патник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 14:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авион на Туркиш ерлајнс принудно слета во Белград – на патник му требала медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-turkish-erlajns-prinudno-sleta-vo-belgrad-na-patnik-mu-trebala-meditsinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-turkish-erlajns-prinudno-sleta-vo-belgrad-na-patnik-mu-trebala-meditsinska-pomosh/#respond Sun, 03 Sep 2023 14:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=874085

Авион на Туркиш ерлајнс на летот Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек, објавија српските медиуми. Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде што чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација. Претходно српските медиуми објавија дека се случува вистинска драма со авионот на Туркиш ерлајнс кој наводно го прелетал Срем и Нови Сад, а потоа се вратил во Белград. Потоа беше објавено дека првото итно слетување не успеало, а по вториот обид успешно слетал на аеродромот Никола Тесла.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-turkish-erlajns-prinudno-sleta-vo-belgrad-na-patnik-mu-trebala-meditsinska-pomosh/feed/ 0
Патник се заканувал и се обидел да нападне контролор на ЈСП „Скопје“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-zakanuval-i-se-obidel-da-napadne-kontrolor-na-jsp-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-zakanuval-i-se-obidel-da-napadne-kontrolor-na-jsp-skopje/#respond Wed, 03 May 2023 15:46:08 +0000 https://kurir.mk/?p=830233

Триесет и осум годишната И.С. од Скопје вчера додека била на своето работно место, контролор во автобус на ЈСП „Скопје“, добила закани од патник. Тој се обидел и да ја нападне со остар предмет. Како што информира МВР, И.С. случајот го пријавила вчера во 15:15 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил во автобусот со број 23 на булевар „Кузман Јосифовски - Питу“. Патникот С.Б. ѝ се заканил и се обидел да ја нападне со остар предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-zakanuval-i-se-obidel-da-napadne-kontrolor-na-jsp-skopje/feed/ 0
Слеп патник од Гватемала преживеал 2,5-часовен лет до Мајами сокриен зад тркалата на авионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slep-patnik-od-gvatemala-preziveal-2-5-chasoven-let-do-majami-sokrien-zad-trkalata-na-avionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slep-patnik-od-gvatemala-preziveal-2-5-chasoven-let-do-majami-sokrien-zad-trkalata-na-avionot/#respond Sun, 28 Nov 2021 11:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=600967

Слеп патник од Гватемала, сокриен во дел од опремата за слетување на авион на компанијата „Американ ерлајнс“, вчера преживеал 2,5 часовен лет до Мајами, каде што бил префрлен кај службениците за имиграција и пренесен во болница на преглед. Американската Агенција за царина и гранична заштита го потврди инцидентот во изјава што првично беше емитувана на телевизиската станица WTVJ и со објавување на видео снимено на меѓународниот аеродром во Мајами, веднаш по слетувањето на авионот. Видеото, што се виде на страница на социјалните мрежи „Only in Dade“ на Инстаграм, прикажува слеп патник кој изгледа зашеметено, но не е повреден, како седи на пистата до авионот – облечен во сини фармерки, маица, јакна и чизми, а е опкружен со персоналот на аеродромот, кој го прашува дали сака вода. „Службениците на американската Агенција за царина и гранична заштита на меѓународниот аеродром во Мајами уапсија 26-годишен маж кој се криеше во делот на опремата за слетување, во авионот што пристигна од Гватемала во саботата наутро“, се наведува во соопштението. Агенцијата додава дека „слепиот патник бил прегледан од персоналот на итната медицинска помош и однесен во болница на лекарски преглед“ „Американ ерлајнс“ издаде соопштение во кое се наведува дека нивниот авион од Гватемала Сити за Мајами пристигнал нешто по 10 часот по локално време и бил прегледан од полицијата за безбедносен проблем. Авио-компанијата не даде повеќе детали, освен што кажа дека помага во истрагата. Мигрантите од Гватемала сочинуваат голем дел од околу 1,7 милиони мигранти кои минатата година беа уапсени или протерани од американските гранични агенти. Многумина од нив бегаат од Централна Америка од насилните банди и тешката сиромаштија. Адвокатот за имиграција, Ангел Леал, за телевизијата WTVJ кажа дека Агенцијата ќе го задржи слепиот патник од Гватемала се додека не добие наредба за присилно напуштање на земјата. Федералната управа за воздухопловство (ФАА) одби да даде коментар за инцидентот на аеродромот во Мајами. Според неа, од 1947 година досега 129 лица се обиделе да се сокријат во делот за тркала или други места на комерцијалните авиони низ светот. Од нив, додава агенцијата, 100 починале од повреди или изложеност на екстремен студ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slep-patnik-od-gvatemala-preziveal-2-5-chasoven-let-do-majami-sokrien-zad-trkalata-na-avionot/feed/ 0
Патник заразен со коронавирус починал во авион на летот од Истанбул до Хамбург – сите мислеле дека спие https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnik-zarazen-so-koronavirus-pochinal-vo-avion-na-letot-od-istanbul-do-hamburg-site-mislele-deka-spie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnik-zarazen-so-koronavirus-pochinal-vo-avion-na-letot-od-istanbul-do-hamburg-site-mislele-deka-spie/#respond Tue, 02 Nov 2021 09:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=589574

Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето открил дека еден од патниците починал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со коронавирус. Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на негово место, па екипажот, според весникот „Велт“, дури тогаш забележал дека тој починал. Настанот се случил на 25 октомври, пренесуваат агенциите. Станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авион во Истанбул, и го зазел неговото место во авионот. Според медиумите, тој имал неколку различни болести, но бил заразен и со коронавирус. Во текот на летот никој не ја забележал неговата смрт. Патуваше сам и седна на место покрај прозорецот. Веројатно ја навалил главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие, соопшти полицијата. Според германските написи, починатиот патник имал акутна инфекција со коронавирус. Поради овој факт, германските власти иницираа следење на контактите на пациентот. Прашање што го анализираат упатените е како патникот заразен со Ковид можел да се качи во авионот. Имено, во моментот, за патување од ризични земји, вклучително и Турција, за влез во Германија, лицето морало да поседува потврда за вакцинација, потврда за Ковид-19 или негативен тест. Тој бил заразен и можел да се качи во авионот со потврда за вакцинација, бидејќи на повеќето аеродроми немало планирано мерење на температура, што би можела да ја открие неговата инфекција, велат експертите. FacebookTwitterCopy Link]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patnik-zarazen-so-koronavirus-pochinal-vo-avion-na-letot-od-istanbul-do-hamburg-site-mislele-deka-spie/feed/ 0
ВИДЕО: Патник истепал кондуктерка затоа што му барала да стави маска – Инцидент во автобус во Русија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-patnik-istepal-kondukterka-zatoa-shto-mu-barala-da-stavi-maska-incident-vo-avtobus-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-patnik-istepal-kondukterka-zatoa-shto-mu-barala-da-stavi-maska-incident-vo-avtobus-vo-rusija/#respond Sat, 24 Oct 2020 19:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=420250

Безбедносните камери поставени во еден автобус во Краснојарската покраина, покажале како патник удрил кондуктерка во глава, бидејќи му рекла дека мора да носи заштитна маска. Мажот влегол во возилото, но немал маска, односно кондуктерката му дала една. Меѓутоа, изгледа дека целиот овој процес не му се допаднал, па пред да се симне на својата станица, ја дрил жената во глава. Таа не му останала должна па тргнала кон него и сакала да му возврати, но тој ја удрил неколку пати со нога. Останатите патници сето тоа го набљудувале. Кондуктерката била испретена во болница, но не се здобила со поголеми повреди. Руската полиција потоа соопштила дека после три дена насилникот бил уапсен и дека му бил одреден притвор од 13 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-patnik-istepal-kondukterka-zatoa-shto-mu-barala-da-stavi-maska-incident-vo-avtobus-vo-rusija/feed/ 0
Дедо паднал во автобус, со тешки повреди пренесен во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-padnal-vo-avtobus-so-teshki-povredi-prenesen-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-padnal-vo-avtobus-so-teshki-povredi-prenesen-vo-bolnica/#respond Thu, 12 Sep 2019 09:13:01 +0000 https://kurir.mk/?p=239779

