пазарџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Oct 2021 12:32:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пазарџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Инфлацијата е катастрофална, ММФ потврди дека ќе имаме најголема инфлација во регионот, власта е неспособна да се справи и треба да се повлече од институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-inflacijata-e-katastrofalna-mmf-potvrdi-deka-kje-imame-najgolema-inflacija-vo-regionot-vlasta-e-nesposobna-da-se-spravi-i-treba-da-se-povleche-od-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-inflacijata-e-katastrofalna-mmf-potvrdi-deka-kje-imame-najgolema-inflacija-vo-regionot-vlasta-e-nesposobna-da-se-spravi-i-treba-da-se-povleche-od-instituciite/#respond Wed, 20 Oct 2021 12:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=582564

Инфлацијата е катастрофална иако тоа владата не го признава. Според меѓународниот монетарен фонд ние ќе имаме најголема инфлација во регионот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на „Зелен пазар“ во Скопје со кандидатката за градоначалник на Центар, Наташа Котлар. Мицкоски додаде дека оваа влада ги исцрпи сите капацитети и можности кои ги имаше на располагање, затоа за да се спаси државата треба да се повлечат од институциите кои ги раководат и на тој начин ќе остават простор на луѓе кои се компетентни. - Тука на пазарот видовме и слушнавме дека цените одат нагоре, а куповната моќ на граѓаните оди надолу. Инфлацијата е факт и единствен лек за да се спречи е овие луѓе кои се уште се во институциите да ги напуштат истите, изјави Мицкоски. Мицкоски истакна дека власта не само што не е способна да се справи со инфлацијата во Македонија, туку не е способна да се справи и со енергетската криза која ни претстои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-inflacijata-e-katastrofalna-mmf-potvrdi-deka-kje-imame-najgolema-inflacija-vo-regionot-vlasta-e-nesposobna-da-se-spravi-i-treba-da-se-povleche-od-instituciite/feed/ 0
Мицкоски: Котлар како нов градоначалник уште во првите 100 дена ќе ги реши сите проблеми на пазарџиите, ќе се подобри и пристапот до самиот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/#respond Wed, 20 Oct 2021 12:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=582546

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше на средба со пазарџиите од Зелено пазарче во Скопје. -Денеска бевме овдека на пазарот, можевме заедно со професорката Наташа Котлар, со идниот градоначалник на општина Центар да поразговараме со луѓето кои што се борат на дневна основа да обезбедат егзистенција за нив, за нивните семејства. Од тоа што можев да го слушнам е нормално сето она што денеска го живееме во ова нашето тешко секојдневие, беспарица голема, лош стандард, цени високи. Они имаат и поинаков проблем овдека до пристапот до пазарчето наметнати паркинзи, наметнати огради и бариери за да не можат луѓето да доаѓаат да пазаруваат нормално. И сето тоа создава проблем не само за нив, туку и за граѓаните во овој регион. Она кое што ние можеме да го кажеме е дека сето тоа кое што претставува проблем за луѓето за тука, за пазарџиите, за луѓето кои што пазаруваат тука од овие пазарџии е дека ќе сториме се што е во наша моќ, уште во првите 100 дена сите оние проблеми со кои што тие се соочуваат и кои што денеска тие ни ги кажаа да ги решиме. Да покажеме дека можело поинаку, дека може да се работи за интересот на граѓаните, бидејќи ние како ВМРО-ДПМНЕ сме народна партија и нашата коалиција за „Обнова на Македонија“ е коалиција на народот пред се и тоа го зборував за време на оваа кампања на локалните избори дека е ова историски најголемата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за „Обнова на Македонија“ заедно со народот. Така и ќе продолжиме и во првите 100 дена тоа кое што ќе го преземеме сега како обврска ќе го реализираме, за да покажеме дека можело поинаку, да ја вратиме самодовербата кај граѓаните. Истата таа изгубена бидејќи се разочарани од поразите изминатиов период, изминативе години. Да видат дека не се политичарите луѓе кои што гледаат само за свој личен интерес, луѓе кои што уживаат во привилегиите од политиката, туку и дека политичарите, оваа нова генерација политичари се луѓе на народот и заедно со народот ќе функционираат, истакна тој. Мицкоски порача дека мора да биде покажана една поинаква реалност. -Мораме да покажеме еден поинаков карактер, едни поинакви вредности од сето она кое што денеска беше слика за еден политичар во ова наша сиромашна и напатена Македонија. Ние се обврзавме за тоа, и професорката Наташа Котлар е силно мотивирана, жена која што успеала во својот живот, сака да успее заедно со центарци, да направиме една поубава и подостоинствена средина со центарци, со скопјани, но и со граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kotlar-kako-nov-gradonachalnik-ushte-vo-prvite-100-dena-kje-gi-reshi-site-problemi-na-pazardziite-kje-se-podobri-i-pristapot-do-samiot-pazar/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски по средба со пазарџиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-izjava-na-mickoski-po-sredba-so-pazardziite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-izjava-na-mickoski-po-sredba-so-pazardziite/#respond Wed, 20 Oct 2021 09:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=582473

