патријарх Вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 16:32:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патријарх Вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вартоломеј: Руската православна црква ја споделува одговорноста за злосторствата во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vartolomej-ruskata-pravoslavna-tsrkva-ja-spodeluva-odgovornosta-za-zlostorstvata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vartolomej-ruskata-pravoslavna-tsrkva-ja-spodeluva-odgovornosta-za-zlostorstvata-vo-ukraina/#respond Wed, 22 Mar 2023 16:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=815123

Духовниот водач на православните христијани, екуменскиот Патријарх Вартоломеј денеска изјави дека моќната Руска православна црква ја споделува одговорноста за војната во Украина со руското раководство, но и дека е подготвен да помогне во повоената „духовна обнова“ на Русија. Вселенскиот патријарх Вартоломеј со тоа го прекори рускиот патријарх Кирил, чија отворена поддршка за руската инвазија на Украина ги подели православните христијани. Вартоломеј, кој ја налути Москва во 2019 година со признавањето на новооснованата православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за своите стратешки цели“. - Црковното и државното раководство во Русија соработуваа во злосторството на агресија и ја споделуваат одговорноста за злосторствата што резултираа, како што се шокантните киднапирања на украински деца, рече Вартоломеј на конференција во литванскиот парламент. Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство за незаконско депортирање на стотици деца од Украина. Русија тврди дека ги иселува децата од Украина заради нивна безбедност и негира кршење на човековите права во Украина. -Нашиот меѓуверски дијалог мора да се фокусира на отпор и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа единството и теолошки да го легитимира криминалното однесување, рече Вартоломеј. Руската православна црква засега е без коментар. Вселенската патријаршија се наоѓа во Истанбул и се смета за „прва меѓу еднаквите“ во Православната црква, која има околу 260 милиони следбеници во светот, од кои 100 милиони се во Русија. -Цариградската Мајка црква е подготвена повторно да им помогне на своите деца во Украина и Русија, како што тоа го правеше многу пати во минатото, рече тој. -Наша заедничка христијанска должност е да ја искористиме моќта на дијалогот за да ги вратиме нашите руски браќа и сестри во нашата заедница на заеднички вредности, рече тој, нагласувајќи ја потребата од „духовна обнова“ во Русија и Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vartolomej-ruskata-pravoslavna-tsrkva-ja-spodeluva-odgovornosta-za-zlostorstvata-vo-ukraina/feed/ 0
Утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zaednichka-bogosluzba-na-patrijarhot-vartolomej-i-arhiepiskopot-stefan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zaednichka-bogosluzba-na-patrijarhot-vartolomej-i-arhiepiskopot-stefan/#respond Sat, 11 Jun 2022 07:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=689394

Откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, а вчера наша црковна делегација молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх, утре во патријаршискиот храм во Фанар поглаварите на двете цркви ќе одржат заедничка Патријаршиска и синодална света литургија. Во обраќањето кон патријархот Вартоломеј, по вчерашната Божествена литургија по повод неговиот именден во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, архиепископот Стефан му се заблагодари за прифаќање на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква. – Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква, истакна архиепископот Стефан по Литургијата на која покрај него присуствуваа и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј. Архиепископ Стефан Сега е јасно, додаде г. Стефан, колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните. – А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква, рече меѓу другото архепископот Стефан по литургијата на која присуствуваа и голем број верници од земјава, кои допатува во Истанбул по повод значајните настани за нашата Црква што деновиве се случуваат во древниот Фанар. На крајот од богослужбата, епископот антаниски Партениј со неговото братство и сестринство, на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија. Во четвртокот во вечерната богослужба во Ставропигијалниот манастир „Балаклија” во Истанбул, што се одржа по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“, откако на г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека многумина православни верници „се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“. – Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за еден долг и болен раскол во Телото на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Денеска помеѓу нас стојат овде… најсвештениот во Христа брат, архиепископот охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и синодален акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, истакна патријархот Вартоломеј. Тој нагласи дека станува збор за „голема радост на небото, зашто одамна скинатата риза на Господа се обновува, цела и неповредена, со иглата на Светиот Дух“ и „мноштвата на православните се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“. – Свештенејши архиепископе г. Стефане, Мајката Црква Константинополска болуваше, се молеше, долго трпеше, очекуваше, се надеваше, советуваше и се подготвуваше за наоѓање решение за проблемот што ја засегаше Вашата помесна Црква… Ги разбираме вашите потешкотии, искрснатите дилеми, внатрешните соображенија, променливите различни мислења, но решенијата сакаат жртва и храброст. Така ја чувствуваме и радоста на сите вас за настанатиот развој. Од денеска, кога добивате положба и служба во сесвештеното Тело на Црквата, се надеваме дека ќе се покажете еднакво достојни на благонаклонетоста на Великата Христова Црква кон вас… Го благословуваме Народот на најсветата Архиепископија Охридска. Ја поздравуваме видливата, добра и братољубива расположба на најсветата Црква на Србија кон вас. Очекуваме и официјално известување од вас за напредокот на дијалогот помеѓу вас. На крај, ви го врачуваме востановителниот за црковното општење Патријаршиски и Синодален Акт и го претвкусуваме сослужението со вас на претстојната недела на Педесетница, а Бог на мирот нека биде со сите вас, амин, додаде патријархот Вартоломеј. Архиепископот г. Стефан на чинот на примопредавањето на Актот во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј, нагласи дека делегацијата на нашата Црква дошла кај него, во време во кое тој го слушнал крикот на нашето срце и го почувствувал копнежот на нашите души. – Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан. Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам. – Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест,; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник, мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме. еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан. По четврточната богослужба, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа. Предавањето на Патријаршискиот и синодален акт за отстранување на шизмата не значи и давање томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата Црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви, додека за утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори. Ваквиот потег на патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи со него конечно се исправи долгата неправда нанесена врз нашата Црква и со признавањето на нејзината каноничноста се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zaednichka-bogosluzba-na-patrijarhot-vartolomej-i-arhiepiskopot-stefan/feed/ 0
Вартоломеј апелира веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-apelira-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-apelira-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/#respond Sun, 13 Mar 2022 12:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=646345

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“. -Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј. Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат. -Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-apelira-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/feed/ 0
Дали му ги носел 100-те илјади евра: Еве како Заев му нудеше мито на Вартоломеј (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-mu-gi-nosel-100-te-iljadi-evra-eve-kako-zaev-mu-nudeshe-mito-na-vartolomej-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-mu-gi-nosel-100-te-iljadi-evra-eve-kako-zaev-mu-nudeshe-mito-na-vartolomej-video/#respond Tue, 14 Jan 2020 14:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=289367

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, вчера во Истанбул во седиштето на Цариградската патријаршија се сретна со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј. За потсетување, истиот оној патријарх кого Заев сакаше да го поткупи со мито од 100.000 евра. Средбата, според владината прес-служба, била на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја добил додека бил премиер, па од тука и вчера се поставуваше прашањето, зошто е таму Заев, кога на 3 јануари оваа година си поднесе оставка и повеќе не е премиер. Тој во моментов е претседател на СДСМ, а по логика на нештата неговото присуство во Цариградската патријаршија е непотретно и помалку нелогично. И од ВМРО-ДПМНЕ вчера со реакција. „Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес. Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација, истакна Наум Стоилковски, портпарол на партијата и побара Владата да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул. -Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон. За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш! Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение аудио снимката од телефонски разговор во која Заев мисли дека разговара со пopaнeшниот претседател на Украина Петро Порошенко, во кој Заев договара мито за Вартоломеј. Заев прашува: Која е новата информација? Има ли некоја надеж за нас во врска со патријархот? Рускиот комедијант, за кој Заев мисли дека е Порошенко, му вели дека има голема надеж. -Денес, јас зборував со патријархот, зборувавме за сите работи што сме ги правеле заедно исто така го прашав за вашиот случај. И тој кажа дека можеме да ја започнеме процедурата. Па така, ја имам неговата согласност. Тој потврди дека тој може да почне, вели комедијантот. Заев вели дека тоа е многу добро и човекот со кој разговара го нарекува “пријателе“. -Јас исто така. Премиерот на Грција, Алексис, ми кажа дека има нешто позитивно, но веројатно треба да започнеме со некаква иницијатива, што треба да направиме?-прашува Заев. Од комедијантот добива одговор: „Најпрво, најверојатно го знаете специјалниот амбасадор од Стејт Департментот, Браунбег, тој работи на религиски проблеми, тој ни помогна нас да излеземе од автокефалноста и тој работи со Вартоломеј, и така да мислам дека прво треба да работиме заедно. Што премиерот Алексис ви кажа“? -Ми кажа дека исто така патријархот е подготвен да направи чекор во врска со нас, но најверојатно ќе треба да започнеме процедура пред нив, Не знам дали од грчка или бугарска црква тука, како регионална црква поврзана со нас, со која имаме добри врски, за да имаме некои аргументи заради процедурата. И тој ќе води до позитивна одлука, како кај Украинската црква, вели Заев. Комедијантот се нуди да помогне, но тука следува најважниот дел од договорот. -Јас ќе можам да играм голема улога за да ви дадат автокефалност, заради тоа што имам искуство, но треба да ви кажам дека еден од условите, во мојот случај, тоа што јас го направив е дека јас му дадов донација, лично на патријархот Вартоломеј, му дадов мала донација, околу 100.000 евра, јас мислам дека е тоа еден од условите кој може да ви помогне, вели тој. Заев со воодушевување во гласот одговара: „Дааа, тоа е, тоа е многу добро. Нема проблем, тоа е многу нормално. Ќе има донација, во кеш нормално. Ќе го направиме тоа зошто ни треба поддршка, поврзана со нас, секако, ќе го направиме тоа!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-mu-gi-nosel-100-te-iljadi-evra-eve-kako-zaev-mu-nudeshe-mito-na-vartolomej-video/feed/ 0
Слушнете како Заев се согласува да го поткупи патријархот Вартоломеј со 100.000 евра (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slushnete-kako-zaev-se-soglasuva-da-go-potkupi-patrijarhot-vartolomej-so-100-000-evra-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slushnete-kako-zaev-se-soglasuva-da-go-potkupi-patrijarhot-vartolomej-so-100-000-evra-video/#respond Tue, 09 Jul 2019 14:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=216779

