патувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Nov 2021 14:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК препорача да се забрани патување од Јужна Африка во ЕУ сметајќи дека тоа е „мерка на претпазливост“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-preporacha-da-se-zabrani-patuvanje-od-juzna-afrika-vo-eu-smetajkji-deka-toa-e-merka-na-pretpazlivost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-preporacha-da-se-zabrani-patuvanje-od-juzna-afrika-vo-eu-smetajkji-deka-toa-e-merka-na-pretpazlivost/#respond Tue, 30 Nov 2021 14:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=602036

Минатата недела Европската комисија препорача да се забрани патувањето од Јужна Африка во ЕУ поради појавата на сојот омикрон, што предизвика гнев во африканската земја. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија оваа мерка ја оправдува како “мерка на претпазливост“. -Оваа мерка на претпазливост мораше да се донесе не затоа што ќе ја стопира мутацијата која е веќе во Европа, тоа не е возможно, туку за да се обезбеди забавување на ширењето за да им се даде на здравствените власти во ЕУ и на фармацевтските добавувачи време да се адаптираат, изјави портпаролот Ерик Мамер. Јужна Африка смета дека е неправедно казнета иако навремено го открила новиот сој и ги предупредила сите партнери. Денеска медиумите исто така јавија дека сојот омикрон веќе бил присутен во Холандија една недела пред најавата на Јужна Африка. -Свесни сме за товарот кој се става на земјите, одговорот на ЕУ властите е да делуваат на начин кој ќе го заштити здравјето на граѓаните на ЕУ, ќе продолжиме да соработуваме со Јужна Африка за да го спречиме напливот и да се бориме против пандемијата, рече портпаролот. Тој додаде дека ЕУ одблиску соработува со Јужна Африка за развојот на вакцини. Европската комисија “топло“ ги поздрави напорите на Јужна Африка за откривањето на сојот, изјави од ЕК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-preporacha-da-se-zabrani-patuvanje-od-juzna-afrika-vo-eu-smetajkji-deka-toa-e-merka-na-pretpazlivost/feed/ 0
Aмериканските туристи кои се вакцинирани ќе можат да патуваат во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-turisti-koi-se-vakcinirani-kje-mozat-da-patuvaat-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-turisti-koi-se-vakcinirani-kje-mozat-da-patuvaat-vo-eu/#respond Mon, 26 Apr 2021 06:43:51 +0000 https://kurir.mk/?p=502007

Американските туристи ќе имаат право да ја посетат Европската унија во наредните месеци, под услов да се вакцинирани против Ковид-19, изјави за „Њујорк Тајмс“ претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. – Колку што гледам, Американците користат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Тоа ќе им овозможи слободно да се движат и слободно да патуваат во Европската унија, рече таа. – Едно е јасно: 27-те земји-членки безусловно ќе го прифатат секој што е имунизиран со вакцини одобрени од агенцијата, рече Фон дер Лајен но не прецизираше кога точно ќе се случи тоа. Според весникот, новите правила може да стапат во сила ова лето. Европската агенција за лекови ги одобри сите три вакцини што се користат во САД: Модерна, Фајзер/Бионтех и Џонсон и Џонсон. Обновувањето на патувањата ќе зависи „од состојбата со епидемијата, но состојбата се подобрува во САД, како и, се надеваме, и во Европската унија“. Фон дер Лајен го подвлече огромниот напредок на САД, кои се на пат да вакцинираат 70 проценти од возрасната популација до средината на јуни. Пандемијата го уништи туристичкиот бизнис на европскиот континент, бидејќи голем број земји на ЕУ ги затворија своите граници за патувања кои не се неопходни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-turisti-koi-se-vakcinirani-kje-mozat-da-patuvaat-vo-eu/feed/ 0
ЕУ: Усвоени препораки за ограничувања на патувања, на мапата се додава темноцрвена боја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=462915

Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот. Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот. Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Оваа боја ќе се однесува на области каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени позаразни варијанти на вирусот. – Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темноцрвена боја да бидат тестирани на Ковид-19 пред пристигнувањето, а потоа да бидат во карантин 14 дена, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Во исто време, на земјите-членки им се дава можност да побараат тест за Ковид-19 од патници кои доаѓаат од портокалови, црвени и сиви области. Луѓето што живеат во погранични региони и ја преминуваат границата на дневна основа или често, на пример заради работа, студии или семејни причини, не треба да бидат подложени на тестирање или карантин. Доколку се воведе барање за тестирање, зачестеноста на тестовите врз такви лица треба да биде пропорционална, наведува Советот на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-usvoeni-preporaki-za-ogranichuvanja-na-patuvanja-na-mapata-se-dodava-temnocrvena-boja/feed/ 0
Германија размислува за ограничувања на патувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-razmisluva-za-ogranichuvanja-na-patuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-razmisluva-za-ogranichuvanja-na-patuvanjata/#respond Thu, 28 Jan 2021 07:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=460824

Германија размислува за натамошно заострување на ограничувањата за патувања, па и за драматично намалување на воздушниот сообраќај поради загриженоста од новите мутации на коронавирусот, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Хорст Зехофер. Според него, министерството разговара со германската Влада за откажување на сите непотребни патувања, пренесе Си-Ен-Ен. -Заканата од големиот број мутации на вирусот бара драматични мерки. Ова вклучува значително засилени гранични контроли, особено во областите со висок ризик, но, исто така, и намалување на воздушниот сообраќај кон Германија на речиси нула, како што Израел во моментов прави за да спречи мутациите на вирусите за влезат во земјата, објасни Зехофер. Портпаролот на германското МВР додаде дека граѓаните очекуваат на најдобар можен начин да бидат заштитени од експлозија на бројот на новозаразени. Зехофер додаде дека оваа одлука ќе биде разгледана на национално ниво доколку не се преземат задоволителни мерки на ниво на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-razmisluva-za-ogranichuvanja-na-patuvanjata/feed/ 0
Шведска со препорака: Одложување на сите патувања надвор од Европа до 15 април https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-preporaka-odlozuvanje-na-site-patuvanja-nadvor-od-evropa-do-15-april/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-preporaka-odlozuvanje-na-site-patuvanja-nadvor-od-evropa-do-15-april/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:35:34 +0000 https://kurir.mk/?p=459962

Шведска ги продолжи препораките против неважни патувања во сите земји надвор од Европа до 15 април, се вели во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи во Стокхолм. – Постои многу неизвесност и невозможно е да се предвиди кога ќе биде можно безбедно и слободно да се патува низ целиот свет поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, соопшти шведското МНР. Шведска уште на 14 март минатата година за првпат издаде препорака до населението да ги одложат непотребните патувања во сите земји поради ширењето на Ковид-19, но во меѓувреме ја повлече таквата мерка за многу земји во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-preporaka-odlozuvanje-na-site-patuvanja-nadvor-od-evropa-do-15-april/feed/ 0
Вилер апелира Германците да не патуваат за да не ја влошат епидемиолошката состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/#respond Thu, 14 Jan 2021 12:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=455265

Германија до крајот на годината ќе успее да ја стави пандемијата под контрола, но новиот позаразен вид може да ја влоши ситуацијата, изјави директорот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотер Вилер. Во Германија досега се регистрирани 16 случаи на британскиот вид на Ковид-19 и четири со јужноафриканскиот, сите тие се заразиле по враќањето од странство. – Ова нема да биде последна мутација што ќе ја видиме, да не го забораваме бразилскиот вид на Ковид-19. Има уште видови, истакна Вилер и апелираше до граѓаните да не патуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viler-apelira-germancite-da-ne-patuvaat-za-da-ne-ja-vloshat-epidemioloshkata-sostojba/feed/ 0
Oд понеделник патување без ПЦР-тест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-patuvanje-bez-pcr-test/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-patuvanje-bez-pcr-test/#respond Wed, 07 Oct 2020 06:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=413206

Нашата и уште четири земји од регионот со заедничка иницијатива во координација на министерствата за здравство одлучија од понеделник да дозволат влез без приложување негативен ПЦР-тест на граничните премини. Владата вчера на седница донесе одлука од 12 октомври да им се овозможи непречен влез на државјаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а реципрочно е договорено и македонските граѓани да патуваат во овие земји без да покажат медицинска потврда. Обврска за ПЦР-тест досега немаа само за влез во Албанија и Турција. Одлуката е донесена по предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести и заради неопходните потреби на граѓаните, но со апел од Владата патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19. Проценето е дека до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странство, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Но бројот на новозаразени во земјава и натаму е висок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-patuvanje-bez-pcr-test/feed/ 0
Европската комисија препорачува ваучери за откажаните летови и патувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/#respond Tue, 12 May 2020 06:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=344802

Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани поради коронавирусот, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа. Препораките, што треба да бидат објавени утре, предвидуваат на патниците да им бидат понудени прифатливи ваучери за да не бараат целосна наплата, пренесуваат британските медиуми. Земјите-членки на ЕУ побараа од Комисијата да го суспендира правилото според кое авиокомпаниите мора целосно да ги надоместат трошоците за откажаните летови поради пандемијата. Новите препораки не предвидуваат прекинување на ова правило, но нудат компромис за да му помогнат на секторот во оваа тешка криза. Комисијата, исто така, ќе им препорача на земјите-членки да ги гарантираат овие ваучери во случај на инсолвентност на компанијата, се вели во документот. Ваучерите треба да ги нудат истите услуги и правци, во случај на лет, и услови за патување како и оригиналната резервација. Авиокомпаниите од цела Европа, вклучително и „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“, побараа државна помош затоа што поради пандемијата мораше да ги заземјат своите огромни флоти. Клиентите кои нема да користат ваучери автоматски ќе добијат поврат на средствата во рок од 14 дена од истекот на нивната важност. Во случај на ваучери кои важат повеќе од една година, патниците треба да побараат целосна наплата во рок од 12 месеци од датумот на издавањето на ваучер, се вели во документот. За да им помогне на најтешко погодените авиокомпании и туристичките компании, ЕУ исто така ги повикува организациите на потрошувачи и на патници на сите нивоа да ги охрабруват патниците да прифаќаат ваучери, место да бараат наплата. Комисијата со ова не го суспендира законот за заштита на правата на патниците затоа што препораките не се правно обврзувачки. Ова значи дека потрошувачите се оние кои ќе решат дали да го прифатат ваучер или да побараат целосна наплата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/feed/ 0
Нема патување со воз за викенд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-patuvanje-so-voz-za-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-patuvanje-so-voz-za-vikend/#respond Thu, 26 Mar 2020 14:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=322602

Патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот  викенд. Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата вчера донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. -Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт. Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час. Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-patuvanje-so-voz-za-vikend/feed/ 0
Заев крати плати на работници, Владата ќе ги чести одмор тие што уплатиле – агенциите ќе издаваат ваучери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-krati-plati-na-rabotnici-vladata-kje-gi-chesti-odmor-tie-shto-uplatile-agenciite-kje-izdavaat-vaucheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-krati-plati-na-rabotnici-vladata-kje-gi-chesti-odmor-tie-shto-uplatile-agenciite-kje-izdavaat-vaucheri/#respond Tue, 24 Mar 2020 09:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=321232

Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднал поради кризата со коронавирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до 31 декември следната година. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека е изготвена уредба со законска сила, со која на агенците ќе им се овозможи да издаваат ваучeри во износ на уплатената сума што може да се искористи за кое било следно патување заклучно со крајот на 2021 година. -На тој начин сите клиенти кои поради настанатата ситуација со корона кризата ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржал финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период, рече Бектеши. Издавањето на ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно туристичката агенција и патниците. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите, а тие што нема да ги почитуваат условите за издавање ваучари ќе добијат соодветни казни согласно со законите за туристичка дејност и за прекршоци Бектеши соопшти и дека за поддршка на туризмот кој е најпогоден од кризата на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП донесе одлука да ги ослободи од плаќање надомест за музика, рестораните, хотелите, кафулињата и останатите субјекти што плаќат ваков надомест, имајќи предвид дека воопшто не работат. -Заедно со Фондот за туризам кој веќе беше формиран и со останатиот пакет економски мерки на коишто интензивно работиме можам да кажам дека ќе бидат прифатени речиси сите барања од туристичкиот сектор, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-krati-plati-na-rabotnici-vladata-kje-gi-chesti-odmor-tie-shto-uplatile-agenciite-kje-izdavaat-vaucheri/feed/ 0