патни исправи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 12:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патни исправи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Родос и Санторини уапсени 27 лица со фалсификувани патни исправи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=719331

Со фалсификувани патни исправи, во два одвоени случаи, 27 лица, странски државјани, се обиделе од аеродромите на грчкиот острови Санторини и Родос да стигнат во Италија и Германија, но биле уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на проверките за спречување илегален излез и справување со трговијата со мигранти, од 13 до 15 август 2022 година на регионалните аеродроми во јужниот дел на Егејско Море беа уапсени вкупно 27 странски државјани, обвинети за поседување и користење фалсификувани патни исправи. Мнозинството од уапсените, односно 22 лица биле откриени на аеродромот на Санторини, а останатите пет уапсени лица на аеродромот на Родос. Целта на уапсените била со фалсификуваните документи авионски да стигнат во Италија и Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-rodos-i-santorini-uapseni-27-lica-so-falsifikuvani-patni-ispravi/feed/ 0
Продолжен рокот на пасошите и возачките дозволи до 31 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-na-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-do-31-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-na-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-do-31-juli/#respond Fri, 15 May 2020 08:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=346113

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. -Имено, на 51-вата седница на Владата, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година. Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-rokot-na-pasoshite-i-vozachkite-dozvoli-do-31-juli/feed/ 0
Чулев: 5.000 обрасци за пасоши ќе пристигнат денес, МВР ќе постапи по барањата на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-5-000-obrasci-za-pasoshi-kje-pristignat-denes-mvr-kje-postapi-po-baranjata-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-5-000-obrasci-za-pasoshi-kje-pristignat-denes-mvr-kje-postapi-po-baranjata-na-gragjanite/#respond Thu, 19 Mar 2020 12:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=318908

5.000 обрасци за патни исправи ќе пристигнат во текот на денешниот ден, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција. -Без оглед на ситуацијата МВР ќе постапи по барањата на граѓаните. До 24 март ќе биде извршена набавката на преостанатите 140.000 обрасци, истакна Чулев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-5-000-obrasci-za-pasoshi-kje-pristignat-denes-mvr-kje-postapi-po-baranjata-na-gragjanite/feed/ 0
Чулев од Битола: Има најави дека од 7 до 10 дена ќе пристигне пратка со патни исправи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-od-bitola-ima-najavi-deka-od-7-do-10-dena-kje-pristigne-pratka-so-patni-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-od-bitola-ima-najavi-deka-od-7-do-10-dena-kje-pristigne-pratka-so-patni-ispravi/#respond Thu, 27 Feb 2020 16:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=309643

На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични. -Дадов насоки за преземање поинтензивни активности на терен, а со цел превенција и спречување на овој вид кривични дела, изјави министерот Чулев. На средбата во СВР Битола се разговарало и за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола. Посебен акцент, нагласи Чулев, бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес. Министерот Чулев информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи. -Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави Чулев. Во однос на корона-вирусот, на прес – конференцијата во Битола беше информирано дека МВР има преземено активности и во тие рамки  граничната полиција дели печатен материјал со информации поврзани со мерките кои се преземаат за заштита од корона-вирус, а на вработените им се дадени заштитни маски и ракавици. -Ќе спроведеме итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветни заштитени. Инаку во овој момент МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект во Скопје и 4 објекти во Струмица каде согласно насоките од Министерството за здравство, лицата кои живеат во тие објекти се во карантин, потврди Чулев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-od-bitola-ima-najavi-deka-od-7-do-10-dena-kje-pristigne-pratka-so-patni-ispravi/feed/ 0
Нема нови закажувања за пасоши до надминување на проблемот, Чулев врши истрага во МВР за лоцирање на одговорноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/#respond Tue, 18 Feb 2020 10:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=305408

