пченица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 13:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пченица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димковски: Добар дел од домашната пченица ќе заврши како сточна храна во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-dobar-del-od-domashnata-pchenitsa-ke-zavrshi-kako-stochna-hrana-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-dobar-del-od-domashnata-pchenitsa-ke-zavrshi-kako-stochna-hrana-vo-grtsija/#respond Thu, 03 Aug 2023 13:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=863027

Добар дел од домашната пченица годинава, за жал, ќе заврши како сточна храна во Грција, а дел ќе „отиде“ и на нашите фарми, за храна во живинарството и свињарството. Околу 20 000 тони лебно жито, пак, според разговорите со земјоделците на терен, можно е да завршат непродадени, складирани, вели државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Трајан Димковски. Димковски на денешниот брифинг со новинарите што го организира министерот за земјоделство Љупчо Николовски порача дека земјоделците мора да се посветат на количини и квалитет. Земјава секогаш ќе увезува, но ако имаме принос од четири тона, тоа ќе биде сосема доволно и не ќе има потреба да купуваме однадвор. -Жито кај нас се увезувало и ќе се увезува. Увезуваме до 80 000 тони пченица и 40 000 тони брашно, најмногу од Србија. Но, ние повеќе пари трошиме за увоз на чоколади отколку за пченица или исто пари даваме за увоз на кафе како и за увоз на пченица. Веројатно сакаме да биде нешто атрактивно и да се продава како информација, нагласи Димковски. Според него, по мерките за земјоделците, три денари за секој откупен килограм пченица и 100-процентно покривање на трошоците за складирање, сега се на потег мелничарите. -Со овие мерки притисокот треба да биде кон млинарите зашто лебот остана ист, а тие набавуваат евтина пченица. Кога разговараме, тоа и го кажуваме, не може вие со 10 - 11 денари да купувате пченица, а лебот останува 33 - 35 денари, потенцира Димковски. Тој уште еднаш напомена дека фокусот мора да биде на мерките кои ќе ги зголемат количините, приносот и квалитетот. -На почеток имамвме добри жита, но тоа не се покажа така и кога влегоа комбајните, а пракса е дека можеме да зборуваме за приноси кога комбајните ќе влезат на нивите. Годинава житата потфрлија, со намален принос, но и со квалитет и тука е клучот што постојано го зборуваме. Кај нас житото се заштитува само од плевели, но последниве години покажаа дека мора да се заштити и од болести. Затоа се повеќе при креирањето на политиките даваме значење на тој сегмент, мора да се користи вештачко ѓубре во оптимални количини. Во одредени подрачја или површини каде е слабо користено, излезе и со 56 хектолитри квалитетот на пченицата што е послабо и од јачменот. Имавме и со 73. Јасно е дека кој колку вложил, толку и добива. На исти површини за иста класа земја има и 2,5 - 3 тона, но и 6 - 7 тона по хектар печница, зависно од домаќинството, колку вложило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkovski-dobar-del-od-domashnata-pchenitsa-ke-zavrshi-kako-stochna-hrana-vo-grtsija/feed/ 0
Трипуновски: Да се забрани увозот на пченица и јачмен додека не се откупи домашниот род https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/#respond Tue, 04 Jul 2023 14:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=852595

Денеска сум во срцето на овчеполието, во екот на жетвата, на посета на еден од фармерите кој што го собира својот род и во разговор со него можеме да кажеме дека годината е лоша затоа што пред се откупната цена на јачменот е многу ниска од 8 до 9 денари за килограм, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Истакна дека поголем проблем за многу земјоделци во Македонија е тоа што не можат јачменот да го предадат во преработувачки капацитет за да можат да користат дополнителна субвенција кои што им следува од програмите за субвенционирање. -Морам да потенцирам дека ова производство на јачмен и пченица е многу скапо, затоа што во време на сеидбата репроматеријалите, нафтените деривати, семенскиот материјал беа многу високи што значи дек апроизводната цена на јачменот е некаде над 13 денари, што е спротивно од она кое што се откупува сега од 8 до 9 денари, односно разликата повеќе од 4 денари треба во ова ситуација да ја компензира државата. Она што сакам да го упатам како апел и сугестија до МЗШВ и до Владата на Република Македонија е тоа дека треба под итно да се забрани увоз на пченица и јачмен се додека трае жетвата на домашното производство затоа што мораме да го заштитиме домашното производство и македонскиот земјоделец. Дополнително државата треба да донесе мерка за складиштење на јачменот и пченицата затоа што многу земјоделци немаат услови да го чуваат својот род за да чекаат некои подобри времиња и тука треба државата да интервенира со дополнителна субвенција за складиштење во некои од капацитетите ширум Република Македонија. Ако ситуацијата остане како што е сега тоа значи дека и со почетокот на жетвата на пченицата не очекуваат црни денови за земјоделците и со тоа и понатаму Макeдонија ќе биде увозно зависна на лебно жито и ќе мораме повторно да ги молиме соседите и да купуваме скапа пченица како што беше случај во изминативе години, нагласи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-da-se-zabrani-uvozot-na-pchenitsa-i-jachmen-dodeka-ne-se-otkupi-domashniot-rod/feed/ 0
Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/#respond Mon, 24 Apr 2023 12:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=826969

Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува. - Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот. Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени. Во мојата општина од околу 30 000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Би требало на терен да работат земјоделските инспектори. Имаше некои изјави дека земјоделските производи биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи. Земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци, но патот до крајниот потрошувач трикратно се зголемува цената, рече Синани. Тој потенцира дека тие побарале уште пред неколку години откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во нашата земја и да се откупи од нашите производители, а не од странство. - Затоа ако е кај нас е 19, имам некоја информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стокови резерви. Директоратот на стокови резерви ќе почне да дава на мелничарите по една ептен ниска цена и тука ни паѓа и цената на нашата жетва. Јас мислам и претпоставувам дека оваа година ќе имаме ниска цена на пченицата, рече Синани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsite-baraat-zabrana-za-uvoz-na-pchenitsa-za-da-se-otkupi-domashnoto-proizvodstvo/feed/ 0
Земјоделци бараат државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви, од Владата велат дека ги поддржуваат домашните производители и домашниот род на лебото зрно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsi-baraat-drzhavata-da-go-otkupi-vishokot-pchenitsa-za-stokovite-rezervi-od-vladata-velat-deka-gi-poddrzhuvaat-domashnite-proizvoditeli-i-domashniot-rod-na-leboto-zrno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsi-baraat-drzhavata-da-go-otkupi-vishokot-pchenitsa-za-stokovite-rezervi-od-vladata-velat-deka-gi-poddrzhuvaat-domashnite-proizvoditeli-i-domashniot-rod-na-leboto-zrno/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=820561

Државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви и да нема увоз од странство, бараат дел производители од Пелагониско, кои имаат недооткупени количества пченица во амбарите. Апелот и барањето тие ги упатија од пред прилепските силоси каде се користи простор за стоковите резерви. - Упатуваме апел до мелничарите во Македонија и до надлежните иституции во државата, да се откупи пченицата од овие луѓе кои сѐ уште ја чуваат, а не да се увезува од Србија како што имаме непотврдени информации. Ова е вистинското време и што поскоро да се реагира зашто во тек се прихраните на новиот род, а и доцни втората прихрана, а на луѓето им се потребни средства. Производителите сега не бараат многу. Барат цена, барем да се покријат производните трошоци и трошоците за складирање. Тоа е околу 22 денари за килограм, изјави Стеванчо Јорданоски, производител од прилепското село Мажучиште кој чува преку 200 тони пченица. -Јас имама 350 тони пченица. Не ја предадовме пченицата зашто млинарите не можеа д ани ја платат во готово. бараме државата да ни ја откупи по реална цена. Да биде добро и за државата и за нас, а не како што слушаме 25 или 27 денари од Србија, изјави Тоде Лазаревски, производител од Ивањевци, Битолско. Од Владата информираат дека количествата пченица во државава се на задоволително ниво и во моментов нема активен оглас за набавки. Годинава се одвоени четирипати повеќе средства од буџетот за стоковите резерви и се апелира предност да се даде на домашните производители. -За 2023 година со Буџетот се планирани 352 милиони денари за стоковите резерви, кои во претходните две години биле на ниво од 80 милиони денари. Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секогаш е на страната на земјоделците, затоа апелираме предност да се даде на домашните производители и домашните количини на пченица, стои меѓудругото во информацијата од Владата. Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија вели дека за проблемот со недооткупената пченица ќе се бара средба во Министерството за земјоделство. - Ќе бараме средба во Министерството за земјоделство за да се бара решение за проблемот со недооткупената пченица која е во амбарите на земјоделците. Сметаме дека во земјава има околу 5 000 тони недооткупена пченица, вели Стојкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodeltsi-baraat-drzhavata-da-go-otkupi-vishokot-pchenitsa-za-stokovite-rezervi-od-vladata-velat-deka-gi-poddrzhuvaat-domashnite-proizvoditeli-i-domashniot-rod-na-leboto-zrno/feed/ 0
Гардијан: Прекумерната употреба на фосфор може да го наруши глобалното производство на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/#respond Tue, 14 Mar 2023 11:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=811754

