати повеќе од тој број. Тој дополни дека патките остануваат во група, поради што е полесно со нив да се управува отколку со кокошките. Тестот со патките ќе се спроведе прво во кинеската провинција Синџијанг во следните месеци, по што ќе бидат испратени во најпогодените од скакулци провинции во Пакистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kina-isprakja-100-000-patki-vo-borbata-protiv-skakulcite-vo-pakistan/feed/ 0
Сом ги изел сите риби во езерото, па сега ги јаде и патките https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/som-gi-izel-site-ribi-vo-ezeroto-pa-sega-gi-jade-i-patkite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/som-gi-izel-site-ribi-vo-ezeroto-pa-sega-gi-jade-i-patkite/#respond Tue, 17 Jul 2018 09:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=77679

Германскиот град Офенбах бара начин да се ослободи од огромен сом за кој се верува сега јаде патки откако ги изел сите риби во градското езеро. Сомот е долг околу метро и пол и прв пат е виден пред околу една година. Агенцијата ДПА пренесува дека градските власти соопштиле оти пронашле професионален рибар кој треба да ја фати рибата, но оти договорот се уште не е склучен. Градот планира несаканиот гостин да го фати жив и да го пушти во некое приватно езеро, но пред тоа ќе мора да се осигура оти сомот нема да побегне и дека новиот дом ќе одговара за неговите потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/som-gi-izel-site-ribi-vo-ezeroto-pa-sega-gi-jade-i-patkite/feed/ 0