патување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 08:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png патување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/#respond Fri, 19 May 2023 08:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=836252

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето. -Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска. Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат. -Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”. Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс. -Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/feed/ 0
Што значи да сонувате патување? Бегање од реалноста и проблемите, но и нови пресвртници во животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-patuvane-begane-od-realnosta-i-problemite-no-i-novi-presvrtnitsi-vo-zhivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-patuvane-begane-od-realnosta-i-problemite-no-i-novi-presvrtnitsi-vo-zhivotot/#respond Wed, 17 May 2023 07:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=835131

Повеќето од нас ги отфрлаат соништата како плодови на нашата имагинација, но оние што ги толкуваат веруваат дека има повеќе отколку што изгледа. Сонот за патување е добар знак, пред сè, затоа што сугерира дека се случува одреден напредок во вашиот живот. Тоа значи дека животот не ви е досаден и стагнира, туку дека сте на постојано патување кое ве носи на различни дестинации. Во соништата, различните дестинации значат нови цели, нови предизвици, нови достигнувања и нови сојузи. Значи, кога сонувате за патување, тоа може да укаже дека или ќе започнете ново патување во вашиот живот или сте во транзит, стремејќи се кон некаква промена. Друг начин да го протолкувате овој сон е дека сте љубител на патувања и сакате да посетувате нови места и да откривате невидени аспекти од животот. Во такво сценарио, вашиот сон ги одразува вашите мисли за вашето омилено хоби, патувањето. Меѓутоа, ако сонот за патување ве остава во депресија кога ќе се разбудите, тогаш тоа може да значи дека допрва ќе ја постигнете целта. Се трудевте многу, но не успеавте да стигнете до целта, односно да ја достигнете целта. Што значи да се патува до одредено место? Патувањето до одредена дестинација во сон значи дека има важна потреба да го промените вашиот живот за да се осигурате дека подобро ќе им пристапите на вашите цели. Ако сонувате дека одите во потопли поднебја може да значи дека треба да се фокусирате на тоа да бидете јасни во поставувањето на сопствените цели. Сонот за патување во студена земја може да значи некои бариери на вашиот пат. Посетата на дождовна шума или џунгла во сон може да значи дека нешто ви недостасува во животот. Што значи да сонувате дека патувате некаде каде што сте биле претходно? Да сонувате дека патувате до некоја претходна дестинација на која сте биле во реалниот живот (во која сте уживале, како што е остров, сончева плажа или некое друго мирно место за одмор), значи дека сакате да се вратите на нешто што е веќе безбедно во вашиот живот. Враќање на врска, работа или воопшто знак дека сте добро таму каде што сте во моментов во вашиот живот. Што значи да сонувате непознато место? Одењето на непознато место во сонот може да укаже на вашата желба да се одморите од вашата дневна рутина. Одењето во непозната земја може да значи дека сте го изгубиле патот. Ако во сон сте патувале на планина, тоа значи дека сакате да избегате од проблемите и да најдете мир и тишина. Времето сами е токму за да имаме време да размислуваме. Ова ја претставува и вашата желба да ги надминете сите неочекувани проблеми и да држите сè под контрола. Овој сон предвидува одредени настани кои ќе се случат наскоро и ќе ви укаже на некои важни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-patuvane-begane-od-realnosta-i-problemite-no-i-novi-presvrtnitsi-vo-zhivotot/feed/ 0
ОВИЕ дестинации се најскапи во светот, а еве каде можете да поминете најевтин одмор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-destinatsii-se-najskapi-vo-svetot-a-eve-kade-mozhete-da-pominete-najevtin-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-destinatsii-se-najskapi-vo-svetot-a-eve-kade-mozhete-da-pominete-najevtin-odmor/#respond Wed, 19 Apr 2023 10:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=825412

Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство... Така, едно од главните прашања е - каде треба да се оди според личниот, сопствен буџет? „Травелер'с еликсир“ (Traveller's Elixir), меѓу 60 места низ светот, ги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на знаменитостите. Најевтиното место за пет ноќевања е областа Делхи вo Индија. Престојот тука чини 165 евра, а просечната хотелска соба со три ѕвезди чини само 17 евра од ноќ. Од друга страна, најскапа дестинација е Кнежеството Монако, каде што петдневното патување чини во просек 2.051 евро. Најевтините туристички дестинации: Делхи, Индија - 165 евра за петдневен престој, Пном Пен, Камбоџа - 203 евра, Катманду, Непал - 207 евра, Тбилиси, Грузија - 226 евра, Меделин, Колумбија - 231 евро, Хо Ши Мин Сити, Виетнам - 235 евра, Чианг Маи, Тајланд - 260 евра, Каиро, Египет - 262 евра, Луанг Прабанг, Лаос - 264 евра, Бангкок, Тајланд - 264 евра. Кога станува збор за најскапите места, францускиот прекуокеански остров Сен Барт е на второто место. Оваа дестинација на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и одлични места за одмор. Г'штад во Швајцарија е трет на списокот. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти. Најскапите туристички дестинации: Монако - 2.050 евра за петдневно патување, Сен Барт, Франција - 1.976 евра, Гштад, Швајцарија - 1.870 евра, Рејкјавик, Исланд - 1.739 евра, Бора Бора, Француска Полинезија - 1.738 евра, Хонолулу, Хаваи - 1.735 евра, Сан Франциско, САД - 1.708 евра, Њујорк, САД - 1.612 евра, Гранд Кајман, од британските прекуокеански Кајмански Острови - 1.480 евра, Венеција, Италија - 1.402 евра за петдневен одмор. Бора Бора е петта најскапа, со просечна цена од 1.738 евра за пет дена претој. Ако пак, сакате бунгалов над вода со пет ѕвезди - тоа чини минимум 900 евра за ноќ. Венеција, Италија, го заокружува топ-10 списокот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-destinatsii-se-najskapi-vo-svetot-a-eve-kade-mozhete-da-pominete-najevtin-odmor/feed/ 0
Најбезбедни земји за патување во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najbezbedni-zemji-za-patuvanje-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najbezbedni-zemji-za-patuvanje-vo-2023-godina/#respond Mon, 09 Jan 2023 08:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=784881

Американската компанија „Беркшир хатавеј травел протекшн“ (Berkshire Hathaway Travel Protection) ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година. Од вкупно 15 држави, 11 се во Европа, а Холандија го има првото место. Неколку фактори придонесуваат за рангирањето, вклучително и резултатите од анкета врз луѓе кои ги посетиле тие места, Глобалниот индекс на мирот (ГПИ), најновите совети за патување на американскиот Стејт департмент и резултатите од „Геошур глобал“ (GeoSure Global), кои комбинираат криминал, здравје и предупредувања за патување во големите градови. Сепак, некои земји, како Финска, не се вклучени во анализата. Европските 11 земји кои влегоа во топ 15 списокот се: Белгија, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Германија, Норвешка, Исланд, Данска и Холандија. Вон Европа, на листата најбезбедни се најдоа и Австралија, Канада, Нов Зеланд и Обединетите Арапски Емирати. Белгија се наоѓа на 15-то место на општата листа на „Беркшир“ и на 22-то место на ГПИ. Најголемата закана во оваа состојба може да биде внесот на калории. Стејт департментот на САД ја рангира земјата, во категоријата на ниво 2, советувајќи ги патниците, сепак, да бидат внимателни поради мала можност за закана од тероризам. Велика Британија е 14-та најбезбедна земја во светот, во споредба со местото бр. 18 лани, а е 34-та на ГПИ и е во категоријата на ниво 2 на САД. Ирска е на 12-то место на општата листа, трета на ГПИ и е во категоријата на ниво 1 во САД. Шпанија се најде на 11-то место на „Беркшир“ списокот и е во топ 30 на ГПИ. Стејт департментот ја класифицира во категорија на ниво 2. Швајцарија се наоѓа на деветтото место на „Беркшир“ листата, на 11-тото на ГПИ и е во најниската категорија на американскиот Стејт департмент, Ниво 1. Шведска годинава е на осмото место во генералниот пласман на „Беркшир“, по четвртото место во 2022 година. Германија е седма на листата – скок од деветтото место лани. САД му доделија ниво 2 поради можна терористичка закана. Норвешка е на петтото место. Исланд го зазеде третото место на списокот најбезбедни места за патување во 2023 година, за разлика од првото место лани. И покрај малиот пад, северноевропската земја сè уште е рангирана како најмирна земја во светот според ГПИ, како и најниско ниво 1 на опасност, според САД. Данска е на второто место според „Беркшир“. Освен тоа, Копенхаген е на врвот на Индексот на безбедни градови за 2021 година. Холандија годинава е рангирана на прво место на листата на најбезбедни земји на „Беркшир“ и на 21 место на ГПИ. Американските патници кои беа анкетирани го препознаа Амстердам како еден од најбезбедните градови во светот. Стејт департментот на САД ја стави категоријата на ниво 2 за патување, поради извесна мала закана од тероризам
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najbezbedni-zemji-za-patuvanje-vo-2023-godina/feed/ 0
Борел: Да ги спречиме Русите да патуваат во ЕУ за шопинг и задоволство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-da-gi-sprechime-rusite-da-patuvaat-vo-eu-za-shoping-i-zadovolstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-da-gi-sprechime-rusite-da-patuvaat-vo-eu-za-shoping-i-zadovolstvo/#respond Wed, 31 Aug 2022 14:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=726811

