патријарх иринеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Dec 2020 20:40:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патријарх иринеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоспитализиран наследникот на починатиот патријарх Иринеј – и тој е заразен со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-naslednikot-na-pochinatiot-patrijarh-irinej-i-toj-e-zarazen-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-naslednikot-na-pochinatiot-patrijarh-irinej-i-toj-e-zarazen-so-koronavirus/#respond Fri, 04 Dec 2020 20:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=438996

Митрополитот Хризостом, кој го наследи српскиот патријарх Иринеј кој почина од коронавирус, е позитивен на Ковид 19, соопшти СПЦ. Тој е сместен на Инфективната клиника во Белград. Хризостом беше именуван за наследник на патријархот до изборот на новиот поглавар на СПЦ. Иринеј почина од Ковид 19 откако претходно ја предвоидеше литургијата на владиката црногорски Амфилохије кој исто така почина од компликации на овој вирус. Митрополитот Хризостом ја предводеше погребната литургија на српскиот патријарх Иринеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-naslednikot-na-pochinatiot-patrijarh-irinej-i-toj-e-zarazen-so-koronavirus/feed/ 0
Во криптата на храмот Свети Сава во Белград погребан српскиот патријарх Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/#respond Sun, 22 Nov 2020 13:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=432840

Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, јави дописникот на МИА од Белград. Погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви, меѓу кои беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион. На погребот беше целиот државен врв на чело со претседателот Александар Вучиќ, членот на претседателството на БиХ Милорад Додик, мандатарот на црногорската влада Здравко Кривокапиќ. -Овој храм тој практично го изгради. Ја обнови културата на сеќавање. Тој не прифаќаше поделба на луѓето и нациите, иако ја признаваше секоја држава кроена на моделите на АВНОЈ. Тој веруваше во растечката сила на српската држава и помалку наивно, во силата да го убеди светот за страдањата на нашиот народ на Косово, изјави во говорот пое опелото претседателот Александар Вучиќ. Пред храмот беа присутни голем број верници кои преку двата видео бима ја следеа Светата литургија и погребот, бидејќи престојот во Храмот беше ограничен поради епидемиолошката состојба. Патријарот Иринеј, кој беше педесет и шести поглавар на Српската православна црква, е првиот патријарх кој е погребан во Храмот Свети Сава, чија изградба и поставувањето на мозаикот беше една од главните карактеристики на неговото раководење со српската црква. Оваа година СПЦ беше речиси целосно обележана со коронавирусот. Иринеј умре од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по служењето литургија на погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој исто почина од последици од Ковид. Денеска почина расчинетиот епископ Артемије, претходно почина ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи. До изборот на новиот поглавар на Српската црква, должностите ќе ги извршува Синодот, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет, „на апостолски начин“, со жрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/feed/ 0
Цела Србија денес гледаше во зелената наметка на стаклениот ковчег на патријархот Иринеј- откриено нејзиното значење https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cela-srbija-denes-gledashe-vo-zelenata-nametka-na-stakleniot-kovcheg-na-patrijarhot-irinej-otkrieno-nejzinoto-znachenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cela-srbija-denes-gledashe-vo-zelenata-nametka-na-stakleniot-kovcheg-na-patrijarhot-irinej-otkrieno-nejzinoto-znachenje/#respond Sat, 21 Nov 2020 21:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=432666

