пауза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пауза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/#respond Mon, 07 Aug 2023 16:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=864318

Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница - Штип, Валентина Златковска нагласува дека мајката има право на платени паузи за доење, па потребно е истите да се користат со цел мајката да не прекине предвремено да го дои своето бебе. Валентина Златковска -Оваа година тоа е вработената мајка и вработените родители и доењето. Не треба да биде пречка работата за доењето. Не треба мајките да изберат работа, а да не доат. Тоа се постигнува со основните мајчински права, платеното породилно отсуство, ама и кога ќе се вратат на работа треба работното место да биде прилагодено, да има пријателско опкружување, да има паузи за доење или измолзување на млеко и посебни објекти соби кадешто тоа ќе се спроведе, вели Златковска. Златковска истакнува дека македонското законодавство предвидува платено породилно отсуство, предвидени се паузи за време на работа за да може да се дои детето, но проблем е тоа што ретко овие права се искористени. Апелира до работодавачите да го спроведуваат законско предвиденото, а мајките да си ги бараат своите права. Оддел за неонатологија при Клиничка болница - Штип -Имаме породилно отсуство, кое е добро за разлика од други земји каде тоа е многу полошо и имаме платени паузи во законодавството, меѓутоа не се почитува доволно. Вниманието треба да биде свртено кон тоа овие паузи да бидат спроведувани и мајките да си ги бараат тие права, додава Златковска. Според податоците, половина милијарда мајки на светско ниво се лишени од можноста да ги уживаат своите мајчински права кои ги заслужуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neonatolozite-apeliraat-vrabotenite-majki-da-go-koristat-pravoto-na-pauza-za-doene-na-svoite-novorodenchina/feed/ 0
Подољак: Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podoljak-tehnichka-pauza-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-kje-prodolzat-utre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podoljak-tehnichka-pauza-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-kje-prodolzat-utre/#respond Mon, 14 Mar 2022 15:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=647091

Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак. -Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат, напиша Подољак на Твитер. Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podoljak-tehnichka-pauza-vo-pregovorite-megju-rusija-i-ukraina-kje-prodolzat-utre/feed/ 0
Собраниската седница за гласање доверба на Владата се уште на пауза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-za-glasanje-doverba-na-vladata-se-ushte-na-pauza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-za-glasanje-doverba-na-vladata-se-ushte-na-pauza/#respond Thu, 11 Nov 2021 14:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=594217

Собраниската седница за гласање на доверба на Владата се уште не продолжува иако помина повеќе од еден час од дадената пауза. Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели даде пауза по барање на Апасиев, кој повикувајќи се на член на Деловникот, побара претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата, бидејќи не е спречен за тоа. На претходното продолжение при пребројувањето на гласовите беше констатирано дека во салата има 60 пратеници, откако претседателот на Собранието Талат Џафери излезе од салата, а во неа не беа ниту пратениците од СДСМ и ДУИ. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не обезбеди мнозинство откако пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не се појави во Собранието и на Фејсбук објави дека нема да присуствува на седницата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-za-glasanje-doverba-na-vladata-se-ushte-na-pauza/feed/ 0
ФОТО: Грета Тунберг по пауза од една година, повторно тргна на училиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-greta-tunberg-po-pauza-od-edna-godina-povtorno-trgna-na-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-greta-tunberg-po-pauza-od-edna-godina-povtorno-trgna-na-uchilishte/#respond Tue, 25 Aug 2020 05:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=394886

Шведската активистка за заштита на климата, Грета Тунберг, денеска соопшти дека се вратила на училиште по едногодишната пауза. Тунберг на Фејсбук напиша дека завршила нејзината едногодишна пауза и дека е прекрасно чувството повторно да се биде на училиште. Во јуни 2019 година, таа соопшти дека ќе го напушти училиштето за остатокот од 2019 година и 2020 година за да се посвети на климатските цели. Минатата недела во Берлин таа се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, во намерата да ја замоли да ја преземе водечката улога во глобалната борба против климатските промени. -Таа има голема одговорност, но и одлична шанса да го преземе водството во борбата против климатските промени, рече Тунберг по средбата со германската канцеларка. Тунберг во петокот во Берлин учествуваше на митингот посветен на заштитата на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-greta-tunberg-po-pauza-od-edna-godina-povtorno-trgna-na-uchilishte/feed/ 0
Кејн поради повреда ќе паузира еден месец https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-poradi-povreda-kje-pauzira-eden-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-poradi-povreda-kje-pauzira-eden-mesec/#respond Tue, 15 Jan 2019 09:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=152334