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи. Ова денес го истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцираше дека се врши истрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој проблем. -Проблемот со личните документи, лични карти и возачки дозволи е надминат. Но патните исправи проблемот останува и истиот е резултат на лошо планирање, пропусти и доцни нарачки. На 6.12.2019 Оливер Спасовски бил информиран дека залихите на обрасци се при крај и остануваат уште 88.000 обрасци за патни исправи. По моето доаѓање, еден месец подоцна, на 8.1.2020 година, добив информација се остануваат уште 27.580 обрасци за пасоши. Ова се е резултат на нестручно работење и во МВР се врши контрола за да се лоцира одговорноста, нагласи Чулев. Тој посочи дека до овој момент поднесени се 16.500 барања на патни исправи по редовна постапка, а МВР на располагање има уште 3.600 обрасци. Барањата поднесени по итна постапка кои се околу 650 ќе бидат процесирани. Чулев нагласи дека до надминување на овој проблем нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка. Министерот истакна и дека на денешната владина седница повторно ќе се отвори ова прашање со цел што поскоро надминување на проблемот. НАСКОРО ПООПШИРНО...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/feed/ 0
Чулев: Спасовски го креираше проблемот со личните документи, а актуелното раководство на МВР презема надчовечки напори за негово надминување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-go-kreirashe-problemot-so-lichnite-dokumenti-a-aktuelnoto-rakovodstvo-na-mvr-prezema-nadchovechki-napori-za-negovo-nadminuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-go-kreirashe-problemot-so-lichnite-dokumenti-a-aktuelnoto-rakovodstvo-na-mvr-prezema-nadchovechki-napori-za-negovo-nadminuvanje/#respond Thu, 13 Feb 2020 12:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=303446

Околу 4.900 обрасци за пасоши има останато во моментов, а 14.900 граѓани чекаат да им биде издаден пасош. Новата пратка на обрасци за патни исправи од економскот оператор Веридос треба да стигне на 24 март, а како што информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се вложуваат натчовечки напори за забрзување на процесот и постои можност тие евентуално да стигнат десетина порано од тој термин. Чулев денеска по посетата на Секторот за внатрешни работи Скопје, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши уште проблемот со пасошите. Тој рече дека проблемот со издавање лично документи го наследил од неговиот претходник, сегашниот технички премиер Оливер Спасовски. -Јас и мојот тим сме во постојана комуникација со екомонскиот оператор Веридос од Германија. Успеавме да го надминеме хаосот што го создаде тогашниот министер за внатрешни, а сегашен технички премиер Оливер Спасовски, со цел да предизвика неспокој кај граѓаните и да предизвика одложување на парламентарните избори, додаде тој и рече дека останува уште надминување на проблемот со патните, кои според него не биле навремено нарачни од претходното раководство. Тој рече дека денеска ќе ја информира и Владата за проблемот со патните исправи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-go-kreirashe-problemot-so-lichnite-dokumenti-a-aktuelnoto-rakovodstvo-na-mvr-prezema-nadchovechki-napori-za-negovo-nadminuvanje/feed/ 0
Чулев: Алармантна е ситуацијата со патните исправи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-alarmantna-e-situacijata-so-patnite-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-alarmantna-e-situacijata-so-patnite-ispravi/#respond Wed, 05 Feb 2020 11:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=299591

Проблемот со личните карти засега се менаџира на задоволително ниво. Има одреден застој, но во однос на личните карти и возачките дозволи мислам дека проблемот ќе го надминеме овие денови. Меѓутоа, алармантна е ситуацијата во областа на патните исправи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. – Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е на лошо и планирање и анализа на потребите на МВР од патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси од 30 дена, рече Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период. Посочи дека се во преговори сме со германската фирма „Веридос“, која е добавувач на обрасците за лични документи. – Во текот на оваа недела ќе сондирам точно колку е алармантен проблемот, меѓутоа веќе е алармантен и на почекот на идната недела ќе имам посебна изјава или прес токму на оваа тема – патни исправи, најави министерот за внатрешни работи Чулев]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-alarmantna-e-situacijata-so-patnite-ispravi/feed/ 0
Кои се најмоќните пасоши во светот и каде е Македонија на листата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-najmokjnite-pasoshi-vo-svetot-i-kade-e-makedonija-na-listata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-najmokjnite-pasoshi-vo-svetot-i-kade-e-makedonija-na-listata/#respond Tue, 23 Jul 2019 08:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=221470

Во најновата „Хенли енд партнерс“ листа на најмоќни пасоши, што се смета за најмеродавна на светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, а Македонија се наоѓа на 46 место. Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза можат да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја можат без препреки да патуваат во 123 држави. Од земјите во регионот најдобро котира Словенија која се наоѓа на 10 место и чиишто граѓани можат да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20 место со 167 земји, , пренесе новинската агенција „Танјуг“. Србија се наоѓа на 41 место, а српските граѓани можат да патуваат во 131 земја без виза. Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51 место (116) и Албанија на 52 место, каде без виза може да се патува во 113 земји. Меѓу првите места кои ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка. На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и Северна Кореја. Како што се наведува на сајтот, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-najmokjnite-pasoshi-vo-svetot-i-kade-e-makedonija-na-listata/feed/ 0