патрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 10:48:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патрон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците од Пустец го одбележаa патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=383679

Македонците од општина Пустец, Мала Преспа го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во селото Туминец. Поради актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19 и препораките да се избегнуваат масовни собирања, одблежувањето на празникот посветен на Света великомаченица Марина-Марена-Огнена Марија, присуството на верници беше многу помало, споредено со претходните години, со запазување на мерките за заштита. -Ја продолжуваме вековната традиција на одбележување на овој голем празник. Поради познатата состојба со коронавирусот присуството беше помало а во мал број беа и верниците од другите села на нашата област, Мала Преспа, потоа од подрачјето на Корча, Ресен и Прилеп, кои во голем број доаѓаа за овој празник, велат од локалната власт на општина Пустец. Додаваат дека богослужбата во манастирската црква ја отслужиле свештениците Алексо Темелко и Роти Арѓир, по што верниците кусо останале во дворот на црквата. Годинава изостанало и присуството на музичари, кои во измнатите години ги веселеа Македонците а орото се виеше до доцна попладне. На ланското одбележување заедно со Македонците беше и претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој го честиташе, како што рече овој свет ден и запали свеќа за здравје. -Вие сте прекрасна заедница, мирољубива и трудољубива, која заслужува една подобра иднина. Да ни е напомош на сите нам за подобра иднина Светата великомаченица Марена. За Пустец, за Албанија, за Македонија и за нашиот прекрасен соживот. Убавини и добрини секогаш, порача тогаш Мета. Манастирот датира од 18 век а обновен е 1926 година.Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, локација која самата по себе дава дополнителна убавина и првлечност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-pustec-go-odbelezaa-patronot-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminec/feed/ 0
Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/#respond Sun, 06 May 2018 11:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=50602

Во присуство на голем број верници од повеќе градови од државава, некогашни жители на селото и нивни потомци, денеска беше одбележан празникот Свети Великомаченик Георгиј, патрон на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. Со денешната света архиерејска литургија чиноначалствуваше Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, во сослжужение со Бигорското братство и сестринството од манастирот во Рајчица. На одбележувањето на патронот по традиција присуствуваа голем број верници од Битола, Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Струмица, но и дебрани. Годинешни кумови кои принесоа погача беа семејството на Петко и Зорица Тодоровски од Дебар. - Сопругот е по потекло од Рајчица. Тука се крстени сите негови, јас и моите деца. За овој празник секогаш сме тука, зашто е и селска слава. Поради тоа овој празник за нашето семејство е од посебно значење. Посакувам добро за сите, благосостојба, мир и опстојување на Христовата вера, рече годинашната кума Зорица. На синоќешната вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше митрополит дебарско-кичевски, неговото Вископреосвештенство, г. Тимотеј, сестра Серафина ги положи монашките завети и беше причислена кон монашкиот собор. Во манастирот сега има осум монахињи, а периодов во него има и три искушенички. Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ е женски манастир. Се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир. Сепак точната година на изградба на манастирскиот конак е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник. Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година, од зографот Михаил и монахот Данил од Бигорскиот манастир, додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче. Од 2003 година Раичката обител се удостои да стане Кивот во кој се чуваат светите и исцелителни мошти на Великомаченикот Георгиј, кои се тука благодарение на отец Партениј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-patronot-na-manastirot-sveti-georgij-pobedonosec-vo-rajchica/feed/ 0