патријарх кирил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 10:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патријарх кирил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патријархот Кирил позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-pozitiven-na-kovid-19/#respond Fri, 30 Sep 2022 10:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=739483

Патријархот Московски Кирил, поглавар на Руската православна црква, е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска црковната служба. Црквата објави дека 75-годишниот патријарх Кирил ги откажал сите негови планирани патувања и настани бидејќи има „тешки симптоми“ кои бараат одмор и изолација. Во соопштението се наведува дека неговата состојба е „задоволителна“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Патријарх Кирил за СПЦ и МПЦ-ОА: Долгата поделба конечно е исцелена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarh-kiril-za-spc-i-mpc-oa-dolgata-podelba-konechno-e-iscelena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarh-kiril-za-spc-i-mpc-oa-dolgata-podelba-konechno-e-iscelena/#respond Fri, 27 May 2022 17:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=682664

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“. -Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми. Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarh-kiril-za-spc-i-mpc-oa-dolgata-podelba-konechno-e-iscelena/feed/ 0
Рускиот патријарх се надева на мир, но не ја осудува војната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-patrijarh-se-nadeva-na-mir-no-ne-ja-osuduva-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-patrijarh-se-nadeva-na-mir-no-ne-ja-osuduva-vojnata/#respond Sat, 23 Apr 2022 14:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=667185

– Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши. Но, зборувајќи во пресрет на православниот Велигден, тој не ја осуди војната, пренесува Би-Би-Си. – Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв, рече тој на богослужбата на отворено во Москва. Со изјавата всушно го повтори тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација, наведува Би-Би-Си. – Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир, рече патријархот. Како близок сојузник на Путин, тој претходно даде изјави за поддршка на офанзивата на Москва во Украина и налути некои во Руската православна црква дома и во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-patrijarh-se-nadeva-na-mir-no-ne-ja-osuduva-vojnata/feed/ 0
Прв разговор по војната во Украина: Папата Франциск разговараше со рускиот патријарх Кирил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-razgovor-po-vojnata-vo-ukraina-papata-francisk-razgovarashe-so-ruskiot-patrijarh-kiril/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-razgovor-po-vojnata-vo-ukraina-papata-francisk-razgovarashe-so-ruskiot-patrijarh-kiril/#respond Thu, 17 Mar 2022 06:55:54 +0000 https://kurir.mk/?p=648556

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Фарнциск денеска разговараше со патријархот на Руската православна црква Кирил, з авојната во Украиан, пренесоа британските медиуми. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека ова е првпат од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина поглаварите на двете цркви воопшто да разговараат. Папата Франциск, во неколку наврати во изминатите три недели повикуваше на прекин на воените дејствија и враќање кон дијалогот и предупредуваше на страшната сиромапштија што војната ја остава зад себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-razgovor-po-vojnata-vo-ukraina-papata-francisk-razgovarashe-so-ruskiot-patrijarh-kiril/feed/ 0
Патријархот Кирил: Сите страни во конфликтот да избегнат цивилни жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-site-strani-vo-konfliktot-da-izbegnat-civilni-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-site-strani-vo-konfliktot-da-izbegnat-civilni-zrtvi/#respond Thu, 24 Feb 2022 20:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=636264

Патријархот Кирил апелираше до сите страни во конфликтот во Украина да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви. -Како патријарх на цела Русија и поглавар на Црквата, длабоко сочувствувам со сите погодени од катастрофата. Ги повикувам сите страни во конфликтот да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви, стои во објавата на веб-страницата на Руската православна црква. Кирил посочи дека рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја и изрази верба дека оваа поврзаност ќе помогне, како што рече, да се надминат поделбите и противречностите кои доведоа до сегашниот конфликт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/patrijarhot-kiril-site-strani-vo-konfliktot-da-izbegnat-civilni-zrtvi/feed/ 0
Мета на заедничка вечера со Патријархот Кирил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/meta-na-zaednichka-vechera-so-patrijarhot-kiril/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/meta-na-zaednichka-vechera-so-patrijarhot-kiril/#respond Mon, 30 Apr 2018 07:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=47782

