Патриција Кренвинкел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 07:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Патриција Кренвинкел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Припадничка на култот на озогласениот Менсон може да излезе од затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/#respond Fri, 27 May 2022 07:28:36 +0000 https://kurir.mk/?p=682242

Припадничката на култот на еден од најпознатите американски убијци, Чарлс Менсон, можеби ќе биде условно пуштена на слобода. Советот за условно ослободување во Калифорнија предложи 74-годишната Патриција Кренвинкел да се ослободи, а такво барање претходно беше одбиено 14 пати. Таа моментално се наоѓа во женскиот затвор, источно од Лос Анџелес. Кренвинкел и други членови на култот, тероризираа луѓе во Калифорнија. Таа напиша „Хелтер Скелтер“ на ѕид со крвта на една од нејзините жртви. Кренвинкел е во затвор поради убиства на бремената актерка Шерон Тејт, како и на четири други лица во 1969 година. Таа помогнала во убиствата на трговецот Лено ЛаБјанка и неговата сопруга Роузмери, само еден ден откако е убиена Тејт. Според обвинители, тоа било обид на Менсон да започне расна војна. Препораката за условно ослободување веројатно пред крајот на годината ќе дојде до гувернерот Гавин Њусом, кој претходно одби такви препораки за други членови на култот. Пред пет години препораката за нејзина условна слобода е одбиена и покрај тогашните аргументи, дека во периодот на убиствата, таа имала ПТСН (пост-трауматско стресно растројство) затоа што Менсон ја тепал, психички ја злоставувал и ја присилувал на секс со други мажи за пари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnichka-na-kultot-na-ozoglaseniot-menson-moze-da-izleze-od-zatvor/feed/ 0