Патриција Ди Џовани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 14:34:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Патриција Ди Џовани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патриција Ди Џовани: Да ги почитуваме правата на децата, да имаат квалитетно и инклузивно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patricija-di-dzovani-da-gi-pochituvame-pravata-na-decata-da-imaat-kvalitetno-i-inkluzivno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patricija-di-dzovani-da-gi-pochituvame-pravata-na-decata-da-imaat-kvalitetno-i-inkluzivno-obrazovanie/#respond Mon, 21 Nov 2022 14:34:30 +0000 https://kurir.mk/?p=764296

Секое дете има право на еднаков пристап до квалитетно образование. Потребно е да ја избегнеме дискриминацијата и да создадеме инклузивен свет за секое дете, рече денеска во своето обраќање претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани по повод Светскиот ден на детето, што се одбележа под мотото „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим“, во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На одбележувањето на Светскиот ден на детето присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ФФМ, Дени Масев. Според Патриција Ди Џовани, оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим. -Пораката што ќе ја испратат нашите фудбалери е потсетник за секој од нас да ги почитува правата на децата, да даваме еднакви можности на сите деца, квалитетно и инклузивно образование, живот во здрава животна средина и добро ментално здравје, рече Патриција Ди Џовани. Освен еднаков пристап до образованието, како што напомена, на секое дете има право и на подеднаква здравствена грижа. Директорот на ФФМ, Дени Масев рече дека без разлика за која држава навиваме на Светското првенство, кога станува збор за правата на децата, сите сме во ист тим. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, заштитено и уважено. Премиерот Ковачевски истакна дека одбележувањето на овој ден е можност да продолжиме да го унапредуваме статусот на децата во нашето општество. -На овој ден се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба да ни е насочен погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство, како и подобра иднина и можности за развој. Овој ден е нашиот потсетник за обврските што како општество ги имаме кон нашите деца, особено оние чија положба е многу чувствителна, порача премиерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patricija-di-dzovani-da-gi-pochituvame-pravata-na-decata-da-imaat-kvalitetno-i-inkluzivno-obrazovanie/feed/ 0
Ди Џовани: Нема научна поткрепа на тврдењата за поврзаност на вакцинирањето и аутизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=666541

Апсолутно нема никаква научна поткрепеност на тврдењата дека вакцинирањето и аутизмот се поврзани. И УНИЦЕФ и другите меѓународни организации потрошија многу пари, средства за да откријат евентуална поврзаност и нема таква поврзаност. Знам дека секој родител ги сака своите деца, но ги замолувам родителите, апелирам да не потпаднат, да не бидат жртви на лажни информации преку социјалните мрежи, истакна денеска претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Има институции во светот, посочи таа, кои вложуваат сериозни здравствени и научни напори за да докажат определен ефект на каква било медицинска работа. – Затоа не бидете плен на лажни информации. Ова се случуваше и за време на пандемијата со КОВИД – 19 истите работи. Родителите не може да знаат се. Затоа постојат овластени научни институции во светот и во државата, ве молам обратете се до нив и послушајте ги нив, додаде Ди Џовани, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во пресрет на Европската недела за имунизација на која беше соопштено дека неопходно е да се зголеми опфатот со МРП вакцината, а беше и најавено дека Министерството за здравство и УНИЦЕФ почнуваат кампања за да се укаже на ефикасноста на редовните вакцини за деца. Министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање рече дека досега не е докажана поврзаноста на вакцинирањето и аутизмот. – Наша обврска е тоа што е научно докажано да го презентираме пред вас. Досегашните наши сознанија и истражувања велат дека вакцините се сигурни и дека треба да се примаат, посочи Сали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/di-dzovani-nema-nauchna-potkrepa-na-tvrdenjata-za-povrzanost-na-vakciniranjeto-i-autizmot/feed/ 0