павлинче честојнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jan 2020 13:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png павлинче честојнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Честојнова: Македонска пошта губи милиони поради неажурноста на Агенција за пошти! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-makedonska-poshta-gubi-milioni-poradi-neazurnosta-na-agencija-za-poshti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-makedonska-poshta-gubi-milioni-poradi-neazurnosta-na-agencija-za-poshti/#respond Thu, 09 Jan 2020 13:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=287464

Меѓу повеќето надлежности на Агенцијата ќе се осврнам само на неколку следење на работа на давателот на поштенски услуги, следење на развојот на пазарот на поштенски услуги. Морам да забележам дека Агенцијата за пошти дозволува нелојална конкуренција на пазарот на поштенски услуги, а со тоа неквалитетна конкуренција, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова говорејќи на собраниската седница на која точка на дневен ред беше извештајот од Агенцијата за пошти. Таа посочи дека Македонска пошта има екслузивно право на пратките за прием, пренос и достава до 50 грама со што само македонска пошта може да го прави ова. -Но, јавна тајна е дека сметките чија тежина достасува до само 20 грама се доставувани од приватни опеартори главно во градските подрачја, додека во селата каде доставата е потешка ја прави Македонска пошта. Ова ја води Македонска пошта кон загуби. И сето ова се прави пред очите на Агенцијата за пошти, рече Честојнова. Според неа, Агенцијата мора да преземе нешто во врска со тоа. -Со ова се дозволува нелојална конкуренција што води кон намален сообраќај или пратки за 7 проценти помалку споредено со лани, зборуваме за пратките на писма, рече Честојнова. Македонска пошта има развиена мрежа. -Но верувам работи со загуба свесно за да ги задоволи потребите на граѓаните. Значи Македонска пошта губи милиони суми поради неажурноста на Агенцијата за пошти, рече Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-makedonska-poshta-gubi-milioni-poradi-neazurnosta-na-agencija-za-poshti/feed/ 0
Честојнова до СДСМ: Ова е популистички, предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-sdsm-ova-e-populistichki-predizboren-budzet-so-koj-se-potcenuvaat-gragjanite-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-sdsm-ova-e-populistichki-predizboren-budzet-so-koj-se-potcenuvaat-gragjanite-na-republika-makedonija/#respond Fri, 29 Nov 2019 16:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=271197

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека оваа влада е толку неспособна што за овие три години ниту 10% од ветените проекти нема ништо исполнето. Веќе четврти ден овде на Комисија за финансирање и буџет расправаме за буџетот 2020 година. И секако за последниот буџет кој оваа влада за среќа го прави. Не знам дали има нешто, дали остана нешто во овие 4 дена што од страна на моите колеги не е кажано. Но сепак испровоцирана од некои работи се јавив за дискусија, појасни Честојнова. Честојнова додаде дека не постои никаква дилема за тоа дека овој буџет предложен од министерство за финансии воопшто не е развоен како што се обидува да се прикаже. Напротив ова е популистички, предизборен буџет со кој се потценуваат граѓаните на Република Македонија. Повеќе од јасно е дека ова т.н. инвестирање во човечки капитал го користите како евтин популизам и груб обид за поткуп со државни пари. Но за среќа народот ве прочита и не верува повеќе во вашите предизборни лаги. Не ви верува, затоа што ниту 10% од вашата програма од парламентарните избори во овие три години не успеавте да исполните, нагласи Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-sdsm-ova-e-populistichki-predizboren-budzet-so-koj-se-potcenuvaat-gragjanite-na-republika-makedonija/feed/ 0
Честојнова до Заев: Дали знаете Вие со какви маки и проблеми се соочуваат болните во помалите градови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-dali-znaete-vie-so-kakvi-maki-i-problemi-se-soochuvaat-bolnite-vo-pomalite-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-dali-znaete-vie-so-kakvi-maki-i-problemi-se-soochuvaat-bolnite-vo-pomalite-gradovi/#respond Tue, 12 Nov 2019 14:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=263093

