патнички возови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 06:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патнички возови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Германија пуштени во употреба 14 патнички возови на водород https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/#respond Thu, 25 Aug 2022 06:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=723598

Во германската покраина Долна Саксонија беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги. Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом. Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета. Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена. Според компанијата Алстом, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија, возовите заштедуваат 1,6 милиони литри дизел гориво годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-pushteni-vo-upotreba-14-patnichki-vozovi-na-vodorod/feed/ 0
Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-povtorno-soobrakjaat-prekinat-bojkotot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-povtorno-soobrakjaat-prekinat-bojkotot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/#respond Fri, 11 Mar 2022 13:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=645494

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци. -Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски. Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера. Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци. Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-povtorno-soobrakjaat-prekinat-bojkotot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/feed/ 0
Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-sabota-i-nedela-patnichkite-vozovi-nema-da-soobrakjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-sabota-i-nedela-patnichkite-vozovi-nema-da-soobrakjaat/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=353693

План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење со важност од 04.06.2020 година од 00.00 часот до 07.06.2020 до 24.00 часот Четврток 04.06.2020 година Возови кои нема да сообраќаат: – релација Скопје – Гевгелија – Скопје: 1. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје по возен ред во 16:55 часот. – релација Скопје – Битола – Скопје: 1. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот, 2. воз бр. 644 со поаѓање од Битола по возен ред во 18.27 часот, и 3. воз бр. 645 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20.11 часот. – релација Скопје – Табановци – Скопје: 1. воз бр. 2024 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20:00 часот, и 2. воз бр. 2025 со поаѓање од Табановци по возен ред во 21.22 часот. – релација Скопје – Велес: 1. воз бр. 2083 со поаѓање од Скопје по возен ред во 22.40 часот. Возот бр. 651 на релација Скопје – Кочани со поаѓање од Скопје во 15.24 часот ќе сообраќа само до Велес.   Понеделник 08.06.2020 година Возови кои нема да сообраќаат: – релација Скопје – Гевгелија – Скопје: 1. воз бр. 630 со поаѓање од Гевгелија во 04:23 часот. – релација Скопје – Битола – Скопје: 1. воз бр. 640 со поаѓање од Битола во 03.14 часот. – релација Скопје – Табановци – Скопје: 1. воз бр. 2020 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 03:57 часот, и 2. воз бр. 611 со поаѓање од Табановци во 05.15 часот. – релација Кочани – Скопје: 1. воз бр. 650 со поаѓање од Кочани по возен ред во 05.26 часот. Во понеделник, 08.06.2020, на релација Скопје – Велес, ќе сообраќа ад-хок патнички воз со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 600 од Велес). Во понеделник, 08.06.2020, на релација Велес – Скопје, воз бр. 600 ќе сообраќа со променет возен ред, со задоцнување од +97 мин. и поаѓање од Велес во 06.40 часот. Во понеделник, 08.06.2020, воз бр. 600 на релација Скопје – Табановци и воз бр. 611 на релација Скопје – Гевгелија, ќе сообраќаат по возен ред, од станица Скопје. Возовите на релација Скопје – Кичево – Скопје нема да сообраќаат додека трае забраната за организиран превоз во полошкиот регион. Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-sabota-i-nedela-patnichkite-vozovi-nema-da-soobrakjaat/feed/ 0