Патријарх Порфириј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Dec 2022 14:55:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Патријарх Порфириј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патријарх Порфириј: Кога би му забраниле на Папата да влезе во Ватикан, целиот свет би се кренал на нозе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-koga-bi-mu-zabranile-na-papata-da-vleze-vo-vatikan-celiot-svet-bi-se-krenal-na-noze/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-koga-bi-mu-zabranile-na-papata-da-vleze-vo-vatikan-celiot-svet-bi-se-krenal-na-noze/#respond Tue, 27 Dec 2022 14:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=781251

Го повторив и го подвлеков тоа што го кажува самиот претседател (Александар Вучиќ) дека мораме да направиме се за да го зачуваме мирот по секоја цена и лично побарав од претседателот, како и од целата влада, која ја молам преку него, да направи се за да го зачува мирот. Не дај Боже да се случат вооружени судири, бидејќи тие никому нема да донесат добро, изјави патријархот на СПЦ Порфириј по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за актуелната состојба на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Тој наведе дека нема да навлегува во рамките на тоа што се граѓански права и верски слободи. – Ќе кажам само едно – дека Пеќската патријаршија е за нашиот народ, за секој поглавар на нашата црква, она што е Ватикан за Римокатоличката црква или за Латеран, и замислете сега некој без никаква причина, со во најмала рака комично објаснување, само затоа што чувствува желба, да му забрани на Папата да влезе во Ватикан или да го напушти Латеран, рече патријархот на СПЦ. „Ова го велам затоа што сум сигурен дека целиот свет би се кренал на нозе“, нагласи тој и додаде дека „не постои под небеската капа никој кој нешто одлучува од своја позиција, да не би го кренал гласот и не би го заштитил правото на поглаварот на Римокатоличката црква“. – Болен е тој факт или прашање – постои ли кој било поглавар на некоја верска заедница кој не може да го посети својот народ и своите верници и да влезе во својата куќа. Манастирот на Пеќската патријаршија е сопственост на Српската православна црква и дом на поглаварот на Српската православна црква, на нејзиниот патријарх, додаде тој. Порфириј посочи дека вчера се обидел да оствари некои директни контакти со луѓе за кои смета дека можат да помогнат да се отстрани таквата „бесмислена, апсурдна и ирационална забрана“. -И сега ќе повторам, апелирам до оние кои мислам дека можат со сигурност, ги бирам зборовите и ќе ги искористам најблагите, да влијаат на оние во Приштина кои носат одлука да се промени таквата одлука, рече патријархот. Истовремено, тој упати барање до оние кои, како што рече, имаат моќ во Приштина, „но и до големите сили, политичките институции кои се важни и носат одлуки во центрите на моќ, одлуки кои често влијаат на животите на сите нас, дека и тие даваат се од себе за да помогнат во одржувањето на мирот и човечките животи да бидат интерес над сите други интереси“. Патријархот додаде дека сакал, пред сè, да дојде во Пеќската патријаршија за да се помоли заедно со нив на Бога „за сиот наш народ на кој не му е воопшто лесно на Косово и Метохија, кој страда, како и за сите луѓе на светот, за мир во светот, а пред се за меѓусебно разбирање, за соживот и за мир меѓу Албанците и Србите“. -Затоа, што секако е факт дека само ние меѓу себе со нашите напори можеме подобро да се разбереме, а со векови на просторот на Косово живеат заедно и Србите и Албанците, потсети поглаварот на Српската православна црква.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-koga-bi-mu-zabranile-na-papata-da-vleze-vo-vatikan-celiot-svet-bi-se-krenal-na-noze/feed/ 0
Патријархот Порфириј се изјасни за откажувањето на Европрајд во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/#respond Tue, 06 Sep 2022 17:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=729560

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд, чие одржување беше најавено во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Оваа тема ни е вештачки наметната и е тотално против вредносниот систем на нашиот народ, како и на нашите браќа и сестри од други религии и народи со кои живееме. За ова директно ми посведочеа претставници на традиционалните Цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на оваа манифестација го сметам за правилно, се вели во соопштението на Порфириј објавено на веб-страницата на СПЦ. Тој изјави дека во душата на православните христијани е всадено учењето на црквата, изразено веќе на првите страници на Библијата, каде што пишува дека „Бог го создаде човекот како два пола, како машки и женски, што значи дека бракот и семејството, од почетокот на светот до денес и до крајот на светот и векот, е дефинирано како заедница на љубов на маж и жена со нивните деца“. -Целосно ја разбираме фундаментално оправданата голема загриженост на нашиот народ кој во грубото промовирање и наметнување на политики и идеологии кои имаат за цел да ги уништат столбовите на кои со векови се гради нашиот идентитет, да направат сè да биде кревко, релативно и флуидно, да се почувствува длабоко и систематско загрозување на сите фундаментални вредности на кои им е верен со векови, особено на светињата на бракот и семејството, напиша Порфиј. „Од овие причини, неколку пати во директен разговор со највисоките претставници на државата ги презентиравме причините поради кои сметаме дека е неопходно и оправдано да се откаже од Европрајд“, додаде тој. Патријархот на СПЦ исто така изјави дека црквата е „против секаква форма на насилство, јавно жигосување и прогон на кој било“. -Злото не се лечи и не се победува со насилство, туку на тој начин само се множи, се вели во изјавата на Порфириј. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-se-izjasni-za-otkazuvanjeto-na-evroprajd-vo-belgrad/feed/ 0
Патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-brakjata-od-makedonija-se-vratija-vo-edinstvo-i-toa-go-gledame-kako-chudo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-brakjata-od-makedonija-se-vratija-vo-edinstvo-i-toa-go-gledame-kako-chudo/#respond Wed, 18 May 2022 13:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=678483

СПЦ се обидува да живее во духот на мирот со сите православни цркви, иако тука има несогласувања и кавги, но тоа се минливи работи, изјави денеска српскиот патријарх Порфириј во врска со одлуката на Соборот на СПЦ за прогласување на канонско единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија. – Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски) и другите во Охридската архиепископија и со молитвите и на оние кои се членови на Македонската православна црква, да дојдеме до она што е желба и на едните и на другите и да воспоставиме единство. Да се вратат браќата од Македонија во единство со нас, па и со сите други православни цркви, изјави патријархот Порфириј по средбата на епископи на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Порфириј изјави дека овие настани ги доживува како чудо и како интервенција од Бога. – За тоа сме му благодарни на Бога. Црквата секогаш ќе биде отворена за секаква соработка на се што е добро и е благодет за сите, додаде српскиот патријарх. Тој во име на Соборот на СПЦ му се заблагодари на претседателот Вучиќ за „краткиот, но прецизен опис на ситуацијата и глобалната состојба, а во рамките на тоа и состојбата во Србија“. – Сите чувствуваме дека времињата се комплицирани и повеќе од тешки, секој ден лежиме и се будиме со прашањето кога ќе дојде крајот на конфликтот во Украина. Знаејќи дека ова не е само конфликт меѓу две земји кои би требало да имаат можност за заеднички живот, но ова е подлабок конфликт. Од наша гледна точка, тоа не е само геополитички, туку и судир на вредносни системи, конфликт на цивилизации, што не става во позиција дека мора да имаме став, изјави Порфириј, додавајќи дека ставот на Црквата е „на молитва на Господ за мир за секогаш“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarh-porfirij-brakjata-od-makedonija-se-vratija-vo-edinstvo-i-toa-go-gledame-kako-chudo/feed/ 0