Пратеничката Павлинче Честојнова денес на собраниска седница посочи дека пред да дојде СДСМ на власт во Неготино ветуваа се и сешто, за на крај кога дојдоа на власт на централно и на локално ниво ништо не исполнија. -Благодарност до Премиерот што ни го прочита CV-то на идниот заменик министер за здравство, кое што ние секако го имавме. И секако изненадена сум од Премиерот кој што по којзнае кој пат не ни предочи на сите нас кои не веруваме во тоа дека Македонија и македонското здравство блеска, истакна Честојнова. Честојнова додаде дека во програмата на СДСМ ветуваа многу работи оваа власт. Во Неготино за парламентарните и локалните избори ветуваа дека ќе се отвори повторно породилниот дом. Наместо тоа во прашање се доведе и работењето на Брзата помош и како воопшто на здравствениот дом во Неготино. -Премиере, дали знаете Вие со какви маки и проблеми, имаат болните во помалите градови и со што се тие се соочуваат. Токму денес ни се јави една наша сограѓанка од Неготино инаку инвалид, на која пред една година и е укината негата и која е прогласена за работно способна иако не може самата нормално да функционира. Таа живее со сопругот од неговата инвалидска пензија. Во една недела таа со пензија од 10.300 денари има закажано магнетна резонанца во Битола и ЕМГ во Куманово заради укинатите термини во сите други поблиски градови околу Неготино. И сето тоа со пензија од 10.300 денари треба тоа да го направи, знаете ли Вие премиер дека хронични болни во Македонија терапија која што мора да ја примат редовно ја нема во нашите аптеки? Ја има во сите соседни држави, само во нашите аптеки ја нема. Па затоа ја набавуваат до странство, појасни Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-dali-znaete-vie-so-kakvi-maki-i-problemi-se-soochuvaat-bolnite-vo-pomalite-gradovi/feed/ 0
Честојнова: Оваа измена на законот за вино е нов вид на уцена и девалвирање на лозарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-izmena-na-zakonot-za-vino-e-nov-vid-na-ucena-i-devalviranje-na-lozarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-izmena-na-zakonot-za-vino-e-nov-vid-na-ucena-i-devalviranje-na-lozarite/#respond Thu, 07 Nov 2019 13:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=261295

На денешната собраниска седница пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на носењето на секој закон како и измените и промените во законот е подобрување на условите за работи, за живот, за тие за кој е наменет законот. Односно целта на секоја измена во законот е секогаш за подобрување на веќе постоечкото законско решение. Што не е случај за овој предлог законот што секако не е во таа насока, за законот со вино. -Мило ми е што денес сме конечно почестени со присуството на министерот за земјоделие на денешната седница. Затоа би сакала да Ве прашам министре од каде произлезе овој предлог закон, со кој се консултиравте? Дали е ова тоа што е потребно во моментот и што ќе ги реши проблемите на лозарите, запраша Честојнова. Честојнова исто така истакна дека овие измени во законот за вино, не носат ништо добро за лозарите. Оваа измена на законот за вино е нов вид на уцена и девалвирање на лозарите. Овие измени на законот за вино носат огромен ризик за иднината на лозарите во Македонија. -Со амандман предложивме комплетно бришење на членот 3 од овој предлог од закон, се со цел да се задржи автентичноста на македонското вино. Да се спречи дополнително нарушување на пазарот и процесот на откуп на грозје, и депресирање на откупната цена на грозјето на барањето за зголемување на содржината на шеќерните единици, додаде Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-izmena-na-zakonot-za-vino-e-nov-vid-na-ucena-i-devalviranje-na-lozarite/feed/ 0
Честојнова: СДСМ по кој знае којпат ги излажа земјоделците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sdsm-po-koj-znae-kojpat-gi-izlaza-zemjodelcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sdsm-po-koj-znae-kojpat-gi-izlaza-zemjodelcite/#respond Tue, 30 Jul 2019 18:06:20 +0000 https://kurir.mk/?p=224788

