патнички сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 13:01:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патнички сообраќај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патничкиот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу опадна за 73 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/#respond Mon, 11 Jan 2021 13:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=453824

Најпрометниот британски аеродром „Хитроу“ забележа пад од 73 отсто во бројот на патници во 2020 година поради ограничувачките мерки воведени за борба против пандемијата на Ковид-19. Според денешното соопштение на овој лондонски аеродром, годишниот обем на товарниот сообраќај исто така падна за 28 проценти, бидејќи намалувањето на бројот на летови на патнички авиони истовремено го намали расположивиот простор за превоз на стока. „Хитроу“ соопшти дека бројот на патници е намален за 83 проценти во декември минатата година, откако многу земји ја „спуштија рампата“ на летовите од и кон Велика Британија поради избувнувањето на нов вид коронавирус, што принуди милиони патници да ги откажат плановите. Како што е наведено, на тој начин, „Хитроу“ заврши една мрачна година, во октомври ја загуби титулата најпрометен аеродром во Европа, препуштајќи ја „круната“ на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnichkiot-soobrakjaj-na-londonskiot-aerodrom-hitrou-opadna-za-73-procenti/feed/ 0
СВР Тетово започна со засилени контроли за почитувањето на заштитните мерки во патничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/#respond Fri, 10 Jul 2020 15:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=373542

Полицијата во полошко започна со засилени контроли кои се однесуваат на почитувањето на мерките за заштита во автобусите и комбињата кои превезуваат патници. Со контроли ќе бидат опфатени и местата на кои се собираат младите, кои според досегашните анализи, еден дел од нив не се придржуваат кон безбедносните протоколи. По објавувањето на зголемениот број на заразени со КОВИД-19 на тетовското и гостиварското подрачје, од СВР Тетово упатуваат апел до граѓаните за доследно почитување на уредбата за носење на заштитни маски во затворен простор, автомобил, автобус и избегнување на собирање во групи со повеќе лица. – Контролите кои се спроведуваат во овој период имаат превентивна улога во заштита од вирусот. Заради порастот на заразени со ковид 19 на подрачјето, ги потсетуваме граѓаните задолжително да се придржуваат кон препораките во соодветната владината уредба за носење на заштитни маски и други средства. На тој начин освен што ќе го заштитат сопственото здравје, ќе ги избегнат и санкциите кои се предвидени за непочитување на мерките, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. Од полицијата, особено апелираат до младите да водат поголема сметка и да не се групираат во угостителските објекти или на отворено, како во паркови и дворови. Јосифоски информира дека изминатиов период во полошко од стапувањето на сила на уредбата, со санкции се соочиле над пет илјади граѓани. Секојдневно се изготвуваат по околу сто платни налози согласно на член 6 од соодветната владина Уредба. Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на СВР Тетово за периодот (9 и 10 јули) за изготвени се прекршочни платни налози за неносење заштитни маски на вкупно 86 лица (ТЕ-50 и ГВ-36). Од полицијата информираат дека во овој период на 83 лица (ТЕ-66 и ГВ-17) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Контроли биле извршени над 703 лица во Тетовско и 142 во Гостиварско и како што наведува Јосифоски не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-zapochna-so-zasileni-kontroli-za-pochituvanjeto-na-zashtitnite-merki-vo-patnichkiot-soobrakjaj/feed/ 0