Хармонијата, взаемното почитување, толеранцијата, разбирањето и солидарноста се карактеристиките на односите помеѓу верските заедници во Албанија  и најскапоценото богатство на историското и националното наследство на земјата. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на насилни идеи и цели. Таа порака ја упати  албанскиот претседател Илир Мета синоќа  на официјалната вечера што ја приреди во чест на Патријархот московски и на цела Русија Кирил по повод неговата историска посета на Албанија. - Живееме во тешко време на социјални пресврти и брза трансформација на технологија и комуникација кои се секојдневен предизвик на секој поединeц, семејства, општества, влади, држави и верски институции. Јазикот на омраза, насилство, нетолерантни акти, манифестации на дискриминација врз основа на верски и етнички предрасуди, тероризмот, екстремизмот, конфликти и војни со тешки хуманитарни последици денес се се најголема опасност за човештвото. Религијата и вероисповеста имаат незаменлива улога во изградбата на траен и универзален мир меѓу луѓето и народите. Религијата никогаш не треба да се користи во служба на идеи и насилнички намери. Таа треба секогаш да им служи на мирот, љубовта, солидарноста и хармонијата,бидејќи како што не учат светите книги, Бог е мир а не насилство, рече Мета искажувајќи искрена радост и задовлство од престојот на Патријархот Кирил во Албанија. Патријархот Кирил ги нагласи добрите односи меѓу двете православни цркви, но и меѓу верските заедници и државата во Албанија. - Ова е прва посета  на Албанија во историјата на приматот на Руската православна црква. Но, и покрај тоа, Православните Цркви на Русија и Албанија имаат долга традиција на најдобри односи. Нашите цркви не само што споделуваат заеднички верувања и имаат преживеано слични искуства од суровите прогони во дваесеттиот век,  исто така имаат и заеднички ставови во врска со главните прашања денес, демонстрирајќи го единството на Православието. Неговото блаженство, архиепископот Анастас Јанулатос останува секогаш љубен и скап пријател на Русија. Чувствувам посебно задоволство во душата поради високото ниво на односите меѓу црквата и државата во Албанија.Тоа не само со православната црква туку и  сите други верски заедници кои се верни партнери со државата во каузата за зацврстување на моралот во оштеството. Тоа е предуслов за хармонија меѓу луѓето и меѓу разните општествени групи, порача патријарх Кирил, заблагодарувајќи се за срдечниот пречек и посакувајќи мир и благосостојба за граѓаните на Албанија. На вечерата, освен поглаварите на црвите на двете земји,присуствуваа и претставници на другите верски заедници во Албанија, на владата,како и рускиот амбасадор во Тирана. Рускиот великодостојник денеска ќе има официјални средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама, а пред заминување  ќе го посети и новиот манастир „Св. Влаш“ во близина на Драч и Теолошката православна академија која се наоѓа во кругот на манастирот. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/meta-na-zaednichka-vechera-so-patrijarhot-kiril/feed/ 0
Патријархот Кирил ќе чиноначалствува со литургија во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-kiril-kje-chinonachalstvuva-so-liturgija-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-kiril-kje-chinonachalstvuva-so-liturgija-vo-tirana/#respond Sun, 29 Apr 2018 07:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=47527

Патријархот московски и на цела Русија Кирил, кој вчера допатува во прва посета на Албанија, денеска, заедно со  поглаварот на Албанската афтокефална православна црква (ААПЦ) Анастас Јанулатос, ќе чиноначалствува со литургија во соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, во сослужение на свештеници од двете цркви. Подоцна, ААПЦ ќе биде домаќин на официјалниот ручек во хотелот „МАК Албани“. Во попладневните часови, во 18 часот, ќе се организира културна прослава во Културниот центар на соборниот храм „Воскресение Христово“, а ќе биде промовирана книгата „До краиштата на земјата“ на поглаварот Јанулатос на руски јазик. Вечер, претседателот Илир Мета ќе организира официјална вечера во „Палатата на бригадите“. Утре патријархот Кирил ќе има официјални средби со претседателот Мета и со премиерот Еди Рама, а пред заминување  ќе го посети и новиот манастир „Св. Влаш“ во близина на Драч и Теолошката православна академија, која се наоѓа во кругот на манастирот. Високата руска црковна делегација вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, под силни безбедносни мерки, беше пречекана од поглаварот Јанулатос, придружуван од членови на Светиот aрхиерејски синод. Оваа, прва историска, посета  е од посебна важност бидејќи и двете цркви преживеаја жестоко комунистичко-атеистичко прогонство. Рускиот патријарх е многу значајна личност, која се вбројува на исто ниво со светските лидери и верски поглавари. Поглаварот на ААПЦ, Јанулатос во посета на руската православна црква беше во 1999 година, а двајцата великодостојници ги врзува пет децениско пријателство. Од Руската православна црква Јанулатос е одликуван со признанието „За посебен придонес во зацврстување на единството на православието“ во 2008 година. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-kiril-kje-chinonachalstvuva-so-liturgija-vo-tirana/feed/ 0