Павлинче Честојнова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека таа како пратеник од Тиквешијаата, 90% од луѓето кои ги претставува се занимават токму со земјоделие при што кажа дека секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува сите законски решенија кои се во интерес на земјоделците, а посебно како во овој случај токму во интерес на лозарите. -Значителен број на земјоделски производители не го остварија правото на дополнителна помош од членот 99 од законот за земјоделство и рурален развој. Со одлука на Влада и врз основа на програмата за финасиска поддршка во земјоделието.Токму затоа уште минатиот месец и го иницирав ова прашање на пратеничко прашање односно ја иницирав исплатата на лозарите кои своето грозје го имаат предадено на винасрките визби „Поварадарие“ и „Стефани“, посочи Честојнова. Таа кажа дека како одговор од тогашниот министер за земејоделие, Љупчо Николовски и било одговорено дека не се исплатено 666 лица кои не биле корисници на основната мерка директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на посотечки лозови насади од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделието во перидот од 2014 -2016. -Јас тогаш гласав и го предложив овој закон и дадов целосна поддршка на ова дополнување на законот.Но и тогаш реков и сега дека се надевам дека и овојпат земјоделцит немаа да бидат изманипулирани и излажани. И навистина после попмезно најавување, средби коишто беа оставрени ја не верував може да се случи земјоделците односно лозарите да бидат повторно изманипулирани. Верував дека барем овојпат оваа влада ќе си остане на зборот, истакна пратеничаката. Честојнова потенцира дека на овој начин СДСМ ги злоупотреби во предизборната кампања. -Земјоделците по којзнае којпат беа излажани. Денеска имавте можност да го исправите тоа и овие близу 700 земјоделци да бидат исплатени. Но наместо тоа овој предлог закон не наиде на ваша поддршка од ваша страна и без образложение на комисијата за земјоделие беше отфрлен, додаде пратеничката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sdsm-po-koj-znae-kojpat-gi-izlaza-zemjodelcite/feed/ 0
Честојнова до заменик министерот за земјоделие: Дали сте запознаени дека од денес вработените во АД Водостопанство Тиквеш стапија во генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zamenik-ministerot-za-zemjodelie-dali-ste-zapoznaeni-deka-od-denes-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-tikvesh-stapija-vo-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zamenik-ministerot-za-zemjodelie-dali-ste-zapoznaeni-deka-od-denes-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-tikvesh-stapija-vo-generalen-shtrajk/#respond Thu, 18 Jul 2019 17:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=219905

Пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на Комисија за земјоделие го запраша заменик министерот дали е запознаен за состојбите на АД Водостопанство Тиквеш. Од денес вработените во АД Водостопанство Тиквеш стапија во генерален штрајк. Дали сте известени дека 70 вработени веќе два месеци поточно 78 дена немаат земено плата, додаде Честојнова. Честојнова на заменик министерот за земјоделие му појасни дека доцни онаа минимална плата што ја земаат од 12.000 денари, 78 дена овие вработени ја немаат земено. Барањето на вработените во АД Водостопанство Тиквеш е исплата на платите односно на двете задоцнети плати најдоцна до 19 јули поточно овој месец, истакна Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zamenik-ministerot-za-zemjodelie-dali-ste-zapoznaeni-deka-od-denes-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-tikvesh-stapija-vo-generalen-shtrajk/feed/ 0
Честојнова: Ги искористивте земјоделците пред избори, сега воопшто не ви е грижа за нивните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-gi-iskoristivte-zemjodelcite-pred-izbori-sega-voopshto-ne-vi-e-griza-za-nivnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-gi-iskoristivte-zemjodelcite-pred-izbori-sega-voopshto-ne-vi-e-griza-za-nivnite-problemi/#respond Thu, 30 May 2019 18:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=203721