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени околу еден месец, објави „Телеграф“. Капитенот на Англија го повреди зглобот на натпреварот од 22. коло од првенството на Англија против Манчестер Јунајтед (0:1) одигран на 13 јануари. Така, Кејн веројатно ќе го пропушти дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Во тековната сезона, Кејн одигра 31 натпревар, постигна 20 гола и оствари пет асистенции, па неговото отсуство ќе претставува огромен хендикеп за лондонскиот премиерлигаш. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-poradi-povreda-kje-pauzira-eden-mesec/feed/ 0
Колкаво е значењето на паузата за ручек за менталното здравје? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolkavo-e-znachenjeto-na-pauzata-za-ruchek-za-mentalnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolkavo-e-znachenjeto-na-pauzata-za-ruchek-za-mentalnoto-zdravje/#respond Tue, 30 Oct 2018 07:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=121167

Шпанија и Италија се меѓу земјите со најдолг пауза за ручек. Традиционалната шпанска „сиеста” како тричасовен одмор во средината на работен ден, е светски позната и навистина работи. Италијанците го сметаат ручекот како најважен оброк и ги затвораат продавниците помеѓу 13 и 15 часот без проблеми со цел да уживаат во специјалитетите на локалната кујна во кругот на семејството. Остатокот од современиот свет сѐ уште не ги разбира придобивките што доведоа до прекин од секојдневните деловни барања и обврски. Анкетите покажуваат дека половина од вработените не можат да си дозволат кратка пауза поради премногу работа, додека третина се жали на притисокот од менаџерите да работат дури и за време на наводно платениот одмор. Резултати од истражување се вознемирувачки бидејќи паузата за ручек е единствената можност за релаксација за време на навидум бескрајни работни часови. Макар и половина-час дистанцирање од преоптоварувањето на работното оптоварување значително го намалува стресот. Најпопуларните паузи, како што се кафе-пауза  или „вентилирање“ за проблемот, воопшто не помагаат и само уште повеќе заморуваат. Затоа, паузата за ручек е исклучително важна, а не банална, и важно е да се процени каков вид пауза е најкорисен за менталното здравје на вработените. Користејќи анализа на дневници што ги пополнувале преку 1.000 работници од разни германски компании, три пати на ден за две недели, психолозите на Универзитетот во Мајнхам тестирале различни методи за закрепнување од работата со мерење на две клучни димензии – замор и вклученост во работата. Резултатите покажаа дека релаксација, асоцијација со другите и слобода да се одлучи како да се помине паузата за ручек, е поврзано со намален замор и зголемена вклученост во работата за време на попладневните часови. Релаксацијата првенствено се однесува на физичка релаксација, како што е намалување на мускулната тензија од непријатно седење во текот на денот. Поврзаноста подразбира  блискост со другите, што значи дека вработените се чувствуваат како прифатени и ценети членови на група или заедница со која ги споделува своите грижи и успеси. Во таа смисла, се препорачува ручекот да се потроши со луѓе кои ни се драги и со кои се чувствуваме удобно и опуштено. Истражувањата на Шарлот Фриц, професор по организациска психологија на Универзитетот во Портланд, покажаа дека мини-паузи од работа, како што се телефонски разговори, проверка на социјалните мрежи, не се поврзани само со намалувањето на замор, туку и го зајакнуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolkavo-e-znachenjeto-na-pauzata-za-ruchek-za-mentalnoto-zdravje/feed/ 0
Чех поради повреда надвор од терените еден месец https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheh-poradi-povreda-nadvor-od-terenite-eden-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheh-poradi-povreda-nadvor-od-terenite-eden-mesec/#respond Wed, 03 Oct 2018 10:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=110060

Голманот на Арсенал, Петр Чех ќе пропушти 3-4 недели поради повреда, информира лондонскиот клуб преку официјалната веб-страница. Чешкиот голман има повреда на левата нога здобиена на натпреварот од 7-миот круг во Премиер лигата против Вотфорд (2:0). Чех (36) се пресели во Арсенал во 2015 година. Оваа сезона, тој одигра седум натпревари во шампионатот на Англија и прими девет гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheh-poradi-povreda-nadvor-od-terenite-eden-mesec/feed/ 0
Кој ќе паузира најдолго, а кој ќе игра и на празници? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koj-kje-pauzira-najdolgo-a-koj-kje-igra-i-na-praznici-2/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koj-kje-pauzira-najdolgo-a-koj-kje-igra-i-na-praznici-2/#respond Thu, 28 Dec 2017 12:27:49 +0000 http://kurir.mk/?p=3544

Во англиската Премиер лига традиционално се игра и на Божиќ и за Нова година. Премиерлигашки фудбал на програмата е денес, последните два дена од 2017, како и првите четири дена од новата 2018 година. Најдолга пауза во Европа ќе имаат руските фудбалски екипи. Тие се на зимски распуст од  11 декември до 2 март. Од другите ТОП 5 европски лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија и Италија), германските бундеслигаши ќе паузираат скоро еден месец (17 декември – 12 јануари), додека Французите се на одмор околу три седмици (20 декември – 12 јануари). Шпанците го одиграа својот последен натпревар на 23 декември а следниот дуел во Примера е на 6 јануари. Италијанските клубови ќе одмораат од 6 – 21 јануари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koj-kje-pauzira-najdolgo-a-koj-kje-igra-i-na-praznici-2/feed/ 0