Скопјанецот Г.Б. (77) пред два дена паднал во автобус и се повредил. Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена вчера, а се случила на 10-ти месецов околу 13:30 часот. -На ул. „101“ во Волково, во приватен автобус со бр.22, Г.Б.(77) од Скопје, кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош, информираат од полицијата. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-padnal-vo-avtobus-so-teshki-povredi-prenesen-vo-bolnica/feed/ 0
Во Скопје вчера санкционирани 48 возачи за пребрзо возење, тешко повреден патник во автобус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-vchera-sankcionirani-48-vozachi-za-prebrzo-vozenje-teshko-povreden-patnik-vo-avtobus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-vchera-sankcionirani-48-vozachi-za-prebrzo-vozenje-teshko-povreden-patnik-vo-avtobus/#respond Tue, 16 Jul 2019 07:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=218885

Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета само материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување,  шест возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не носење заштитен шлем, шест возачи за не користење сигурносен појас и тројца возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила. Затекнати биле 74 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-vchera-sankcionirani-48-vozachi-za-prebrzo-vozenje-teshko-povreden-patnik-vo-avtobus/feed/ 0
Патник нападнал контролор во автобус на ЈСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-napadnal-kontrolor-vo-avtobus-na-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-napadnal-kontrolor-vo-avtobus-na-jsp/#respond Wed, 03 Jul 2019 13:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=215072

На 02.07.2019 година во 17:20 часот во СВР Скопје, Н.И.(38) од с.Грчец, скопско, пријавил дека истиот ден околу 16:00 часот во автобус на ЈСП бр.50 на улица „Благоја Стефковски“ физички бил нападнат од лицето И.Р.. Според пријавеното, додека Н..И. извршувал работни задачи во автобусот - контролирал билети на патниците, бил физички нападнат од И.Р.. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-napadnal-kontrolor-vo-avtobus-na-jsp/feed/ 0
Пијанство од 17.000 фунти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/#respond Fri, 01 Feb 2019 10:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=159038

Патник од Велика Британија бил толку пијан, што пилотот морал да го врати авионот на местото од каде што полетал. Неодговорниот патник сега ќе мора да плати речиси 17.000 фунти за трошоците околу залудно потрошеното гориво. Дејвид Стефан Јанг (44) се опил на лет на компанијата „Вест џет“ од Калгари, Канада, до Лондон, што за негова среќа, се случило кусо по полетувањето. Сепак, пилотот бил принуден да го промени правецот и да го врати леталото назад. Таму, несовесниот Британец бил пречекан од полицијата, по што заработил обвинение за предизвикување вознемиреност меѓу патниците. Јанг се изјаснил виновен и се извини за предизвиканата штета и вознемиреност. Но сепак, ќе мора да плати скоро 29.000 канадски долари (19.000 евра), колку што чини потрошениот 9.071 литри керозин. Покрај тоа, тој доби забрана за влез во Канада на неодредено време.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/feed/ 0
Патник се повредил во автобус на ЈСП, со тешки повреди пренесен во Клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-povredil-vo-avtobus-na-jsp-so-teshki-povredi-prenesen-vo-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-povredil-vo-avtobus-na-jsp-so-teshki-povredi-prenesen-vo-klinichki/#respond Wed, 26 Dec 2018 09:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=145190

И.Т.(84) од Скопје, патник во автобус на ЈСП, се повредил вчера околу 11 часот додека автобусот бил во движење. -Со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/patnik-se-povredil-vo-avtobus-na-jsp-so-teshki-povredi-prenesen-vo-klinichki/feed/ 0