Српскиот патријарх Иринеј, кој почина на 91 година, денес е во стаклен ковчег покриен со луксузна зелена облека, изложен на верниците на цветен претол. Денес цела Србија го гледаше збогувањето со блажениот патријарх кој утре ќе биде погребан во криптата во Храмот Свети Сава како прв патријарх на Српската православна црква што почива на тоа место. Ковчегот со своите земски остатоци беше покриен со зелена облека и сите се прашуваа што значи таа боја. Одежда, како што велат на руски јазик и на старословенски јазик, е свечена облека на православните свештеници во богослужба.Во историски и регионален контекст, истиот збор се користел за церемонијална облека на владетели, витези, кралеви и благородници. Црковните облеки се со одредени бои, од кои секоја има посебно значење. Зелената боја е симбол на надеж за вечно блаженство, стекнато преку заслугите на Исус Христос и дарот на Светиот Дух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cela-srbija-denes-gledashe-vo-zelenata-nametka-na-stakleniot-kovcheg-na-patrijarhot-irinej-otkrieno-nejzinoto-znachenje/feed/ 0
РЕЧИСИ НИКОЈ НЕМА МАСКА: Верниците го бакнуваат ковчегот на патријархот Иринеј (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-nikoj-nema-maska-vernicite-go-baknuvaat-kovchegot-na-patrijarhot-irinej-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-nikoj-nema-maska-vernicite-go-baknuvaat-kovchegot-na-patrijarhot-irinej-video/#respond Sat, 21 Nov 2020 15:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=432594

Светиот архијерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека за време на молитвеното испраќање на патријархот Иринеј, што се одржа во Соборниот храм Свети архангел Михаил и во Спомен-црквата Свети Сава, СПЦ строго ќе се придржува до мерките пропишани од надлежните државни органи. Сепак, фотографиите и снимките на верниците во Соборната црква во Белград, како што пренесува српска Нова, покажуваат дека ретко кој од граѓаните има маска, дека нема растојание меѓу луѓето и дека се бакнуваат крстот и покровот над покојниот патријарх Иринеј. Во Србија вчера беа регистрирани нови 6.254 случаи на коронавирусот во Србија, а починаа 30 лица. Членови на кризниот штаб во Србија веќе неколку дена разговараат дека епидемиолошките мерки треба да се заострат, а здравствените капацитети на болниците во Србија се загрозени, пренесува Нова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rechisi-nikoj-nema-maska-vernicite-go-baknuvaat-kovchegot-na-patrijarhot-irinej-video/feed/ 0
Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/#respond Fri, 20 Nov 2020 11:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=432190

Упокоениот српски патријарх Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава во Белград, јави РТС. Патријархот Иринеј, ако нема поинаку одрдено во својот тестамент, ќе биде првиот патријарх погребан во Храмот. До изборот на новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), наследникот на патријархот Иринеј, неговите должности ќе ги извршува Синодот на СПЦ, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет. Правилата предвидуваат новиот патријарх да се избира на Собор, „на апостолски начин“, со ждрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови. За време на претходниот избор, најмногу гласови доби митрополитот Амфилохије. По повод смртта на патријархот Иринеј, сочувство до Синодот на СПЦ, свештените лица, монаси и верниците на Српската православна црква испратија официјални лица на Србија и регионот, како и политички партии. Во катедралната црква Свети Архангел Михаил во Белград се одржа помен за патријархот Иринеј. Како што јави дописникот на МИА од Белград, медиумите пишувајќи за дејноста на патријархот Иринеј наведуваат да „поради настаните на меѓународно црковно и политичко ниво, СПЦ станала вознемирена – дали украинскиот спор меѓу Вселенскиот патријарх и Московската патријаршија може да се прелее на нејзините делови во Северна Македонија, Црна Гора и пошироко во дијаспората каде што има своја организација.„ -Патријархот Иринеј беше јасен во својот став дека СПЦ смета да Руската црква е во право кога го обвинува патријархот Вартоломеј за „упаѓање на нејзина канонска територија“ во Украина и давање автокефалност на одредени црковни организации надвор од правилата, пишува Н1. Оваа година СПЦ беше скоро целосно обележана со коронавирусот. Неодамна почина митрополитот црногорски и приморски Амфилохије, претходно ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи. Српскиот патријарх Иринеј (90) умре утринава во Белград од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој почина на 30 октомври од последици од ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/feed/ 0
СПЦ објави: Се упокои патријархот Иринеј, наскоро детали за погребот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-objavi-se-upokoi-patrijarhot-irinej-naskoro-detali-za-pogrebot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-objavi-se-upokoi-patrijarhot-irinej-naskoro-detali-za-pogrebot/#respond Fri, 20 Nov 2020 07:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=432015