Денес (20.10.2021) во 12:30 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го посети Зелен пазар, Скопје при што ќе оствари средба со пазарџиите од Зелен пазар. Во 13:00 часот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми на влез на Зелен пазар од страна на Собранието. Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-izjava-na-mickoski-po-sredba-so-pazardziite/feed/ 0
Мицкоски по средбата со пазарџиите: Настрана розевите очила и лагите на владата, народот живее тешко и во сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-so-pazardziite-nastrana-rozevite-ochila-i-lagite-na-vladata-narodot-zivee-teshko-i-vo-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-so-pazardziite-nastrana-rozevite-ochila-i-lagite-na-vladata-narodot-zivee-teshko-i-vo-siromashtija/#respond Tue, 09 Feb 2021 12:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=466229

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со пазарџиите на „Зелено пазарче“. -Разговаравме за начинот како властите овдека во Општина Центар, во градот Скопје се однесуваат со нив. Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во која што самите работат и во која што државата се наоѓа. Она кое што е важно, да кажам, дека наместо розевите очила кои што се обидуваат владата и скапо платениот ПР со нормално државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овдека буквално солзи ронат и едвај од крај со крај врзуваат во први месец. Она кое што можев да го слушнам, навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително не мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа која што денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ – ДУИ, истакна Мицкоски по средбата. Тој посочи дека во периодот кој следи вакви посети се императив и за нив како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишат, како што рече, следната изборна програма која што ќе биде дел од локалните избори. -Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на кои што оваа Влада ќе биде минато, и ќе дојде Влада која што ќе работи за интересите на граѓаните, и за интересите на Македонија. Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време кое што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен, нагласи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-so-pazardziite-nastrana-rozevite-ochila-i-lagite-na-vladata-narodot-zivee-teshko-i-vo-siromashtija/feed/ 0
Верувале или не: Маката на пазарџиите за „Паркизни на Општина Центар“ била злоупотреба! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/makata-na-pazardziite-za-parkizni-na-opshtina-centar-bila-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/makata-na-pazardziite-za-parkizni-na-opshtina-centar-bila-zloupotreba/#respond Thu, 16 Jan 2020 13:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=290615

Пазарџиите денеска повторно протест. Четврти ден по ред го изразуваат револт од покачувањето на цената за паркирање во централниот дел од градот.
Велат, поскапиот паркинг ќе им го намали и онака нискиот промет, но се чини дека никој не ги слуша нивните барања. Ниту Општина Центар, ниту Град Скопје имаат абер да им го решат проблемот, а за „ПОЦ“ пак, маката на пазарџиите е злоупотреба. Според јавното претпријатие, пазарџиите протестираат за да продолжат со злоупотребите кои ги вршат секојдневно. -Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“. ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење, се вели меѓудругото во денешното соопштение на ЈП ПОЦ. Инаку, јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари. Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење. Но пазарџиите бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена, купувачите почнале да бегаат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/makata-na-pazardziite-za-parkizni-na-opshtina-centar-bila-zloupotreba/feed/ 0
Пазарџиите повторно на протест против цените на паркингот во скопски Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-na-protest-protiv-cenite-na-parkingot-vo-skopski-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-na-protest-protiv-cenite-na-parkingot-vo-skopski-centar/#respond Wed, 15 Jan 2020 08:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=289859

