павле димов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 14:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png павле димов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димов: Бочварски ако не ги исполни нашите барања за експресниот пат Градско – Прилеп, од први јули го активираме штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimov-bochvarski-ako-ne-gi-ispolni-nashite-baranja-za-ekspresniot-pat-gradsko-prilep-od-prvi-juli-go-aktivirame-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimov-bochvarski-ako-ne-gi-ispolni-nashite-baranja-za-ekspresniot-pat-gradsko-prilep-od-prvi-juli-go-aktivirame-shtrajkot/#respond Mon, 13 Jun 2022 14:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=690207

Павле Димов, советник во Општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми го потсети министерот за транспорт и врски што имал ветувано во Сирково, дека токму ова село ќе добие клучка за експресниот пат Градско – Прилеп. „Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука“, појасни Димов. Димов додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого. „Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско - Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба“, нагласи Димов. Димов нагласи – „Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimov-bochvarski-ako-ne-gi-ispolni-nashite-baranja-za-ekspresniot-pat-gradsko-prilep-od-prvi-juli-go-aktivirame-shtrajkot/feed/ 0