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел од Прага порача дека целта на укинувањето на визната либерализација за Русите е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа, јави дописничката на МИА од Брисел. На прес-конференцијата по неформалниот министерски состанок на ЕУ за надворешни работи, шефот на ЕУ дипломатијата, Борел, најави дека е постигнат договор помеѓу 27-те земји-членки за да се суспендира целосно договорот за визно олеснување помеѓу ЕУ и Русија. – Ова значи дека ќе биде потешко да се добие виза за ЕУ, уште ќе биде можно, но значително ќе се намали бројот, објасни Борел пред новинарите. Ова подолго време го бараат земјите во Источна Европа и Балтикот. После повеќе недели преговори со Франција и Германија кои беа против, ЕУ сепак денеска донесе одлука да се укине слободното патување во ЕУ за руските граѓани. Борел даде повеќе причини за оваа одлука, едната е фактот што е зголемен бројот на преминување на границите на ЕУ, но и дека Унијата сака да ги спречи Русите да патуваат во Европа за задоволство и шопинг. До сега визниот договор со Русија беше суспендиран само за одредени лица и компании обвинети дека ја финансираат или поддржуваат војната во Украина и власта на Владимир Путин. – Оваа одлука ќе значи значително намалување на нови визи доделени од земјите членки на ЕУ, ќе биде потешко и подолго да се добие и бројот на нови визи ќе биде значително намален за да се спречи визен шопинг од страна на Руси кои бараат подобри услови, рече првиот дипломат на ЕУ. Земјите на ЕУ ќе можат сепак да доделуваат одредени визи на индивидуална база, затоа што, како што рече, ЕУ не сака да се отсече од оние Руси кои не ја поддржуваат војната како и од граѓанското општество. Одлучено е исто така да не се признаваат руските пасоши доделени во окупираните украински територии од страна на Русија. – Земјите соседи на Русија во ЕУ ќе имаат дозвола да го ограничат преминувањето на границата за Русите во согласно со Шенгенскиот граничен код, најави Борел. Останува уште да се дискутира и за веќе доделените визи за руски граѓани во ЕУ и дали треба и на тоа поле нешто да се преземе. За оваа цел земјите членки на ЕУ ќе побараат од Европската Комисија да изготви документ кој треба да се послужи како водилка за националните власти. Денешниот договор е политички договор бидејќи е донесен на неформален состанок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-da-gi-sprechime-rusite-da-patuvaat-vo-eu-za-shoping-i-zadovolstvo/feed/ 0
Никако немојте да ги заборавите: ОВИЕ неколку работи се неопходни за време на летувањето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikako-nemojte-da-gi-zaboravite-ovie-nekolku-raboti-se-neophodni-za-vreme-na-letuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikako-nemojte-da-gi-zaboravite-ovie-nekolku-raboti-se-neophodni-za-vreme-na-letuvanjeto/#respond Mon, 01 Aug 2022 19:30:41 +0000 https://kurir.mk/?p=712839

