пчели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 13:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пчели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарникари отстранија гнездо пчели од дрво пред детска градинка во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896180

Струмичките пожарникари денеска отстранија гнездо пчели од дрво на влез во детска градинка во Струмица на улицата „Жртви на фашизмот“. Според информацијата од ТППЕ Струмица, граѓани го пријавиле овој несекојдневен случај, а заради локацијата каде се стационарале пчелите биле преземени мерки за нивно отстранување. -Гнездото пчели е безбедно отстрането, благодарение на наш пожарникар-пчелар, кој со пчеларска опрема го отстрани гнездото. Тие се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Инаку, пчелите биле забележани од граѓани кои ги носат секојдневно децата во градинката и по создадените услови пчелите биле безбедно отстранети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-otstranija-gnezdo-pcheli-od-drvo-pred-detska-gradinka-vo-strumitsa/feed/ 0
Поленот од пчели не ги зголемува градите, лекарите предупредуваат на негативни ефекти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/#respond Fri, 28 Jul 2023 08:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=861041

Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. А, „лекот“, наводно, чини пет фунти, и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист. Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи - „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија. Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени - соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект. И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“. Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД. Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност. - Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додаде тој. Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности. - Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции... Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакна д-р Мецхер. Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/feed/ 0
Одбележување на Светскиот ден на пчелата 2023: Сите зависиме од опстанокот на пчелите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-pchelata-2023-site-zavisime-od-opstanokot-na-pchelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-pchelata-2023-site-zavisime-od-opstanokot-na-pchelite/#respond Fri, 19 May 2023 11:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=836398

Во пресрет на Светскиот ден на пчелите, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) ги повикува државите и поединците да направат повеќе напори за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи со цел да се заштитат екосистемите и да се обезбеди сигурност на храната. Пчелите, како што посочуваат од ФАО, се под голема закана од повеќе фактори, како климатските промени, интензивното земјоделство, употребата на пестициди, губењето на биолошката разновидност и загадувањето. Под слоганот „Пчелата дел од земјоделско производство кое е погодно за опрашувачите“, Светскиот ден на пчелите 2023 година има за цел да ја подигне свеста за важноста од примена на земјоделски практики кои се погодни за пчелите и другите опрашувачи, а истовремено придонесуваат за отпорноста, одржливоста и ефикасноста на земјоделско-прехранбените системи. Амбасадата на Република Словенија и Земјоделскиот институт-Скопје, во соработка со општина Гази Баба и ФАО, денеска го одбележаа Светскиот ден на пчелите со фокус на младите. Настанот, кој се одржа во Земјоделскиот институт, ја подигна свеста на учениците за виталната улога на пчелите во одржливото производство на храна, зачувувањето на природата и зачувувањето на животот на Земјата. Две жени, пчелар и ентомолог им покажаa на децата од основните училишта во општина Гази Баба како функционира еден семеен бизнис кој произведува природен мед. Тие, исто така, им ги објаснија разликите помеѓу пчелите и другите опрашувачи, придобивките од опрашувачите и што се подразбира под здрави живеалишта на опрашувачите. Преку дегустација на мед, децата научија за различните видови мед произведени од различни видови пчели. Дополнително, учениците ги изразија своите новооткриени сознанија за важноста на пчелите преку ликовна активност на оваа тема. Учесниците на настанот го посетија пчеларникот на Земјоделскиот институт, донација од Република Словенија. -Чест ми е да ве поздравам сите во нашиот Институт како домаќин на оваа специјална прослава на Светскиот ден на пчелата. Денеска се собираме да ја препознаеме непроценливата улога што пчелите ја играат во нашиот екосистем и да ја истакнеме критичната важност на нивната благосостојба за нашите земјоделски системи, изјави Виктор Ѓамовски, директорот на Земјоделскиот институт – Скопје. В.д. амбасадорката на Словенија, Татјана Ковачич посочи дека пчелите и другите опрашувачи се клучни за глобалната безбедност на храната. -Секоја трета лажица што ја јадеме зависи токму од нив. Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата е можност за глобална соработка, соработка меѓу нашите две пријателски земји и солидарност за заштита на пчелите, рече таа, поздравувајќи ги младите и поканувајќи ги да уживаат во овогодинешниот Светски ден на пчелата во Скопје. Национален тим лидер на ФАО, Кристина Митиќ Арсова посочи дека опрашувачите како пчелите, птиците и лилјаците придонесуваат за 35 отсто од вкупното светско растително производство, опрашувајќи 87 од 115 водечки прехранбени култури ширум светот. -Светскиот ден на пчелите е можност за сите нас да промовираме акции кои ги штитат опрашувачите и нивните живеалишта. Дури и одгледувањето цвеќиња дома за да се хранат пчелите придонесува за овој напор, додаде таа. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски нагласи дека Гази Баба иако е најразвиена општина во Град Скопје, во основа е рурална општина, богата е со зелени и земјоделски површини на кои пчелата навистина им е потребна. -Го поддржуваме Светскиот ден на пчелата и оваа традиционална манифестација помеѓу Земјоделскиот институт, Амбасадата на Република Словенија и ФАО. Веруваме дека учениците од општина Гази Баба ќе стекнат убави искуства во значењето на пчелата за животот на планетата Земја и производството на мед и оваа манифестација ќе продолжи како традиција, изјави Стефковски. Словенија, заедно со ФАО, беше клучна во воспоставувањето на Светскиот ден на пчелата како меѓународен ден преку резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена во 2017 година. Официјалната церемонија за првиот Светски ден на пчелата се одржа во 2018 година во словенечкото село Брезница, родното место на Антон Јанша, пчелар и пионер на модерното пчеларство. Неговиот роденден, 20 мај, беше избран да се одбележува секоја година како Светски ден на пчелите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-pchelata-2023-site-zavisime-od-opstanokot-na-pchelite/feed/ 0
Пчеларите од Пелагонија вршат прихрана на пчелните семејства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pchelarite-od-pelagonija-vrshat-prihrana-na-pchelnite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pchelarite-od-pelagonija-vrshat-prihrana-na-pchelnite-semejstva/#respond Tue, 10 Jan 2023 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=785388

