павел зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Feb 2022 06:07:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png павел зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски бара прогласување воена состојба: Потврди дека Русија извршила ракетни напади во Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/#respond Thu, 24 Feb 2022 06:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=635651

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги потврди дека Русија извршила ракетни напади, јави Би-Би-Си. Претходно медиумите соопштија за голем број експлозии во Украина, за кои се претпоставуваше дека се напади од руската војска. Зеленски истакна дека Русија извршила ракетни напади врз инфраструктурата на Украина и врз граничарите. Тој, исто така, го повика својот Совет за национална безбедност и одбрана да прогласи воена состојба. Се очекува Советот да одржи итен состанок на кој ќе се реши ова прашање Во тек е телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден. Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, им изјави за новинарите на официјалната WhatsApp група дека руските војници се истовариле во градот Одеса и ја преминуваат границата кон градот Харков. Герашченко додаде дека имало ракетни напади на аеродромот Василковски во близина на Киев. Тој исто така рече дека градоначалникот на Днепропетровск Борис Филатов му се јавил да каже дека слушна експлозии. Амбасадорот на Украина во Обединетите нации, Сергиј Кислица, на итниот состанок на Советот за безбедност предупреди дека е предоцна за деескалација. -Доцна е, драги колеги, да се зборува за деескалација. Рускиот претседател објави војна, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/feed/ 0
Близок соработник на Навални притворен во Москва до 28 февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/#respond Sat, 16 Jan 2021 16:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=456301

Суд во Москва денеска му одреди мерка притвор до 28 февруари на Павел Зеленски, член на Фондацијата за борба против корупција на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, под обвинение дека на Интернет поттикнувал на екстремизам, се наведува во соопштението на судот. На Зеленски му е одреден притвор само еден ден пред планираното враќање на Навални во Русија, откако тој наводно беше отруен во август, а потоа беше префрлен на лекување во Германија. Според шефот на Агора, групата за човекови права со седиште во Москва, Зеленски, кој работи како снимател во фондацијата Навални, бил приведен вчера. Повикувајќи се на адвокатот на Зеленски, од Агора наведуваат дека случајот се темели на негова објава на Твитер од минатиот октомври, во која има фотографија од руската новинарка Ирина Славина. Новинарката Славина почина откако се запали пред Министерството за внатрешни работи, еден ден откако полицијата изврши претрес на нејзиниот стан. „Нема да се откажеме и ќе му помогнеме на семејството на Паша Зеленски на секој можен начин“, на Твитер порача директорот на Фондацијата за борба против корупција, Иван Жданов, по денешното судското рочиште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blizok-sorabotnik-na-navalni-pritvoren-vo-moskva-do-28-fevruari/feed/ 0