пазари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 13:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пазари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнаа да паѓаат цените на зеленчукот: Крставиците и кромидот на пазарите се продаваат по 60 до 70 денари, а доматот од 100 до120 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-da-pagaat-tsenite-na-zelenchukot-krstavitsite-i-kromidot-na-pazarite-se-prodavaat-po-60-do-70-denari-a-domatot-od-100-do120-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-da-pagaat-tsenite-na-zelenchukot-krstavitsite-i-kromidot-na-pazarite-se-prodavaat-po-60-do-70-denari-a-domatot-od-100-do120-denari/#respond Sun, 23 Apr 2023 13:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=826630

Цените на одредени земјоделски производи почнаа да паѓаат. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА вели дека домашното производство во оранжериите и на нивите ја намали цената на крставиците и кромидот. Деновиве е забележан пад на цените на овои производи. Земјоделците велат дека веќе неделава очекуваат цените дополнително и да паѓаат, бидејќи ќе се зголемува домашното производство. Колев вели крставиците и кромидот на пазарите се продаваат од 60 до 70 денари, додека цената на доматот е од 100 до 120 денари за килограм. Но, според економистите ако одлуките се носат на краток рок, ќе дадат некој минимален ефект, но долгорочно не може да бидат позитивни. Според економистот Глигор Ивановски, целта на Владата е со замрзнувањето на цените да се замрзне маржата на трговците, а не приходот на земјоделците. Забележува дека за разлика од претходно кога имало домашно производство, сега станува збор за голем процент на производи кои се увезуваат, па и ова влијае врз креирањето на цените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-da-pagaat-tsenite-na-zelenchukot-krstavitsite-i-kromidot-na-pazarite-se-prodavaat-po-60-do-70-denari-a-domatot-od-100-do120-denari/feed/ 0
Eрдоган ќе се обиде да ја спречи високата инфлација – отвара нови 1.000 пазари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-kje-se-obide-da-ja-sprechi-visokata-inflacija-otvara-novi-1-000-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-kje-se-obide-da-ja-sprechi-visokata-inflacija-otvara-novi-1-000-pazari/#respond Mon, 04 Oct 2021 13:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=572796

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе се обиде да ја спречи високата инфлација со отворање на 1.000 нови пазари кои треба да им обезбедат на граѓаните снабдување со производи за широка потрошувачка по разумни цени. Владата им нареди на земјоделските задруги да отворат околу 1.000 нови продажни места, чија изградба треба да започне наскоро, со цел да се снабдат граѓаните со „евтина и квалитетна стока“ и „да се балансира пазарот“. – Наложивме отворање на околу 1.000 вакви продажни места низ Турција, со минимална површина од 500 квадратни метри. Тоа се продажни места каде што цените се прифатливи за буџетите на нашите граѓани, изјави Ердоган по посета на земјоделска задруга во Истанбул. Фрустрирана од напорната двоцифрена инфлација и намалената популарност, според анкетите, Владата уште еднаш го впери прстот во супермаркетите, отворајќи неколку истраги поради сомнеж за потенцијално високи цени. Анкара посегна по слична мерка во 2019 година, по валутната криза и скок на инфлацијата, отворајќи свои пазари каде земјоделците продаваа свој зеленчук и овошје по ниски цени. Владата на тој начин ги потисна трговците од синџирот на снабдување, кои ги обвинува за зголемување на цените. Зголемувањето на цените на храната за речиси 30 проценти, глобалниот скок на цените на суровините и остриот пад на турската лира го поддржаа јакнењето на инфлацијата во текот на оваа година. Во изминатите пет години, стапката на инфлација беше главно двоцифрена и ја разори куповната моќ на домаќинствата во Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-kje-se-obide-da-ja-sprechi-visokata-inflacija-otvara-novi-1-000-pazari/feed/ 0
Кинеските власти бараат зајакнување на хигиената на пазарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/#respond Thu, 18 Jun 2020 11:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=359435