Пчеларите од битолскиот дел на Пелагонија деновиве интревенираат со прихрана на пчелните семејства поради недостиг од храна. Како што појаснуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, прихраната се врши со погачи кај пчелните семејства каде нема доволно храна при зазимувањето и во пресрет на втората половина од јануари кога пчелните друштва ја зголемуваат својата активност. – Во овој период пчелните семејства инстиктивно чувствуваат потреба за обновување, па почнуваат со формирање на ново легло. Матицата започнува со полагање на нови јајца и животот на пчелното друштво почнува да се менува. Започнува поголемо трошење на храна а посебно на полен. Бидејќи пчелите интензивно почнуваат да ја хранат матицата, да го хранат и негуваат леглото потрошувачката на храна и полен се зголемува. Со зголемувањето на потрошувачка на храна и на забрзување на другите животни процеси во пчелното друштво, во кошницата доаѓа до појавување на водена пареа и јаглероден диоксид поради температурната разлика па затоа вентилацијата е од посебно значење, за да не дојде до мувла по краевите. Ако во текот на јануари се појават повеќе топли денови тогаш леглото се зголемува што резултира со поголема потрошувачка на храна а посебно на полен кој многу се троши за исхрана на леглото, без кој нема и лачење на млеч. Затоа кај оние пчелни семејства кај кои не е оставено доволно храна при зазимувањето се појавува недостиг од храна и треба да се интервенира со прихрана погачи, препорачуваат од АПРЗ. По реалните зимски температури во јануари, на крајот на јануари и почетокот на февруари со затоплување на времето, може да се очекува масовно летање на пчелите или летови за прочистување. -Кон крајот на месецот се пристапува кон изимување на пчелните семејства и подготовка за нивен предпролетен развој. За таа цел треба да се исчистат подовите од кошниците за пчелите да не се заморуваат со непотребна активност, туку да се ориентираат пред се на исхрана и одгледување на леглото. Пчеларите, треба да ја проверат резервата на храна во секое друштво и ако ја нема во доволни количини да стават по една погача, најдобро оплеменета, велат експертите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pchelarite-od-pelagonija-vrshat-prihrana-na-pchelnite-semejstva/feed/ 0
Американец во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-koma-po-20-000-ubodi-od-pcheli-ubijci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-koma-po-20-000-ubodi-od-pcheli-ubijci/#respond Thu, 01 Sep 2022 06:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=726995