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања постави три прашања до министерот за земјоделство Љупчо Николовски кои се однесуваа на проблемите на земјоделците од Тиквешијата. Имено Честојнова, го потсети Николовски дека во месец февруари ветувал целосно обештетување и исплаќање на средства на лозарите кои своето грозје го предале во винарските визби Повардарие и Стефани, посочувајќи дека и покрај тоа што ги излажал лозарите дека целосно ќе ги обештети, Николовски тоа го направил дури 5 дена пред претседателските избори. Според неа, иако Николовски направил прекршување на законите кои што јасно нагласуваат дека за време на изборна кампања не смее да има исплаќање на средства, министерството за земјоделие исплатило средства но не на сите оштетени земјоделци. -На 4 февруари 2019 година во Собранието изгласавме дополнување на законот за земјоделство и рурален развој во скратена постапка, што значи дека вие како влада законски се обврзавте дека лозарите кои своето грозје го имаат предадено во Винарска визба Повардарие и винарска визба Стефани ќе бидат обештетени и исплатени. Со што требаше да бидат опфатени околу 1.000 лозари од Тиквешијата и што беше многу важно овој закон стапи в сила веднаш по објавувањето во Сл. Весник а како што реков објавувањето. Од министерот за земјоделие беше јавно дадено ветување дека лозарите најпрво ќе бидат исплатени на празникот на лозарите, поточно на 14 февруари, па потоа го пролонгира на крајот на февруари, па пото на пратеничко прашање одговори дека на крајот на март ќе бидат исплатени. За на крај да видиме сите дека само 5 дена пред избори, во време кога е недозволена ваква исплата на средства, вие започнавте со исплата на овие средства. Но, и покрај тоа се ќе ви беше опростено бидејќи целта ги оправдува средствата, само доколу сите лозари си ги земаа парите и беа обештетени. Но, за жал тоа не се случи, ниту беа исплатени, ниту пак тие кои што беа исплатени не се целосно 100 процентно обештетен, вели Честојнова. Значи ли ова дека ова сето беше само предизборно купување на гласови. Значи ли ова дека земјоделците, поточно лозарите од Тиквешијата се повторно излажани од оваа влада? Моето прашање до вас е кога лозарите ќе бидат конечно и целосно обештетени, праша Честојнова. Второто прашање се однесуваше на персоналниот данок од 2 процента кои што го плаќаат регистрираните земјоделци. Второто прашање исто така се однесува за земјоделците, односно за персоналниот данок од 2 посто кои што регистрираните земјоделци не го плаќаат односно се ослободени од плаќање? Додавајќи дека оваа година за прв пат до сега уште при исплата на грозјето овие два проценти биле задржани од страна на винарските визби со укажување дека парите ќе им бидат надокнадно исплатени. Но, како што спомена таа во општина Неготино има 500 регистрирани земјоделци кои што се загрижени и бараат информација од министерот за земјоделие кога тие пари кои се нивни и се чесно заработени ќе им бидат префрлени на нивните трансакциски сметки. Третото прашање се однесување на каналите за наводнување, укажувајќи дека земјоделците бараат помош од министерот овој проблем да се реши на време бидејќи предствавува голема опасност за земјоделските производи. -Третото прашање се однесува за каналите за наводнување во Тиквешијата со кои стопанисува Водостопанство Тиквеш. Водата за полевање иако со задоцнување сепак е пуштена. Но, водата се пушти низа канали полни со земја и треба. Оваа година ниту се распиша тендер ниту некој ја исчисти 220 километарската каналска мрежа. Како резултат на тоа уште сега има огромен број на дефекти а Водостопанство Тиквеш не е подготвено да се справи со овие проблеми на терен. Секојдневни се поплаките од земјоделците кои садат тутун, пипер и домат, а имајќи во предвид колку е тоа мала површина во споредба со лозовиот насад, за кој полевањето допрва ни претстои со право се реакциите и загриженоста на земјоделците.Како вие како министерство планирате да го надмините овој сериозен проблем, праша пратеничката Честојново. За жал, на денешната седница за поставување на пратенички прашања не беше присутен министерот за земјоделие Николовски да одговори на овие прашања, со што според Честојнова тоа е само уште едно понижување и омаловажување на земјоделците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-gi-iskoristivte-zemjodelcite-pred-izbori-sega-voopshto-ne-vi-e-griza-za-nivnite-problemi/feed/ 0
Честојнова до Заев: Со чија одлука петте директори на ТЕЦ Неготино си ги покачија платите близу 100 посто? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-so-chija-odluka-pette-direktori-na-tec-negotino-si-gi-pokachija-platite-blizu-100-posto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-so-chija-odluka-pette-direktori-na-tec-negotino-si-gi-pokachija-platite-blizu-100-posto/#respond Thu, 28 Mar 2019 11:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=179808