Во петок, 20 ноември 2020 година, во 7:07 часот во Воената ковид болница Карабурма во Белград се упокои во Господ неговата Светост Архиепископот пеќки, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.Иринеј (Гавриловиќ), стои во објавата на страната на Српската православна црква. Оттаму информираат дека за сите детали поврзани со погребот на патријархот Иринеј јавноста наскоро ќе биде информирана. Патријархот Иринеј беше хоспитализиран на 5 ноември поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари. Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-objavi-se-upokoi-patrijarhot-irinej-naskoro-detali-za-pogrebot/feed/ 0
Вучиќ се огласи по смртта на патријархот Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=431992

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи по смртта на српскиот патријарх Иринеј. -Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат, напиша Вучиќ на социјалните мрежи објавувајќи црно бела фотографија од патријархот на СПЦ.
Патријархот Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма. Тој беше хоспитализиран поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/feed/ 0
Се огласи СПЦ: Патријархот Иринеј не е починат, тоа е лажна вест ! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-spc-patrijarhot-irinej-ne-e-pochinat-toa-e-lazna-vest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-spc-patrijarhot-irinej-ne-e-pochinat-toa-e-lazna-vest/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=431835

Српската православна црква (СПЦ) ги негираше обвинувањата дека српскиот патријарх Иринеј починал како резултат на вирусот корона, како што објавија претходно денес некои медиуми во Србија. Во врска со лажните вести за наводното упокојување на Неговата Светост Српскиот патријарх г. Иринеј, ја известуваме јавноста дека, според официјалниот извештај на советот на лекари кои се грижат за здравјето на Поглаварот на нашата црква, неговата состојба е непроменета од извештајот што го објавивме утрово“, соопшти Српската православна црква.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-oglasi-spc-patrijarhot-irinej-ne-e-pochinat-toa-e-lazna-vest/feed/ 0
Патријархот на Српската православна црква позитивен на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-na-srpskata-pravoslavna-crkva-pozitiven-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-na-srpskata-pravoslavna-crkva-pozitiven-na-koronavirusot/#respond Wed, 04 Nov 2020 20:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=425096

Патријархот на Српската православна црква, Иринеј е позитивен на коронавирус, пренесуваат српските медиуми. 90-годишниот патријарх бил примен во специјалната болница во белградска Карабурма. Да потсетиме, Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије (83) почина на 30 октомври од последиците на ковид-19. Тој беше погребан во криптата на Катедралата Христово воскресение во Подгорица, пред неколку илјади верници и со директен пренос на црногорскиот јавен сервис РТЦГ. Илјадници луѓе се собраа на погребот, а многумина сакаа да го допрат или бакнат мртвиот Амфилохије.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-na-srpskata-pravoslavna-crkva-pozitiven-na-koronavirusot/feed/ 0
Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-irinej-srbite-da-mu-blagodarat-na-boga-za-vuchikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-irinej-srbite-da-mu-blagodarat-na-boga-za-vuchikj/#respond Wed, 10 Jan 2018 08:22:47 +0000 http://kurir.mk/?p=8600

Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ. – Му благодариме на Бога што ни подари човек кој лавовски се бори за српскиот народ, и посебно за маченичкото и страдално Косово и Метохија, изјави патријархот Иринеј. Тој додаде дека се надева и му се моли на Господ да му даде на Вучиќ „сила и моќ да се спротистави на ветровите на нашето време“. Митрополитот на црногорско-приморската епархија на СПЦ -Амфилохије за црногорски медиуми изјави пред два дена дека „...се плаши дека политиката на Александар Вучиќ води кон предавство на Србија и на Косово....“ и дека „Апелот за одбрана на Косово и Метохија“ - чиј потписник е и самиот тој, е напишан „..поради недовербата и комбинациите кои се прават“. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека до недела кога е „Стара Нова година“, нема да ги коментира изјавите на Амфилохије. Српскиот патријарх Иринеј му заблагодари на Бога за тоа што на Република Српска им го дал претседателот Милорад Додик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-irinej-srbite-da-mu-blagodarat-na-boga-za-vuchikj/feed/ 0