Дваесетгодишен Американец е во кома по 20.000 убоди од „пчели убијци“, информираше неговото семејство. Остин Белами е на респиратор и во индуцирана кома во болница во Синсинати, Охајо, јави телевизијата Фокс 19. Американецот несакајќи исекол кошница од пчели убијци, нарекувани и африкански пчели, што важат за доста агресивни. Пчелите ги нападнале и неговите баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат. Момчето голтнало околу 30 пчели. Инцидентот се случил во петокот наутро, а медицински лица ги ваделе пчелите до неделата. Здравствените работници веруваат дека момчето целосно ќе закрепне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-koma-po-20-000-ubodi-od-pcheli-ubijci/feed/ 0
Одбележување на Светскиот ден на пчелите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-pchelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-pchelite/#respond Fri, 20 May 2022 05:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=679273

Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија во земјава и Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево и Здружението на пчелари од Брегалничкиот регион Меден Исток, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на пчелите. На настанот што ќе се одржи во Едукативниот центар во Негрево, како што информираат од словенечката амбасада, ќе учествуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, амбасадорот на Република Словенија Милан Предан, градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански и претставници од партнерските организации од областа на пчеларството и заштита на животната средина. Како што посочуваат, одбележувањето на овој ден е започнато на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз која Обединетите нации ја усвои во 2017 година и го прогласи 20 мај, роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша за Светски ден на пчелите. Целта на настанот, според организаторите на настанот, е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата. Амбасадата на Република Словенија традиционално го прославува Светскиот ден на пчелите во повеќе градови низ државата. Во последните две години овој настан се одбележува во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, благодарение на соработката со Програмата за зачувување на природата и Здружението на пчелари од Брегалничкиот регион Меден Исток. Заеднички, преку низа едукативни, тематски содржини и садење медоносни растенија го прославуваме значењето на пчелите и нивната важност за зачувување на животната средина и биодиверзитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-pchelite/feed/ 0
Уништени кошници со пчели во делчевското село Бигла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/unishteni-koshnici-so-pcheli-vo-delchevskoto-selo-bigla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/unishteni-koshnici-so-pcheli-vo-delchevskoto-selo-bigla/#respond Fri, 11 Dec 2020 07:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=441836

Уништени се неколку кошници со пчели во Бојчовско маало во делчевското село Бигла. Пчелите се сопственост на Кирчо Мирчевски, жител на селото, кој за случајот бил известен од сточар, кој бил на испаша со стоката. Мирчевски не знае кој би можел да биде сторителот, бидејќи вели дека со никого се нема скарано. -Местото е заградено и потребен е поголем напор да се турнат сандаците, затоа сметам дека животно кое некако се нашло внатре не би можело да ги турне сандаците, а и би имало трага од него. Ако некој мисли дека сум му направил нешто лошо, требало да каже, не на ваков начин да прави штета. За тој што го сторил ова можам само да кажам нека му служи на чест, вели Мирчевски. Додава дека не е искусен пчелар и оти со пчеларство се занимава три години. -Тој што го направил ова треба да знае дека многу труд треба да имаш вложено, бидејќи за да се занимаваш со пчели, потребно е голем мерак. Почнав со едно пчелно семејство, а мало познавање имав од дедо ми, тој чуваше пчели, но сепак собирав искуство и од друго место, вели Мирчевски. Додава дека ќе се обиде да го врати местото во првобитната состојба и се надева дека ќе го зголеми бројот на пчели во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/unishteni-koshnici-so-pcheli-vo-delchevskoto-selo-bigla/feed/ 0
Пчелиниот отров против клетките на ракот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pcheliniot-otrov-protiv-kletkite-na-rakot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pcheliniot-otrov-protiv-kletkite-na-rakot/#respond Fri, 13 Nov 2020 10:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=428953

