патронажна медицинска служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Nov 2020 10:46:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патронажна медицинска служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА ОСТАНАА ДОМА: Државата има недостаток од медицински кадар, но не им го продолжува договорот на 50-тина медицински сестри! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ostanaa-doma-drzavata-ima-nedostatok-od-medicinski-kadar-no-ne-im-go-prodolzuva-dogovorot-na-50-tina-medicinski-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ostanaa-doma-drzavata-ima-nedostatok-od-medicinski-kadar-no-ne-im-go-prodolzuva-dogovorot-na-50-tina-medicinski-sestri/#respond Tue, 10 Nov 2020 10:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=427231

Медицинските сестри од проектот за „патронажна служба“ повторно дома. Голготата на 47-те медицински сестри кои беа примени во проектот од страна на Министерството за здравство продолжува. Првиот нивен договор за вработување со Здравствен дом Скопје бил склучен на 1.10.2019 година и траел до 30 април 2020 година кој поради пандемијата со коронавирусот бил продолжен лично од министерот за здравство Венко Филипче за уште шест месеци, поточно до 31 октомври 2020, но по неговиот истек речиси 50-тина медицински сестри веќе од вчера седат дома во време кога државата се соочува со недостиг на медицински кадар. -Пред истекот на нашиот договор ние поднесовме писмено барање до Министерството за здравство со цел да дознаеме што ќе биде со нашиот проект, на 14 октомври минатиот месец добивме устен одговор од координаторката на нашиот проект дека со ребалансот на буџетот се одобрени средства за нашиот проект и дека истиот се продолжува до 31 декември 2020 година, односно за уште два месеци, велат за КУРИР медицинските сестри од оваа служба кои веќе седат дома. Тие додаваат дека по оваа одлука биле донекаде задоволни, бидејќи уште два месеци ќе останат на работа, но да биде проблемот поголем на 6 ноември месецов одговорните лица им се јавиле да не доаѓаат од понеделник на работа. -Проблемот е во тоа што Министерството за здравство ги префрлиле парите на Фондот за здравство, но фондот не ги префрлил на Здравствен дом Скопје. Одговорот на Здравствен дом е дека финансиите нема да се добијат се додека не се направат нови решенија за договор за вработување, временски за два месеци. Во меѓувреме Фондот за здравство останува без директор поради негова смена и всушност нашиот проблем не е приоритет на еден директор кој штотуку е назначен на новото работно место. Станува збор за директорот Стево Крстевски кој е назначен на 4 ноември месецов, раскажуваат револтираните медицински сестри. Тие разочарано прашуваат дали овој парадоксален проблем ќе го реши некој? -Овој настанат проблем да си ја вршеле работата сите, до сега ќе бил решен и немаше да седиме дома. Се запрашал ли некој како се чувствуваме ние со овој проблем? Каде да се бара излезност и решение за нас? Седиме и чекаме од сите надлежни и претпоставени на нашите работни места. Добиваме поддршка, но конкретно решение и конкретен одговор нема, велат тие. Додаваат дека не знаат колку време ќе се седи дома и како ќе биде регулиран овој период со договор и финансиски средства. -Во овој период на пандемија секаде во светот се потребни медицински сестри, а нас ни велат седете дома ЌЕ ви се јавиме, заклучуваат медицинските сестри со кои разговараше КУРИР. Медицинските сестри од проектот за „Патронажна служба“ инаку минатата недела му испратија и писмено барање до министерот Венко Филипче се со цел добивање на одговор за настанатиот проблем, но засега тие се уште не добиле одговор. И додека сите директори и самото Министерство за здравство алудираат на тоа дека има недостаток на медицински персонал во нашата земја со оглед на вртоглаво црните бројки на новозаразени (во просек околу 1.000 на дневно ниво) и починати лица, речиси подготвен медицински кадар седи дома поради неодговорноста на институциите. Доказ дека недостига медицински кадар е и изјавата на директорката на Клиниката за инфективни состојби и фибрилни состојби Милена Стевановиќ која минатата недела изјави дека целиот персонал е уморен и дека им требаат дополнителен кадар. Недостатокот на медицински персонал инаку има во речиси сите здравствени установи низ земјава, додека министерот молчи и не презема ништо за овој проблем, напротив остава медицински сестри да седат дома, поради парадоксална неодговорност на институциите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ostanaa-doma-drzavata-ima-nedostatok-od-medicinski-kadar-no-ne-im-go-prodolzuva-dogovorot-na-50-tina-medicinski-sestri/feed/ 0
Патронажна медицинска служба секој четврток во Лазарополе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patronazna-medicinska-sluzba-sekoj-chetvrtok-vo-lazaropole/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patronazna-medicinska-sluzba-sekoj-chetvrtok-vo-lazaropole/#respond Mon, 05 Aug 2019 08:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=226463

Патронажна служба составена од лекар и медицинска сестра од 1 август почна да работи во Лазарополе, каде што до крајот на летната сезона секој четврток од 9  до 13.30 часот на жителите ќе им ја дава потребната здравствена заштита и нега. Медицинскиот тим е од  Здравствениот дом во Ростуше, а за мобилниот сервис е наменета просторија на месната заедница (старата општина) во Лазарополе, соопшти Министерството за здравство. Министерството информира дека неговите интегрирани услуги за домашна нега од Светската здравствена организација се оценети како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните. – Се покажа како ефикасна патронажната служба во Кочани, Ресен и Галичник, каде стручен тим оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за здравјето на жителите. На овој начин, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, најблиску до домот на живеење, наведува Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patronazna-medicinska-sluzba-sekoj-chetvrtok-vo-lazaropole/feed/ 0