патнички летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jul 2020 13:22:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патнички летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-indija-se-dogovorija-za-obnova-na-patnichkite-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-indija-se-dogovorija-za-obnova-na-patnichkite-letovi/#respond Sat, 18 Jul 2020 13:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=378117

САД и Индија се договорија за постепено обновување на меѓусебните патнички летови, соопшти синоќа американското Министерство за транспорт. Министерството претходно ги критикуваше властите на Индија за несоодветен пристап кон чартер летовите, но со постигнатиот договор наредбата ќе биде повлечена и авиокомпанијата „Ер Индија“ ќе може да лета меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Претходно, американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ ги обнови летовите до Кина, а беше обновен и авиопревозот Шангај-Сан Франциско. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-indija-se-dogovorija-za-obnova-na-patnichkite-letovi/feed/ 0
Од денеска повторно патнички летови од аеродромите во Скопје и Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/#respond Wed, 01 Jul 2020 05:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=366310

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска се отворени повторно за патнички летови, по паузата од средината на март како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. На двата аеродрома се применуваат нови протоколи според препораките од Комисијата за заразни болести. Првите полетувања од скопскиот аеродром се претпладне за Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а ги реализира Виз Ер, додека првите слетувања се од Истанбул на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс и Пегасус. Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, стартува со летови попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано. Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам. Поради новите протоколи за работа е на патниците им се препорачува да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред времето за полетување, за да имаат доволно време да ги завршат процедурите. Од ТАВ Македонија велат дека според новите мерки за заштита од коронавирусот патниците задолжително треба да почитуваат три правила – постојано да носат заштитна маска, постојано да одржуваат безбедно растојание и високо ниво на лична хигиена. -Од влезот во терминалната зграда, се до качувањето во авионот, нашата цел е целосно да го избегнеме физичкиот контакт меѓу нашите вработени и патниците. Во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Сите овие процеси ќе се одвиваат без физички контакт со вработените, односно патниците ќе им ги покажат билетот на нашите агенти преку транспарентна преграда и лично треба да го регистрираат својот пасош на фиксираниот читач на шалтерите, рече во интервју за МИА Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија. Според протоколите, забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминувањa (Departures), пристигнувањa (Arrivals) и излез (Gates) и затоа на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-povtorno-patnichki-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid/feed/ 0
Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен од утре на полноќ за патнички летови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-aerodrom-skopje-kje-bide-zatvoren-od-utre-na-polnokj-za-patnichki-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-aerodrom-skopje-kje-bide-zatvoren-od-utre-na-polnokj-za-patnichki-letovi/#respond Tue, 17 Mar 2020 13:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=317793

Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен утре од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата од синоќешната седница за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, соопшти денеска концесионерот ТАВ Македонија. Оттаму  ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави  во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки. – Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе нема патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови. До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk/ , но со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува многу брзо, стои во соопштението. Како што наведуваат, граѓаните треба да ги следат последните објави за нивните летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактираат нивните оддели за клиенти. За сите евентуални натамошни промени во работењето на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, кој беше затворен во неделата, на 15-ти март, исто така врз основа на Одлука на Владата, ќе ги информираме патниците и јавноста, согласно информациите и одлуките на Владата штом ќе ги добиеме преку: медиумите, нашите веб-страници http://skp.airports.com.mk/ и http://ohd.airports.com.mk/, како и нашите страници на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, информира ТАВ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-aerodrom-skopje-kje-bide-zatvoren-od-utre-na-polnokj-za-patnichki-letovi/feed/ 0