На седница во Собранието на Република Македонија на пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, истакна дека не е задоволно од писмениот одговор што го добила од претседателот на владата, а се однесува на АД ТЕЦ Неготино, па повторно праша со чија одлука менаџерскиот тим, односно петте директори на АД ТЕЦ Неготино по стапување на функција си ги покачиле платите за близу 100 посто.

Таа го праша претседател на владата дали е запознат дека Управниот одбор на ТЕЦ Неготино е именуван од Надзорен одбор кој во тој момент бил незаконски со што сите одлуки  донесени од негова страна се незаконски.

Истакна дека на истото повторно добила оскуден одговор од претседателот на владата  дека не било точно дека Управниот одбор си ја зголемил платата затоа што тој орган е ненадлежен да го прави тоа, а не добила одговор кој им ја покачил платата на петте директори на ТЕЦ Неготино, дали тоа е Владата или Надзорниот одбор.

-Генералниот директор на ТЕЦ Неготино зема поголема месечна плата од Претседателот на Владата, а ништо помали не се ни платите на останатите четири директори кои земаат поголема плата од министрите во оваа влада и сите предходни влади, со што ги заслужија овие директори овие плати, праша пратеничката.

-Другото прашање на кое што не добив одговор од страна на претседателот на владата е незаконското поставување на Надзорниот одбор во ТЕЦ Неготино за кое што ја имам и сета потребна документација, имено двајца од тројцата членови во моментот на извршување на функцијата го немаат соодветното образование. Лице со 180 кредити извршува функција како управител на АД Славија и претседател на Надзорен одбор. Исто и другиот член со 180 ЕКТС извршува две функции и управител на АД Комуналец  и член на Надзорниот одбор, вели пратеничката.

-Ова е работа на Јавното обвинителство кое што треба да ги испита сите овие работи затоа што поседувам документи кои можат да го потврдат сето ова што го кажав, вели Честојнова.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-do-zaev-so-chija-odluka-pette-direktori-na-tec-negotino-si-gi-pokachija-platite-blizu-100-posto/feed/ 0
Честојнова: Оваа власт со лажни и конструирани дела одзема имунитет на пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-vlast-so-lazni-i-konstruirani-dela-odzema-imunitet-na-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-vlast-so-lazni-i-konstruirani-dela-odzema-imunitet-na-pratenici/#respond Sat, 23 Feb 2019 19:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=167535