За разговорот со лажниот Порошенко, во делот каде што споменуваат пари кои треба да му се дадат на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за да помогне да се реши статусот на МПЦ, Заев вели дека тој дел е изместен од контекст. Тој тврди дека се прави разговор за автокефалноста на МПЦ и како може Украина да помогне. Но, погледнете го нивниот разговор и заклучете сами дали е ова “сечено и лепено“ или е голема измама, на која премиерот, падна. Заев прашува: Која е новата информација? Има ли некоја надеж за нас во врска со патријархот? Рускиот комедијант, за кој Заев мисли дека е Порошенко, му вели дека има голема надеж. -Денес, јас зборував со патријархот, зборувавме за сите работи што сме ги правеле заедно исто така го прашав за вашиот случај. И тој кажа дека можеме да ја започнеме процедурата. Па така, ја имам неговата согласност. Тој потврди дека тој може да почне, вели комедијантот. Заев вели дека тоа е многу добро и човекот со кој разговара го нарекува “пријателе“. -Јас исто така. Премиерот на Грција, Алексис, ми кажа дека има нешто позитивно, но веројатно треба да започнеме со некаква иницијатива, што треба да направиме?-прашува Заев. Од комедијантот добива одговор: „Најпрво, најверојатно го знаете специјалниот амбасадор од Стејт Департментот, Браунбег, тој работи на религиски проблеми, тој ни помогна нас да излеземе од автокефалноста и тој работи со Вартоломеј, и така да мислам дека прво треба да работиме заедно. Што премиерот Алексис ви кажа“? -Ми кажа дека исто така патријархот е подготвен да направи чекор во врска со нас, но најверојатно ќе треба да започнеме процедура пред нив, Не знам дали од грчка или бугарска црква тука, како регионална црква поврзана со нас, со која имаме добри врски, за да имаме некои аргументи заради процедурата. И тој ќе води до позитивна одлука, како кај Украинската црква, вели Заев. Комедијантот се нуди да помогне, но тука следува најважниот дел од договорот. -Јас ќе можам да играм голема улога за да ви дадат автокефалност, заради тоа што имам искуство, но треба да ви кажам дека еден од условите, во мојот случај, тоа што јас го направив е дека јас му дадов донација, лично на патријархот Вартоломеј, му дадов мала донација, околу 100.000 евра, јас мислам дека е тоа еден од условите кој може да ви помогне, вели тој. Заев со воодушевување во гласот одговара: „Дааа, тоа е, тоа е многу добро. Нема проблем, тоа е многу нормално. Ќе има донација, во кеш нормално. Ќе го направиме тоа зошто ни треба поддршка, поврзана со нас, секако, ќе го направиме тоа!“   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slushnete-kako-zaev-se-soglasuva-da-go-potkupi-patrijarhot-vartolomej-so-100-000-evra-video/feed/ 0