Реагирајќи на повторната појава коронавирусот во Пекинг, Централната комисија за дисциплинска инспекција на Комунистичката партија на Кина денеска соопшти дека итно треба да се реши прашањето за ниските хигиенски стандарди на големопродажните пазари за храна во Кина и слабостите во синџирот на снабдување со храна. Вирусот повторно се појави минатата недела на огромен пазар за храна во Пекинг, и до сега се заразени повеќе од 100 луѓе, а постои и страв од понатамошно ширење на заразата. Нивото на санитарните стандарди мора итно да се подобри, а здравствениот ризик на пазарите да се намали на минимум, соопшти комисијата, додавајќи дека новата состојба во исто време е и одраз на управувањето кое на пазарите е на пониско ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vlasti-baraat-zajaknuvanje-na-higienata-na-pazarite/feed/ 0
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бара престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-kje-bara-prestanok-na-vazenjeto-na-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-kje-bara-prestanok-na-vazenjeto-na-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/#respond Tue, 22 Jan 2019 12:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=155268

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство. -Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност. Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите. Повторно една провидна мерка која не ги решава проблемите на пазарџиите кои што протестираа за ова штетно решение на СДСМ. Да бидеме јасни, СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори, истакна денес координаторот на оваа пратеничка група Никола Мицевски. Мицевски потенцира дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение. -Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе бара да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија. Исто така сакаме да најавиме дека во најбрз временски период претставници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-kje-bara-prestanok-na-vazenjeto-na-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/feed/ 0
Групацијата на пазари бара да се одложи или укине Законот за трговија на зелени пазари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-na-pazari-bara-da-se-odlozi-ili-ukine-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-na-pazari-bara-da-se-odlozi-ili-ukine-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/#respond Thu, 10 Jan 2019 14:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=150616

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија смета дека е потребно да се одложи или целосно да се укине Законот за трговија на зелени пазари врз работата на организаторите на пазарите кој е во примена од почетокот на годинава. Групацијата на пазари каде членуваат организаторите на зелени пазари на завчерашниот состанок оценила дека примената на Законот за трговија на зелени пазари ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на зелените пазари. – Заеднички беше оценето дека е потребно итно негово укинување или одложување на неговата примена до донесување на законски прифатливи решенија во консултации со сите засегнати страни, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Организаторите на пазари, членки на Стопанската комора на Македонија, се договориле дека нема да склучуваат нови договори за закуп се додека не се изнајде решение за проблемот со кој се соочуваат. Михајловска Василевска најави дека ќе бидат достават дописи до сите надлежни институции, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, до инспекциските служби надлежни за контрола и координација на законските решенија кои ја третиотраат трговијата на зелени пазари. Михајловска Василевска соопшти дека денеска имале средба во Парламентот со Комисијата за економски прашања и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ. Потсети дека ова законско решение што сега е во сила е донесено на иницијатива на неколку пратеници во јанаури лани и изгласано во Собранието по скратена постапка. Посочи дека укажале на состојбите со кои се соочуваат организаторите на пазари и на последиците кои можат да се случат, дека ќе се намали работата на самите зелени пазари. Дополнително, како што рече, товар за закупците на тезги ќе претставуваат и трошоците кои се најавуваат по однос на лиценцирање на закупците на тезги. Се проценува дека трошокот на околу 20. илјади закупци на тезги за добивање лиценци ќе изнесува повеќе од 1,5 милиони евра. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-na-pazari-bara-da-se-odlozi-ili-ukine-zakonot-za-trgovija-na-zeleni-pazari/feed/ 0
Стоилковски: Власта ги зацрнува зелените пазари, СДСМ ќе остави 20.000 семејства без животна егзистенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vlasta-gi-zacrnuva-zelenite-pazari-sdsm-kje-ostavi-20-000-semejstva-bez-zivotna-egzistencija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vlasta-gi-zacrnuva-zelenite-pazari-sdsm-kje-ostavi-20-000-semejstva-bez-zivotna-egzistencija/#respond Fri, 04 Jan 2019 13:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=148394