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова на денешната комисиска седница за мандатно-имунитетни прашања жестоко ја нападна власта. -Веќе осми пат како власта на Република Македонија бара одземање на имунитет на пратеник од редовите на опозицијата. Оваа власт со лажни и конструирани дела одзема имунитет на пратеници, констатираше Честојнова. Таа се пожали дека да се биде пратеник во опозиција е огромна закана и ако ја критикуваш оваа влада предводена од СДСМ може да си следен на листа за отстрел можеби си следен на оваа комисија за одземање на имунитетот. Трајко Вељановски вчера од оваа сала ви се обрати и од правен аспект детално ги образложи фактите кои секако треба да бидат земени во предвид и законот треба да важи за сите подеднакво, а не да постои селективна правда, потенцираше Честојнова и додаде дека имунитет на пратеник се одзема од три причини да не ја напушти државата, да не влијае врз сведоци и да не го повтори делото. Само за да ве потсетам колегата Трајко Вељановски се терети за нешто од пред две години и доколку навистина бил виновен за било што доколку навистина направил како што велите некаков вид на тероризам во овие две години тој можел да ја напушти државата, но Трајко Вељановски и вчера и денес и изминатите денови е овде во Собранието на Република Македонија. Многу е чудно што обвинителството ја сменило одлуката затоа што сите овие четири наоди од читаните смс пораки на истото тоа обвинителство и сите надлежни за овој случај ги имале на располагање во ноември 2017 година за во јануари 2018 година истото обвинителство да одлучи дека врз основа на тие смс пораки нема основа за поведување на обвинение, за сега повторно врз основа на истите тие пораки кои што им биле на располагање повеќе од една година утврдиле дека имало основа за покренување на обвинение и тоа за тероризам. Повеќе од очигледно е дека во изминатата година некој од политички побуди влијаел на тоа обвинителство за да го смени својот став. Сите материјали кои ги оцениле дека нема основ за обвинение за тероризам денес да бидат окарактеризирани како обвинение од највисок вид, обвинение за тероризам, констатира Честојнова. Пратеничаката на ВМРО-ДПМНЕ запраша зошто воопшто пратениците имаат имунитет ако на секое барање на судот без никакви докази се одговара со одземање на имунитет или како што вчера колега запрашал дали пратениците се нотаријат и само ставаат печат и проследуваат понатаму. Одземањето на имунитет нема никаква врска со водењето на овој судски процес туку тоа ќе биде негово предвремено осудување. Вие глумите инквизиција како да сме во среден век. Свесни сте дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на Зоран Заев и од неработењето и свесни сте дека паѓате, дека губите и подмукло одите со внесување на страв, дополни пратеничката Честојнова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-ovaa-vlast-so-lazni-i-konstruirani-dela-odzema-imunitet-na-pratenici/feed/ 0
Честојнова: Секогаш сум ги бранела и ќе ги бранам интересите и правата на земјоделците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sekogash-sum-gi-branela-i-kje-gi-branam-interesite-i-pravata-na-zemjodelcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sekogash-sum-gi-branela-i-kje-gi-branam-interesite-i-pravata-na-zemjodelcite/#respond Mon, 04 Feb 2019 16:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=160159

Павлинче Честојнова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, при одржување на седницата во Собрание на Република Македонија искажа благодарност за упорноста на земјоделците, во овој случај на лозарите, бидејќи денес пред пратениците е предлог законот за дополнување на законот за земјоделство и рурален развој. -Во законот за земјоделство и рурален развој на Република Македонија по членот 99Б се додава нов наслов и нов член 99В кој гласи: „ Дополнителна помош за земјоделски производи откупени најмногу од пред 5 години“. Односно со членот 99В со став 1 стои дека Владата може да донесе одлука за дополнителна помош како мерка за исплата на одреден земјоделски производ кој согласно член 99А од овој закон не можат да се исплати, а се однесува за одредени земјоделски производи откупени најмногу пред 5 години од денот на донесувањето на одлуката, а неплатен од страна на регистриран откупувач. Во случајот, земјоделското стопанство како производител на тој земјоделски производ е бил корисник на мерка на годишната програма за финансиска поддршка во земјоделието за тој производ во годините за кои се однесува помошта. И што е исто така многу важно во член 2 од ова законско решение стои дека овој закон влегува во правосила со денот на објавувањето во „Службен Весник“ на Република Македонија, нагласи Честојнова. Oбјасни дека секогаш до сега кога зборувала за земјоделството, ги бранела интересите на земјоделците и се борела за нивните права.  Така и сега, ја дава комплетната поддршка на земјоделците и тоа секако не само декларативна поддршка туку комплетна, искрена и целосна поддршка на земјоделците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestojnova-sekogash-sum-gi-branela-i-kje-gi-branam-interesite-i-pravata-na-zemjodelcite/feed/ 0