Во екот на подготовките за долгоочекуваниот одмор, секој од нас се труди да спакува се што му e потребно. Веднаш по пристигнувањето на дестинацијата, многумина од нас сфаќаат дека не спакувале баш се што им треба. За да ја спречите оваа ситуација, ве советуваме да започнете со пакување на време. Нека биде барем неколку дена пред патувањето. Дополнително, не би било лоша идеја да направите список, на чиј врв ќе ги напишете најосновните работи. Дополнително, добро би било да ги донесете и следните неколку, бидејќи не ретко се случува да притребаат за време на одморот. Собни папучи Иако ги има во многу хотели, луѓето генерално може да се чувствуваат непријатно да носат хотелски папучи, коишто ги носел некој пред нив. За движење низ просторијата, собните папучи ќе ви бидат навистина корисни. Подобро е да ги земете со себе, отколку да проверите со стапалата колку темелно е исчистен тепихот во просторијата. Тренерки На одмор секогаш треба да земете комплет тренерки или некоја друга долга и удобна облека со вас. Времето лесно може да се промени. Козметички прибор Често го заборавате, но секогаш ви треба. Кога веќе пакувате пинцета и турпија, не би било лоша идеја да понесете и ноктарица. Заштита од инсекти Ако барем еднаш сте се бореле со инсекти, знаете колку е залудно. Прашањето е дали во вашето сместување ќе имате мрежи против комарци на прозорците или уреди кои одбиваат инсекти, па секогаш е подобро да понесете таков уред или некој спреј на патувањето. Крема за изгореници Освен обична крема со заштитен фактор кој спречува изгореници од сонце, не би било лоша идеја да имате и некој крем кој би требало да ја намали болката, доколку се случи да изгорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikako-nemojte-da-gi-zaboravite-ovie-nekolku-raboti-se-neophodni-za-vreme-na-letuvanjeto/feed/ 0
Работи што секој пар треба да ги направи пред да има деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-shto-sekoj-par-treba-da-gi-napravi-pred-da-ima-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-shto-sekoj-par-treba-da-gi-napravi-pred-da-ima-deca/#respond Tue, 31 May 2022 15:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=684372

Пред да одлучите да имате бебе, искористете го ова време за да се посветите еден на друг Речиси секој пар со дете ќе потврди дека нивната врска е поделена во две фази – фаза пред детето и фаза по детето. Секоја романтична врска се менува откако детето ќе пристигне во семејството. Иако доаѓањето на првото дете означува радост, тоа подразбира и многу обврски и голема одговорност. Сето тоа многу влијае на односот меѓу партнерите. Не е нужно лошо, едноставно е различно. За жал, многу парови не знаат како да се справат со големите промени кои ги носи доаѓањето на детето, а кои можат да предизвикаат одредени проблеми и да создадат јаз меѓу мажите и жените. Оние кои навистина сакаат деца со нетрпение ги очекуваат промените и ги пречекуваат со раширени раце, но дури и тие признаваат дека по доаѓањето на бебето ништо не е исто. Поради сите овие причини, многу е важно да знаете да го цените сегашниот момент и да уживате во врската пред да донесете одлука за основање семејство. Според експертите за врски и терапевтите, постојат неколку работи што секој рационален пар треба да ги направи пред да има деца. Дознајте за што се работи подолу. Патувајте што е можно почесто Патувањето го збогатува животот, ни носи нови искуства и ни овозможува да ги прошириме нашите хоризонти. Откако ќе дојде бебето, патувањето е речиси невозможно, барем додека бебето малку не порасне. Многу е полесно да патувате сами или во пар, затоа задолжително посетете ги сите оние далечни дестинации за кои сонувате пред вие и вашиот партнер да одлучите да имате дете. Спијте добро Сите знаат дека по доаѓањето на бебето ќе има многу непроспиени ноќи, затоа искористете го овој период за себе и добро наспијте се. Уживајте во мрзливите и бавните утра со партнерот за време на викендот, дремете попладне, после вечерата… Спијте колку сакате бидејќи штом ќе дојде бебето, квалитетниот сон станува речиси невозможен. Уживајте во времето што го имате за себе Пред да одлучите да имате бебе, искористете го ова време за да се посветите еден на друг. Истражете ја вашата врска од сите аспекти и фокусирајте се на вашата љубов. Важно е и двајцата да бидете сигурни дека вашата љубов е „вистинската“ пред да одлучите да имате бебе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/raboti-shto-sekoj-par-treba-da-gi-napravi-pred-da-ima-deca/feed/ 0
Службеници од Владата патувале во Софија како новинари на државен трошок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzbenici-od-vladata-patuvale-vo-sofija-kako-novinari-na-drzaven-troshok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzbenici-od-vladata-patuvale-vo-sofija-kako-novinari-na-drzaven-troshok/#respond Sun, 22 May 2022 16:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=680237

