пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 13:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугари доаѓаат на пазар во Делчево да си купат овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=891620

Поголема група на бугарски државјани и денеска го посетија градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави. - Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук...тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград. Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти. -На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар. Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата. -Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир, вели производител од Тработивиште. Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.  (МИА) Фото: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Во Мексико девет лица загинаа во пожар на пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/#respond Tue, 11 Jul 2023 07:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=855269

Девет лица загинаа во пожар на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа. Едно лице е повредено и пренесено во болница, информираат надлежните од местото лоцирано на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико. Пазарот на Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители дневно. Според локалната власт, пожарот најверојатно е подметнат поради расправии меѓу продавачите, кај кои и претходно биле евидентирани инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/feed/ 0
Бектеши: Контролите на зелените пазари ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/#respond Mon, 08 May 2023 15:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=831899

Контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информираше на прес-конференцијата во Владата, поднесени се три кривични пријави за увзонциите на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. -Не би сакал да ги кажам имињата бидејќи тоа е работа на Обвинителството и на судството. Веќе се доставени кривичните пријави до Обвинителството. Има десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Контролите ќе продолжат, а ги повикувам и граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, рече Бектеши. Тој ги повика инспекторите да ја вршат својата работа, но и им се заблагодари што иако се во мал број го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата. - Ги повикувам инспекторатите да ја завршат својата работа, иако јавно морам да кажам и да им се заблагодарам на секој инспектор, посебно на Државниот пазарен инспекторат, кои и во време на пандемија, иако со толкав број кој не надминува 160 инспектори во целата држава, упорно 24 часа на ден работеа, со цел да го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-kontrolite-na-zelenite-pazari-ke-prodolzhat-graganite-da-prijavuvaat-neregularnosti/feed/ 0
Огромен пожар на пазар во Дака, ангажирани се стотина пожарникари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=819844

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака.

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogromen-pozhar-na-pazar-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/feed/ 0
Од среда доматите ќе чинат 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-domatite-ke-chinat-70-denari-kromidot-60-piperot-90-limonot-55-a-bananite-70-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-domatite-ke-chinat-70-denari-kromidot-60-piperot-90-limonot-55-a-bananite-70-denari/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=819480

Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари. -Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување, истакна Бектеши. Сепак, рече, ќе се причекаат официајлните податоци од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април. Министерот ги повика трговците да ја почитуваат Одлуката. Анализите покажале, напомена министерот, дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 - 250 отсто. На прес-конференцијата во Владата се очекува да се обрати и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-domatite-ke-chinat-70-denari-kromidot-60-piperot-90-limonot-55-a-bananite-70-denari/feed/ 0
Мажите искршија врат по Сандра Африка – кога ќе видите како се појави на пазар се ќе ви стане јасно, а кога ќе ја видите на јахта по танга ќе подзинете (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-iskrshija-vrat-po-sandra-afrika-koga-kje-vidite-kako-se-pojavi-na-pazar-se-kje-vi-stane-jasno-a-koga-kje-ja-vidite-na-jahta-po-tanga-kje-podzinete-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-iskrshija-vrat-po-sandra-afrika-koga-kje-vidite-kako-se-pojavi-na-pazar-se-kje-vi-stane-jasno-a-koga-kje-ja-vidite-na-jahta-po-tanga-kje-podzinete-video/#respond Fri, 07 Oct 2022 07:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=742227

Пејачката Сандра Африка и оваа година уживаше во привлечноста на јадранското крајбрежје. Сандра Африка речиси цело лето го помина во Црна Гора, каде малку работеше а малку уживаше на својот брод. Познато е дека пејачката поседува куќа која наскоро планира да ја замени со нова, како и стан во Будва каде што престојува речиси секое лето. Таа најпрво го напуштила својот стан и со нејзиниот брз кабриолет се упатила кон пазарот во Будва каде купила овошје – во костим за капење! Сандра носеше едноделен костим за капење и мрежеста наметка која делумно ја покриваше. Под неа јасно се гледаше сè, а минувачите видно воодушевени од нејзиниот изглед се свртеа да ја следат. Купи овошје, па прошета низ Будва и конечно се качи на нејзиниот брод каде се соблече гола. Остана само бикинито на неа, зеде крпа, се намачка со масло и почна да се сонча, погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mazite-iskrshija-vrat-po-sandra-afrika-koga-kje-vidite-kako-se-pojavi-na-pazar-se-kje-vi-stane-jasno-a-koga-kje-ja-vidite-na-jahta-po-tanga-kje-podzinete-video/feed/ 0
ВИДЕО: Голем пожар во Париз, гори најголемиот пазар во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-pariz-gori-najgolemiot-pazar-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-pariz-gori-najgolemiot-pazar-vo-svetot/#respond Sun, 25 Sep 2022 12:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=737215

