патронат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 11:10:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патронат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Програма за сечиј вкус: ​Општина Кисела Вода ве поканува на саботната прослава на својот патронат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/programa-za-sechij-vkus-opshtina-kisela-voda-ve-pokanuva-na-sabotnata-proslava-na-svojot-patronat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/programa-za-sechij-vkus-opshtina-kisela-voda-ve-pokanuva-na-sabotnata-proslava-na-svojot-patronat/#respond Thu, 04 May 2023 11:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=830507

Со големо задоволство, ги покануваме сите оние кои сакат да бидат дел од заедничката прослава на патрониот празик на Општина Кисела Вода, Ѓурѓовден! Во сабота, на 06 мај, со почеток од 12 часот, пред Домот на култура ,,Билјана Беличанец” започнува целодневното дружење кое предвидува содржини за сите возрасти. Настанот започнува со програма за најмладите која ќе ја отвори ,,Светот на Биби”. Еден час подоцна, од 13 часот, започнува концертот на дечињата од фестивалот Поточиња. Во 14 часот свој настап ќе имат танчерите од студиото за танц ,,Данса Латина Стефи”, велат од општината. Вечерните часови продолжуваат во ведра атмосфера со станд ап шоуто на добро познатите Тино и Атанас. Нивниот настап е закажан за во 20 часот. Веднаш потоа, до крајот на вечерта следува журка на ДЈ Напстер. „Се надеваме дека секој ќе најде нешто за себе и ќе биде дел од големото дружење по повод патронатот на Општина Кисела Вода. Како дел од новата стратегија на Општината, и оваа година, големите случувања и настани, покрај културно забавниот дел, ќе содржат и реализација или промоција на значајни инфраструктурни проекти, кои ќе се одвиваат во текот на една цела седмица“ - се наведува во соопштението..]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/programa-za-sechij-vkus-opshtina-kisela-voda-ve-pokanuva-na-sabotnata-proslava-na-svojot-patronat/feed/ 0
Над 1000 посетители вчера на прославата на патронатот на Општина Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/#respond Sat, 07 May 2022 10:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=673300

Преку 1000 посетители вчера беа дел од манифестацијата која Општина Кисела Вода ја организираше по повод својот патронен празник. Под насловот “Св. Ѓорѓија - Низ приказната за Кисела Вода”, во и пред домот на култура “Билјана Беличанец” се одржа мултимедијален проект кој побуди интерес кај сите генерации. -Сите ние сме дел од една историја, сите ние оставаме свој отпечаток, испишуваме свое поглавје во една голема приказна. Приказната за Кисела Вода. Веројатно, многумина од вас, тука присутните, со сентименталност гледаат на овој објект кој денес дише со нов здив, а како поранешно кино, бил убав спомен на една младост. Почитта кон минатото, кон традицијата и обичаите, се оддава преку нивното зачувување, негување и пренесување, и ова се постулати врз кои ќе се темели нашето функционирање како раководство на Општина Кисела Вода. Впрочем, чест и благослов е да се управува со најстарата скопска општина, која е дом на бројни монументи на македонската духовност. Обновата, но и креирањето на нова, модерна сегашност и иднина, се наша одредница и ќе се почувствуваат во сите сфери на општественото живеење. Визијата за Кисела Вода, како најстара скопска, но општина со најдинамичен развој е реалноста која започнавме одлучно да ја градиме. И тоа заедно со вас, нашите жители-истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Низ приказната за Кисела Вода се проговори за македонската глаголица и македонската кирилица, како суштина на македонскиот јазик и култура, низ модерната визуелна интерпретација на двете писма на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски. За значењето на изложеното преку постерите и фонтовите говореше професорката д-р Елка Јачева – Улчар. Претставата “За нашиот Горан” посветена на великанот Горан Стефновски ја одиграа дечињата од актерското училиште на Весна Бејби Петрушевска. Популарниот Виктор Апостоловски покажа дека е вистински идол меѓу младите, посебно после песната Супермен, која ја пееше и на бис. Преубав музички избор преку својот сет направи и Диџеј Манов, кој ја затвори вечерта. Целокупната манифестација имаше еколошки момент, бидејќи електричната енергија за неа беше обезбедена преку перформансот на активистите од “Гоу Грин”. Тие во текот на целата вечер произведуваа струја преку возење на велосипеди. Заклучокот на присутните беше заеднички-Вакви настани треба да ни се случуваат почесто. А градоначалникот Ѓорѓиевски, токму тоа и го најави за перидот што следува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1000-posetiteli-vchera-na-proslavata-na-patronatot-na-opshtina-kisela-voda/feed/ 0
Бидете дел од утрешниот патронат на Општина Кисела Вода “Св. Ѓорѓија – Низ приказната за Кисела Вода” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bidete-del-od-utreshniot-patronat-na-opshtina-kisela-voda-sv-gjorgjija-niz-prikaznata-za-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bidete-del-od-utreshniot-patronat-na-opshtina-kisela-voda-sv-gjorgjija-niz-prikaznata-za-kisela-voda/#respond Thu, 05 May 2022 11:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=672311

Општина Кисела Вода ве повикува да бидете дел од утрешниот патронат на Општината „Св. Ѓорѓија - Низ приказната за Кисела Вода”. -Годинешното празнување ќе се одвива пред Домот на култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода со почеток во 18:00 часот. Програмата содржи низа културно-забавни случувања кои ги допираат сите генерации, информираат од Општината. Во Домот на културата ќе биде отворена изложба на плакати и фонтови од Лазе Трипков и Ласко Џуровски, детската актерска екипа од “Дајте музика”, од училиштето за деца актери на Весна Бејби Петрушевска, ќе изведе театарска претстава во чест на Горан Стефановски, музичко-сценски настап ќе има Виктор Апостоловски - “Супермен”, а за крај е предвиден музички сет на Ди Џеј Манов. Во склоп на настанот, здружението “Гоу Грин” ќе има еко перформанс. Имено активистите од оваа организација ќе возат велосипеди, а струјата што на тој начин ќе ја произведат ќе се искористи за озвучување на настанот. Општината ги покануваа сите жители, но и сите останати кои сакаат да поминат една убава вечер, да бидат дел од празнувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bidete-del-od-utreshniot-patronat-na-opshtina-kisela-voda-sv-gjorgjija-niz-prikaznata-za-kisela-voda/feed/ 0