павле трајанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 10:45:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png павле трајанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на измените на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/#respond Tue, 19 Sep 2023 10:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=879495

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата. Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции. Воедно, се очекува Уставниот суд по службена должност да донесе времена мерка за одложување на примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за Иницијативата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Трајанов со три барања до Фон дер Лајен, предлага распуштање на Собранието и предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/#respond Sun, 20 Aug 2023 12:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=868857

За уставните промени нема граѓански и политички консензус, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“. Нагласувајќи дека Демократскиот сојуз е цврство определен државава да биде полноправна членка на Европската Унија, Трајанов соопшти дека до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање - Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет. -Второ, Советот на Европската Унија од Преговарачката рамка да ги изостави билателарните прашања или најмалку да донесе одлука со која ќе се дадат гаранции дека билатералните прашања не можат да бидат основа за блокада на Македонија на патот кон ЕУ. И трето, Советот на ЕУ да донесе одлука за тоа дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик по приемот на Македонија во ЕУ. Очекувам зад овие три клучни барања да застанат сите политички партии, претседателот Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија, истакна Трајанов. Во однос на уставните измени што се предлагаат од Владата, лидерот на Демократски сојуз посочи дека Владата ја прифатила Преговарачката рамка „без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“. -Преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската архиепископија. Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, рече Трајанов. Според него, Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, „вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик“. -Но вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на макеонски јазик, но и дека Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија, додаде Трајанов на прес-конференцијата. Поради недоволната поддршка за уставни промени, тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори кои, како што рече, „се наш национален и стратешки интерес“. -Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ: Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори, порача Трајанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/feed/ 0
Павле Трајанов бара оставки во Владата: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/#respond Tue, 08 Aug 2023 08:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=864507

Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите, вели Павле Трајанов. „Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година. Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата,туку Владата. Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати. После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата. Мој совет Ви е, поднесете оставка“ - посочува тој!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/feed/ 0
ДС: Ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е сериозна опомена против политичката мафија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-stavaneto-na-ramiz-merko-na-tsrnata-lista-na-sad-e-seriozna-opomena-protiv-politichkata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-stavaneto-na-ramiz-merko-na-tsrnata-lista-na-sad-e-seriozna-opomena-protiv-politichkata-mafija/#respond Fri, 23 Jun 2023 08:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=848887

Демократскиот сојуз апелира дека ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е „сериозна опомена против политичката мафија“ која владее со Македонија и против која никој не се осмелува да започне системска „војна“ сѐ до нејзино искоренување. Државата ни е во колапс, партизацијата и неподготвеноста да се изградат независни институции надвор од партиските влијанија и центрите на моќ, го суспендира владењето на правото и законитоста -велат од партијата. Тие велат дека лидерите на овој октопот ја уништуваат и надежта на младите. Потребен ни е генерален ремонт на државата, но тој процес ќе потрае сѐ до следните парламентарни и претседателски избори и донесување на нов Устав на Македонија. Инаку, Уставот го гуши демократскиот развој и одговорноста, како предуслови за државата да се движи напред – додаваат од ДС. Партијата итно го повика Собранието да го донесе Законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со што, како што велат тие, ќе започне жестока борба и справување со криминалот што го прават функционерите. Демократски сојуз потсетува дека овој закон пред неколку дена, во првата фаза го поддржаа пратениците од сите партии. Наместо министрите да се чудат за тоа како Мерко се нашол на црната листа, да погледнат околу себе и да видат дека се бетер од Мерко и да се повлечат од функциите, а не еуфорично да ги повикуваат институциите да делуваат, кои во суштина се блокирани од самите нив – заклучија од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-stavaneto-na-ramiz-merko-na-tsrnata-lista-na-sad-e-seriozna-opomena-protiv-politichkata-mafija/feed/ 0
Трајанов за Република: Мицкоски не прифати уставни измени, СДСМ спинува и ја манипулира јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-republika-mitskoski-ne-prifati-ustavni-izmeni-sdsm-spinuva-i-ja-manipulira-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-republika-mitskoski-ne-prifati-ustavni-izmeni-sdsm-spinuva-i-ja-manipulira-javnosta/#respond Tue, 13 Jun 2023 07:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=845162

Пратеникот во македонското собрание и доскорешен владин партнер Павле Трајанов во видео интервју за порталот „Република“, вели дека тврдењата на СДСМ во јавноста оти на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прифатил уставните измени се класишен спин и класична манипулација. "Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамeнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство", вели Трајанов за „Република“. Претседателот на Демократски сојуз, во продолжение на интервјуто вели дека не можел да одлучи кој повеќе лаже во СДСМ, Заев или Ковачевски. Тоа е матрица на СДСМ. Сѐ ветуваат, ништо не одбиваат, но ништо од тоа не исполнуваат. Во разговорите тие атер не кршат, но работа не вршат, опишува Трајанов. Тој се потсети на една од најголемите лаги на СДСМ и Заев поврзана со Елисејската палата и Макрон. Тоа се случуваше кога Заев ги изгуби и започнаа консултации со коалциските партнери. Заев пред сите најавуваше дека веќе има договор дека Макрон ќе организира голем собир во Елисејската палата во Париз, каде што ќе се одржи таа прва меѓувладина конференција и од тој датум ќе започнат пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа беше основа сите ние да поверуваме и да инсистираме оставката на Заев да се одложи по секоја цена со цел ако е тоа историска шанса, да не бидеме ние одговорни дека еве владата паднала поради неединство на коалциските партнери. Ние јасно презентиравме дека ако тоа не се случи, ќе се повлечеме од владата. Ниту Елисејската палата ја видовме, ниту договор и дури во јуни излезе францускиот предлог кој и Стево Пендаровски како претседател го отфрли како и Владата и Ковачевски и по десетина дена со некакви дотерувања и во суштина ништо не се промени го прифатија. Тоа е замката во која влезе Македонија и сега последиците треба да ги разрешуваме или да ги трпиме. Трајанов смета дека е добро да се создаде една широка коалицска влада поддржана од сите партии и оти тоа е во интерес на нашите национални и стратешки интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-republika-mitskoski-ne-prifati-ustavni-izmeni-sdsm-spinuva-i-ja-manipulira-javnosta/feed/ 0
Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-se-otvora-rasprava-za-edna-izborna-edinitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-se-otvora-rasprava-za-edna-izborna-edinitsa/#respond Wed, 07 Jun 2023 08:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=843078