Голем пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз, пишува „Ле фигаро“. Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува медиумот. Пазарот, според написите е многу привлечно место за посета на љубителите на храна кои патуваат. Се протега на површина од 234 хектари. Пожарникарите се на местото на настанот и апелираат да не се оди во тој дел од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-pariz-gori-najgolemiot-pazar-vo-svetot/feed/ 0
Кисела Вода добива модерен затворен пазар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobiva-moderen-zatvoren-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobiva-moderen-zatvoren-pazar/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=711881

Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Договорот за финансиско партнерство, преку кој наскоро започнува изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар. Објектот кој ќе се протега на површина од 250,00m2, на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот “Македонија” и Домот на култура “Билјана Беличанец”. -Во постапка сме на распишување на тендерска постапка за изградба на модерен затворен пазар, прв од ваков тип на територија на општина Кисела Вода. Го градиме на местото каде функционираше див пазар со субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура, кој го избегнуваа и жителите на општината и самите пазарџии кои бараа поквалитетен простор за пласман на своите производи. Инфраструктурно средениот пазар значи и подобри услови за консументите, а неговата современа надворешност ќе даде свој удел во креирањето на новиот модерен лик на Кисела Вода, кој е моја заложба и ветување пред граѓаните. Сакам да упатам голема благодарност до Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ги препозна нашите заложби за подигнување на квалитетот на живеење во општината и преку финасиска поддршка ни овозможи на оваа визија да и дадеме реален лик. Впрочем, подобрувањето на стандардот на социјалните услуги и подобрувањето на инфраструктурата се заеднички цели кои значат директен чекор кон зајакнувањето на општественото живеење. Воедно, сакам да се заблагодарам и на посветената работа на службите на Општината од Секторот за локален економски развој и Секторот за комунални работи, кои го изработија проектот и успешно ја изработија апликацијата за проектот од Програмата на Министерството за локална самоуправа. Заедничкиот ангажман во насока на прогрес на нашата општина веќе дава видливи резултати. Ние не застануваме тука и сакам да најавам дека покрај овој пазар, затворен модерен пазар во периодот што следува ќе добие и Драчево, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-dobiva-moderen-zatvoren-pazar/feed/ 0
Руските сили го гранатираа пазарот во Харков https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/#respond Thu, 17 Mar 2022 20:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=649119

Руските сили го гранатираа големиот пазар Барабашов во Харков, предизвикувајќи серија пожари, соопштија локалните власти. Снимките покажуваат огромни облаци од црн чад што се издигнуваат од неколку делови на пазарот, што укажува на тоа дека комплексот претрпел повеќекратни удари. – Во гаснење на пожарот учествувале 70 лица, кој се проширил во околните куќи. Едно лице вклучено во гаснењето на пожарот загина, изјави градоначалникот на Харков. Пазарот, кој се смета за еден од најголемите во светот, се простира на површина од 300.000 квадратни метри, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-go-granatiraa-pazarot-vo-harkov/feed/ 0
Ја донесе шоферот со најскапиот автомобил, па шеташе по тезгите – еве што бараше Брена на пазар, овој производ среде зима не го купуваат сите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-donese-shoferot-so-najskapiot-avtomobil-pa-shetashe-po-tezgite-eve-shto-barashe-brena-na-pazar-ovoj-proizvod-srede-zima-ne-go-kupuvaat-site-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-donese-shoferot-so-najskapiot-avtomobil-pa-shetashe-po-tezgite-eve-shto-barashe-brena-na-pazar-ovoj-proizvod-srede-zima-ne-go-kupuvaat-site-video/#respond Thu, 17 Mar 2022 09:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=648697

Популарната пејачка Лепа Брена кога не е на некоја светска дестинација живее нормален живот. Новинарите од емисијата „Папарацо лов“ ја снимале како Брена, како што велат, со својот најскап автомобил од возниот парк што го поседува, заминала на пазар. Брена, како домаќинка, била да купи магдонос, јагоди, сирење и се што е потребно за дома. Погледнете во видеото како пазарува Брена: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ja-donese-shoferot-so-najskapiot-avtomobil-pa-shetashe-po-tezgite-eve-shto-barashe-brena-na-pazar-ovoj-proizvod-srede-zima-ne-go-kupuvaat-site-video/feed/ 0