Отровот на пчелите ги уништува агресивните клетки на ракот, откриле научници во лабораториски услови. Отровот и соединението мелитин што го содржи се користеле во испитувања против два вида карцином, кои инаку тешко се лекуваат: ракот на дојката и меланомот. Научниците наведуваат дека ова откритие е многу значајно, но дека се потребни натамошни испитувања. Отровот е тестиран на над 300 медоносни пчели и бумбари и утврдено е дека одредена концентрација ги убива клетките на ракот во рок од еден час, со минимална штета на другите клетки. Мелитинот ги убива клетките за помалку од еден час, со пробивање дупки на нивната надворешна мембрана. По 20 минути од примената, тој исто така го нарушува испраќањето на хемиските пораки што им се неопходни на клетките за да растат. Извор: Убавина и здравје]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pcheliniot-otrov-protiv-kletkite-na-rakot/feed/ 0
Девојче го покрила сопственото тело со 100.000 пчели, а причината била хумана https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/devojche-go-pokrila-sopstvenoto-telo-so-100-000-pcheli-a-prichinata-bila-humana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/devojche-go-pokrila-sopstvenoto-telo-so-100-000-pcheli-a-prichinata-bila-humana/#respond Mon, 24 Aug 2020 10:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=394602

Рема Ишак (12) од Индија одлучила да го покрие своето тело со 100.000 пчели за да ја подигне свеста за важноста на овие инсекти во човечкиот живот. -На човекот му е потребна пчела. Садиме дрвца и спасуваме пчели. Тие се моите домашни миленици, пчелите се мојот живот. Мојата амбиција е да ги спасам, изјавила Рема за локалните медиуми. Популацијата на пчели опаѓа, заедно со останатите инсекти кои опрашуваат. Како изгледа телото на ова 12-годишно девојче со 100.000 пчели на неа, погледне во следното видео. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/devojche-go-pokrila-sopstvenoto-telo-so-100-000-pcheli-a-prichinata-bila-humana/feed/ 0
Македонец кој буквално живее во Медена земја: Погледнете како чува пчели во стаклени тегли (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-koj-bukvalno-zivee-vo-medena-zemja-poglednete-kako-chuva-pcheli-vo-stakleni-tegli-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-koj-bukvalno-zivee-vo-medena-zemja-poglednete-kako-chuva-pcheli-vo-stakleni-tegli-video/#respond Sun, 03 May 2020 19:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=341120

Благојче Настевски од Преспа буквално живее во Медена земја. Тој чува пчели во стаклени тегли, во чиста и незагадена околина во природниот резерват за птици Езерени. Во изјава за КУРИР посочува дека со пчеларство се занимава цели 17 години. -Пчеларството е прекрасна работа, но и многу одговорна. Се мора да се заврши на време за да се извади максимумот затоа што не е како што било порано. Постарите колеги кажуваат дека пред 30 години се вадело и по 50-60 килограми мед, со малку работа. Сега со многу труд се вади од 15 до 25 килограми, зависи од годината, раскажува Благојче во изјава за КУРИР. Временските услови се многу важни, а годинава не се во нивна полза. -Климата е многу сменета, по цела пролет е турбулентно. Многу врне, а потоа наеднаш доаѓа суша и жештина, рече тој. Во изјава за КУРИР вели дека ова го работи со многу посветеност и љубов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-koj-bukvalno-zivee-vo-medena-zemja-poglednete-kako-chuva-pcheli-vo-stakleni-tegli-video/feed/ 0