Вработени во владината служба за општи и заеднички работи, како новинари, на државен трошок престојуваа во Бугарија три дена. Тие наводно отишле да присуствуваат и да информираат за првата меѓувладина седница меѓу Владата на РСМ и Владата на Бугарија, пренесува Алсат. Во документите што ги обезбеди Алсат, шестмина вработени во Владата, меѓу кои и шефот на службата Пеце Мирчевски, обезбедиле шест хотелски соби и превоз со возила од Владата. Генералната и заедничката служба на РСМ е должна да обезбеди хотелско сместување за македонските новинари во Софија, Република Бугарија, во врска со заедничката седница меѓу Владата на Република Северна Македонија и Република Бугарија, (24-25 јануари 2022 година). Во оваа насока, Службата треба да резервира 6 соби со по еден кревет, со полн пансион во периодот од 24.01 до 26. 01.2022 година за следните лица: 1. Пеце Мирчевски, 2. Сања Петковска, 3. Ивана Јаневска, 4. Благој Китев, 5. Александар Илиќ и 6. Александар Кошаркоски. Иако активностите за меѓувладината седница траеле два дена, од 24 до 25 јануари, според документите на Алсат, горенаведените лица во Бугарија престојувале три дена, од 24 до 26 јануари. Запрашани зошто шестмина вработени во службата морале да патуваат како новинари? Од Службата одговорија дека патувале како персонал ангажиран во организациски работи. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluzbenici-od-vladata-patuvale-vo-sofija-kako-novinari-na-drzaven-troshok/feed/ 0
Совети за патувања со бебе во возилото https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-patuvanja-so-bebe-vo-voziloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-patuvanja-so-bebe-vo-voziloto/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=667842

Патувањето со бебе понекогаш изгледа како потежок предизвик, но за среќа, тука се малите трикови коишто ќе помогнат сѐ да мине со што помалку стрес. Ако е можно, испланирајте го возењето така што тоа ќе се совпадне со времето кога бебето вообичаено спие. На овој начин ќе ја избегнете вознемиреноста и „лошото расположение“ на сите во возилото. Важно е да се обидете со слична рутина на одмор како кога сте дома. Можеби бебето спие два часа во своето креветче, но тоа време ќе биде пократко при патувањето. Детето треба да се чувствува удобно, па затоа се препорачуваат неколку ќебиња во автомобилот и задолжително благо затемнување на просторот во возилото. Ако бебето има повеќе од шест месеци, веројатно ќе треба да имате при рака и торба со неколку нови играчки. Сè тоа е занимливо, особено ако е ново, и малечкото ќе биде мотивирано да истражува… А, тоа најчесто значи и подолг мир во возилото. Доколку, пак, одите на релативно подолго патување, треба да има и повеќе оброци и закуски. На бебињата постари од шест месеци треба да им се дава храна која нема да создаде премногу неред во автомобилот, како банани и слично. Малечкото не треба да седи во бебешкото седиште повеќе од два часа, па затоа паузите се и повеќе од препорачливи, исто како и повременото лежење на автомобилското седиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-patuvanja-so-bebe-vo-voziloto/feed/ 0
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПАТУВААТ КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД: Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-koi-sakaat-da-patuvaat-kaj-nashiot-juzen-sosed-aktuelnite-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-prodolzeni-do-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-koi-sakaat-da-patuvaat-kaj-nashiot-juzen-sosed-aktuelnite-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-prodolzeni-do-1-maj/#respond Mon, 18 Apr 2022 07:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=664605

До 1 мај се продолжени актуелните правила и предуслови за патување во Грција, односно и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, мерки што важат и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, утрово стапи во сила, а важи до 1 мај 2022 година. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност до девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување во Грција. Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 37 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Северна Македонија. Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања. Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање. Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот. Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Непроменети се и мерките што важат во внатрешноста на Грција, маската и понатаму е задолжителна за сите затворени простори, а за влез во сите објекти, потребен е документ за Ковид-19 кој се скенира со специјална апликација. Исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи. Овие мерки ќе се променат од 1 мај, кога привремено, до 31 август се укинуваат сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, додека пак за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-koi-sakaat-da-patuvaat-kaj-nashiot-juzen-sosed-aktuelnite-pravila-za-patuvanje-vo-grcija-prodolzeni-do-1-maj/feed/ 0