Павло Климкин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Apr 2018 11:58:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Павло Климкин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев-Климкин: Има интерес за продлабочување на односите меѓу Македонија и Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-klimkin-ima-interes-za-prodlabochuvanje-na-odnosite-megju-makedonija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-klimkin-ima-interes-za-prodlabochuvanje-na-odnosite-megju-makedonija-i-ukraina/#respond Wed, 11 Apr 2018 11:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=39111

Постои интерес за продлабочување на односите меѓу Македонија и Украина, посебно на економската соработка, оцениле премиерот Зоран Заев и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, кој денеска престојува во посета на Македонија. Владината прес-служба соопшти дека двајцата соговорници изразиле заедничка определба за значително унапредување на односите меѓу двете држави. На средбата е оценето дека се создадени услови за развој на соработката по реформските чекори што ги презела Владата на економски и политички план и поздравен е надминатиот повеќегодишниот застој за функционирање на Мешовитата комисија за спроведување на договорот за слободна трговија откако е именувана министерката Зорица Апостоловска како копретседавач со Комисијата. Украинскиот министер оценил дека македонската Влада добро се справува со предизвиците на полето на реформите и добрососедските односи и оти тоа отвора пат кон евроинтеграциите на државата. Тој изразил подготвеност за политичка и експертска поддршка од Украина, а пренел и интерес на полето на инвестициите. Премиерот Заев истакнал дека за Македонија, евроинтеграциите се стабилност, безбедност и економија. -Работиме на напредок во клучните области важни за квалитетот на живот на граѓаните и за ЕУ и НАТО. Затоа ја оценуваме 2018 за значајна година, месецов да се тргне условеноста на препораката за преговори, а потоа и исчекори на евро-атлантски план, рекол Заев. На средбата е разговарано и за можностите за унапредување на соработката и во областа на земјоделството, енергетиката и продолжување на добрата соработка во одбраната. Покрај премиерот Заев, на средбата присуствувале и  министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостоловска и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-klimkin-ima-interes-za-prodlabochuvanje-na-odnosite-megju-makedonija-i-ukraina/feed/ 0
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/#respond Wed, 11 Apr 2018 09:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=38978

Меморандум за заемна соработка меѓу дипломатските академии во министерствата за надворешни работи на Македонија и на Украина и заедничка декларација, денеска потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Павло Климкин кој е во дводневна официјална посета на Македонија. Димитров по средбата информираше дека со неговиот колега се договориле и за возвратна посета во Киев на која ќе се потпише спогодба за патување без визи во двете земји, односно за трајно укинување на визите за краткорочен престој. На средбата се разговарало и за економската соработка за која и двајцата се согласиле дека постои можност за интензивирање. - Имаме договор за слободна трговија, меѓутоа бројките не соодветствуваат на потенцијалот. Работиме на унапредување на договорот, а процесот е веќе почнат. Имаме заедничка визија за стабилна и просперитетна Европа и во таа смисла реафирмирајќи ја приврзаноста кон европските принципи и вредности се осврнавме на европските и евроатланските аспирации на нашите две држави. Иако имаме специфичен пат и се соочуваме со разни предизвици, Македонија и Украина се подготвени да разменуваат искуства и заемно да се поддржуваат во остварувањето на заедничките цели, истакна Димитров. Министерот за надворешни работи на Македонија најави неформална средба на двајцата министри во Охрид заедно со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Климкин потенцираше дека Македонија е важен партнер за Украина на Балканот и дека двете земји заедно чекорат кон Европската унија и НАТО. Нагласи дека економската размена не треба да ги опфаќа само продуктите и инвестициите, туку дека потребана е и размена меѓу луѓето и науката. - Сакам да се заблагодарам што Македонија зема за рехабилитација украински војници што за нас претставува нешто што е многу емотивно, реално покажување на пријателството што некогаш е поважно отколку формалните посети, рече Климкин. Шефот на дипломатија денеска треба да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/feed/ 0
Украинскиот шеф на дипломатијата во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukrainskiot-shef-na-diplomatijata-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukrainskiot-shef-na-diplomatijata-vo-poseta-na-makedonija/#respond Wed, 11 Apr 2018 05:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=38847

Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, се очекува Димитров и Климкин на средбата да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграции на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања. Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во македонското МНР и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukrainskiot-shef-na-diplomatijata-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
Министерот за надворешни работи на Украина во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-ukraina-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-ukraina-vo-poseta-na-makedonija/#respond Tue, 10 Apr 2018 09:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=38479

Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македоснката дипломатија Никола Димитров.

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, се очекува Димитров и Климкин да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања. Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу министерството за надворешни работи на двете земји, како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во македонското МНР и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-ukraina-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0