По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог -измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници. Од Демократскиот сојуз сметаат дека со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина. Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања. „Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува“, порача претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-se-otvora-rasprava-za-edna-izborna-edinitsa/feed/ 0
Груби формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“, обвинуваат од Демократскиот сојуз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-formira-novo-ministerstvo-za-proektot-behtel-i-enka-obvinuvaat-od-demokratskiot-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-formira-novo-ministerstvo-za-proektot-behtel-i-enka-obvinuvaat-od-demokratskiot-sojuz/#respond Wed, 19 Apr 2023 10:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=825428

Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување на 30-тина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, кое за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција, обвинуваат од Демократскиот сојуз. Од партијата велат дека огласот за ангажирање на помошник координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП. -Со тоа и Министерството за транспорт и врски кои се надлежни за изградба на автопатите. Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креираше како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање на лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушнот за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра, пишуваат од ДС. Според партијата на Павле Трајанов, најновиот развој на настаните само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој, како што велат, власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување на девет закони во скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-formira-novo-ministerstvo-za-proektot-behtel-i-enka-obvinuvaat-od-demokratskiot-sojuz/feed/ 0
После СПМ и Демократски сојуз без член во работната група за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-spm-i-demokratski-sojuz-bez-chlen-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-spm-i-demokratski-sojuz-bez-chlen-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/#respond Sat, 08 Apr 2023 09:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=821779

Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз (ДС) нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот, соопштија денеска од партијата. Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите. Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот“, велат од ДС. Демократскиот сојуз бара владата директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија. „Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија“, сметаат од ДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-spm-i-demokratski-sojuz-bez-chlen-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
Демократски сојуз: Бехтел и Енка за раскрчмување на народните пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-behtel-i-enka-za-raskrchmuvane-na-narodnite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-behtel-i-enka-za-raskrchmuvane-na-narodnite-pari/#respond Wed, 15 Mar 2023 09:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=812143

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот Бехтел И Енка, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата). Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата, велат од оваа партија. Предлагаат Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа. „На испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности“, истакнуваат од Демократскиот сојуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-behtel-i-enka-za-raskrchmuvane-na-narodnite-pari/feed/ 0
Трајанов предложи закон за формирање независна агенција за борба против корупција и криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-predlozhi-zakon-za-formirane-nezavisna-agentsija-za-borba-protiv-koruptsija-i-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-predlozhi-zakon-za-formirane-nezavisna-agentsija-za-borba-protiv-koruptsija-i-kriminal/#respond Tue, 07 Mar 2023 13:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=809120

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на прес-конференција во Собранието соопшти дека денеска до собраниските служби поднел Предлог -закон за борба против тешките облици на организиран кримиал и висока корупција, кој како што вели, ќе овозможи искоренување на тешките облици на корупција, неселективна војна против криминалот и имплементација на европските вредности. -Скоро сите имаме единствен став, а такви се ставовите и на ЕУ и на САД дека Македонија е криминализирана држава, дека се загрозени основноте вредности, правата на граѓаните, но што е најбитно загрозен е опстанокотна државата и Уставниот поредок. Поради тоа мислам дека со овој закон навистина ќе се престроиме и определиме кои сме за ЕУ, за вистинска борба против тешките облици на криминал и корупцијата, а кои само вербално зборуваат за борба против криминалот, а досега ништо не преземаа, рече Трајанов, образложувајќи ги причините за поднесување на законот во постапка пред Парламентот. Тој предлага да се формира независна агенција надвор од политичката и партиска моќ, која, вели, ќе биде отпорна на какви било партиски, коруптивни или бизнис влијанија, составена од професионалници кои ќе можат да работат на откривање тешки облици криминал кои го прават носители на високи државни функции. Агенцијата, вели, треба да работи и на откривање на скриениот имот на носители на државни позиции кој го стекнале на криминален начин. Новина, според него, е тоа, што доколку се открие таков нелегално стекнат имот, а е стекнат за време на извршување на функцијата, тој имот задолжително да се конфискува. Предлага и заштитна мерка – забрана на политичко дејствување до 10 години, ако некој е осуден за вклучесност во тешки облици на организиран криминал. Освен што ќе открива тешки кривични дела со вредност над 100. 000 евра вредност, таа треба да ги следи и јавните набавки преку кои, вели тој, се одлеваат милиони евра во приватни џебови, бидејќи според него над 90 проценти од нив се наместени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-predlozhi-zakon-za-formirane-nezavisna-agentsija-za-borba-protiv-koruptsija-i-kriminal/feed/ 0