Изутринава на ул.„Кирил и Методиј“ пред Дирекцијата на „ Макпетрол“, околу 50 граѓани кои работат на тезги на ПЦ „Зелен Пазар“ го блокираат сообраќајот со барање за намалување на цените за паркинг простор во Општина Центар. Пазарџиите, меѓу другото, реагираат дека скапиот паркинг ќе им го намали и онака слабиот промет од потрошувачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-na-protest-protiv-cenite-na-parkingot-vo-skopski-centar/feed/ 0
Пазарџиите повторно протестираат- центарот на градот во колапс! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-protestiraat-centarot-na-gradot-vo-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-protestiraat-centarot-na-gradot-vo-kolaps/#respond Tue, 14 Jan 2020 08:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=289305

И ова утро центарот на градот повторно е блокиран поради протести на пазарџиите. Моментално протестираат околу 30 пазарџии кај дирекцијата на Макпетрол, а сообраќајот е во колапс. Пазарџиите инаку протестираат поради одлуката на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар”  кое минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари. Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazardziite-povtorno-protestiraat-centarot-na-gradot-vo-kolaps/feed/ 0
Пазарџиите на протест поради ултра-скапиот паркинг, а Српче со контра најава за поригорозни мерки https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pazardziite-na-protest-poradi-skapiot-parking-gradonachalnikot-na-centar-najavuva-i-porigorozni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pazardziite-na-protest-poradi-skapiot-parking-gradonachalnikot-na-centar-najavuva-i-porigorozni-merki/#respond Mon, 13 Jan 2020 16:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=289046

Незадоволни од одлуката на општина Центар за поскапување на паркингот, стотина пазарџии од Зелен пазар ја блокираа улицата и влезот на паркингот. Бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена што ја вовела општината, купувачите почнале да бегаат. Но, и покрај протестите и барањата на пазарџиите, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека тарифата нема да биде укината и најави поригорозни мерки, поради како што објаснува, поплаките на локалните жителите дека пазарџиите го зафаќаат паркинг просторот. Јавното претпријатие паркинзи, пред една недела донесе одлука: од 8-ми јануари цената за еден час паркинг на комерцијалните паркинзи да се зголеми за 20 денари. Од таму објаснија дека целта е да се намали бројот на паркирани автомобили во градското подрачје и да се обезбедат подобри услови. Извор: ТВ21 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pazardziite-na-protest-poradi-skapiot-parking-gradonachalnikot-na-centar-najavuva-i-porigorozni-merki/feed/ 0
Протест на пазарџиите во скопски Центар поради огромното покачување на цените на паркинг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-pazardziite-vo-skopje-blokiran-soobrakjajot-na-del-od-ovoj-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-pazardziite-vo-skopje-blokiran-soobrakjajot-na-del-od-ovoj-bulevar/#respond Mon, 13 Jan 2020 08:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=288812

Сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот кај дирекцијата на Макптерол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар. Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“. Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари. Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-pazardziite-vo-skopje-blokiran-soobrakjajot-na-del-od-ovoj-bulevar/feed/ 0
Се подготвува ново законско решение за пазарџиите, лиценците ќе останат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-novo-zakonsko-reshenie-za-pazardziite-licencite-kje-ostanat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-novo-zakonsko-reshenie-za-pazardziite-licencite-kje-ostanat/#respond Tue, 22 Oct 2019 10:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=254793

Ново законско решение се подготвува за работењето на пазарите. Владата, односно Министерството за економија работи на решение заедно со претставници на сите стопански комори. Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање. Според него, се одложува законското решение донесено оваа година. – Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение, изјави Бектеши, додавајќи дека остануваат на предлогот пазарџиите да поседуваат лиценца за работа. Пазарџиите согласно постојното законско решение од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедуваат едно здружение, а со новото, како што се најавува, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podgotvuva-novo-zakonsko-reshenie-za-pazardziite-licencite-kje-ostanat/feed/ 0