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат. Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб.   Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење! Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите, истакна тој. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Зоран Заев, како сам се опишува црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. -Во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани! За оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште! Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите.  Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот, рече тој. Стоилковски посочува дека власта ги зацрнува зелените пазари. -Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход. Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет? Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе! И притоа ќе казнува со илјадници евра! Оваа црна власт мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари,  казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vlasta-gi-zacrnuva-zelenite-pazari-sdsm-kje-ostavi-20-000-semejstva-bez-zivotna-egzistencija/feed/ 0
Расте револтот: Социјалци, хонорарци, земјоделци, пензионери во битка за тезгите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-socijalci-honorarci-zemjodelci-penzioneri-vo-bitka-za-tezgite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-socijalci-honorarci-zemjodelci-penzioneri-vo-bitka-za-tezgite/#respond Fri, 21 Dec 2018 15:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=143396

Државата ќе удри на социјалците, стечајците, пензионерите односно на најсиромашните и најранливите. И Националната федерација на фармери контра новиот закон за зелени пазари. Сметаат дека со него само ќе се поттикне сивата економија. Во НФМ велат дека ваквото решение ги прекршува европските препораки, но и основните човекови права цитирајќи ја Универзалната декларација на Обединетите Нации. „Секој, како член на општеството, има право на социјално осигурување и право да остварува стопански, општествени и културни права нужни за своето достоинство“, пишува во Универзална декларација за човековите права. Токму поради ова Федерацијата заедно со други невладини организации ќе достави извештај и до Обединетите Нации. Од Партијата на пензионерите, пак, сметаат дека делови од законот се спротивни на Уставот, бараат одложување на неговата примена се додека не се направи подобра верзија. „Не е предвидена законска можност дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство да можат вишоците да ги продаваат со што се оневозможени да го подобрат својот и семејниот стандард“, велат во Партијата на пензионерите. На законското решение кое треба да почне да се применува од 1 јануари реагираа и Стопанските комори, дел од експертите и самите продавачи и тезгаџии. Сите велат дека новите прописи сериозно ќе удрат на овој сектор од економијата. Законот за зелените пазари наложува oд следната година сите да имаат лиценци и да плаќаат персоналец како и придонеси за здравствено и за пензиско. Се забранува на тезгите да продаваат пензионери, социјалци, стечајци, вработени и сите други кои добиле некаков хонорар. Предвидени се и казни и глоби од 150 до 2.000 евра во зависност од прекршокот. На зелените пазари продаваат околу 20 до 25 илјади луѓе. Извор: АЛФА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-revoltot-socijalci-honorarci-zemjodelci-penzioneri-vo-bitka-za-tezgite/feed/ 0
Неповратна поддршка за уредување на пазарите во општините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepovratna-poddrshka-za-ureduvanje-na-pazarite-vo-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepovratna-poddrshka-za-ureduvanje-na-pazarite-vo-opshtinite/#respond Thu, 08 Nov 2018 12:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=125230

По седум милиони денари или 113.000 евра неповратни средства можат да добијат општините, јавните претпријатија и јавно-приватните партнерства за осовременување на пазарите преку инвестиции во пазарната инфраструктура како што се складишта и опрема за означување или пакување на производите. Средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој, аплицирањето почнува денеска. Како што соопшти директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, Повикот дозволува секој апликант да поднесе по максимум три поединечни барања за различните мерки: набавка на градежни материјали за конструкција и реконструкција на објекти за прием, подготовка и складирање, опрема за контрола на квалитет на производите, означување и пауквање, изработка на студии, елаборати, планска и градежна документација, како и услуги од трети лица за надзор и изведување на градежните активности. -Со предвидените средства ќе овозможиме општините да реализираат капитални инвестиции за унапредување на пазарите и подобрување на условите и услугите и за продавачите и за потрошувачите, вклучувајќи ја и хигиената, истакна Бабовски на прес-конференција. Ова, според директорот, е петта мерка за поддршка на општините. На последниот повик барања за поддршка поднесоа околу десет општини, а средства добија три. -Интересот е голем. Очекуваме максимална искористеност на средствата. Некои општини ќе побараат два, а некои седум милиони денари, рече Бабовски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepovratna-poddrshka-za-ureduvanje-na-pazarite-vo-opshtinite/feed/ 0