На нашата планета и се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво. Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа се придонесува за климатската криза, пишува Гардијан. Во исто време, процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои ги загрозуваат резервите на риби, предупредуваат научниците. Дополнително, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови. -Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе соочиме се со катастрофа која ја нарековме „фосфогедон, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер. Фосфорот бил откриен во 1669 година од германскиот научник Хениг Брант, кој го изолирал од урината. Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани. -Едноставно кажано, нема живот на Земјата без фосфор, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот Бристол. Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба - фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во прехранувањето на осумте милијарди жители на нашата планета. Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето. Зголемениот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се загрижат дека светот може да се соочи со намалени резерви на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат за да го набават за да го прехранат своето население. Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои се плашат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските резерви, оставајќи го Западот многу ранлив на скок на цените. Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 1970-тите. Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички при користењето фосфати на нивите. Изваденото ѓубриво, како и испуштањето отпадни води богати со фосфор, резултираат со големо загадување на водата и влијаат на штетното цветање на алгите. Некои од најголемите слатководни подрачја во светот се исто така погодени од овој проблем, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка. Цветањето во Ири резултираше со целосна контаминација на водата за пиење во последниве години. Исто како и на копно, фосфатите помагаат во растот на водните растенија, но нивниот раст го задушува цветањето на алгите, па затоа во овие области се формираат водени мртви зони. А таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми. - Климатските промени значат дека ќе има уште повеќе цветање на алги по единица фосфатно загадување поради потоплите временски услови, рече професорот Брајан Спирс од британскиот центар за екологија и хидрологија Мидлотиан. - Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, таа може да се распадне и да почне да произведува метан. Значи, зголемувањето на цутот ќе значи дека повеќе метан ќе се пумпа во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за затоплување на атмосферата... Тоа е причина за вистинска загриженост, предупреди Спирс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/feed/ 0
Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-na-zemjodeltsite-se-ochekuva-pogolemo-proizvodstvo-na-pchenitsa-treba-da-se-namali-zavisnosta-od-uvozot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-na-zemjodeltsite-se-ochekuva-pogolemo-proizvodstvo-na-pchenitsa-treba-da-se-namali-zavisnosta-od-uvozot/#respond Sun, 05 Mar 2023 10:30:04 +0000 https://kurir.mk/?p=808221

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот. Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се зголемени површините со пченица во Прилепско. - Зголемени се површините, есенскиот род е во добра состојба и ако во мај и јуни се погодни временските услови, производството очекувано ќе се зголеми, вели Томески. Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија оценува дека на ланското произиводство од околу 250 000 тони се очекува зголемен род. Голема улога има интервентниот фонд на Министерството за земјоделство. -Во 2021 и 2022 година, според моите сознанија, во земјава имаше посеано 75 000 хектари со пченица. Оваа година имаме зголемување на површините под пченица со 1000 хектари повеќе. И очекуваме зголемено производство за 30 000 тони. Секако, освен земјоделските политики, ќе влијаат и временските услови. Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство ги зголеми интересот и сигурноста на земјоделците за производството на лебното зрно, вели Стојкоски. Сѐ уште мора да увезуваме, но се стремиме кон сопствено производство. Неопходна е перманентната државна поддршка за рентабилност. -Имаме капацитети за производство и можеме повеќе да произведуваме, ама без загуби. Тука е улогата на државата да нѐ поддржува. Ако имаме производство од околу 250 000 тони и годинава се произведат уште 30 000 тони, според бројот на хектари засеани со пченица, ќе ни бидат потребни да покриеме уште 20 насто од потребите. Но, во секој случај, состојбите со производство на пченица и на леб се уредуваат во договор со државата, вели Стојкоски. И откупувачите и земјоделците во амбарите чуваат околу 10 000 тони пченица очекувајќи подобра цена, но сѐ зависи од берзите. -Откупот на пченицата секогаш бил според берзанските цени. А во моментов берзанската цена на пченицата е од 16 до 17 денари. Оние што ја чуваат пченицата во амарите го носат и ризикот, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-na-zemjodeltsite-se-ochekuva-pogolemo-proizvodstvo-na-pchenitsa-treba-da-se-namali-zavisnosta-od-uvozot/feed/ 0
Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/#respond Sat, 04 Mar 2023 12:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=808027

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша. Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс. ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи. ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/feed/ 0
Сега е време да ја засадите Божиќната пченица: Следете ги овие чекори и ќе имате совршен украс во домот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sega-e-vreme-da-ja-zasadite-bozikjnata-pchenica-sledete-gi-ovie-chekori-i-kje-imate-sovrshen-ukras-vo-domot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sega-e-vreme-da-ja-zasadite-bozikjnata-pchenica-sledete-gi-ovie-chekori-i-kje-imate-sovrshen-ukras-vo-domot/#respond Mon, 19 Dec 2022 21:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=777826

Младата и зелена пченица е нешто што многумина сакаат да ја краси празничната трпеза, а еве неколку совети кои ќе ви помогнат оваа година таа да биде богата, убава и густа. Еден од најголемите симболи на најрадосниот христијански празник е божиќното жито кое би требало да биде зелено и бујно за да бидат такви и сеидбите во текот на годината. За да бидете сигурни дека пченицата ќе никне во вистинското време и ќе биде богата и густа, важно е да се придржувате кон следните совети: 1. Припремете се за садење Пред да ја посеете пченицата, потребно е семињата да ги натопите во млака вода и да ги оставите преку ноќ да отстојат. После тоа, исушете ги на хартиена крпа и посејте ги. Пченицата е најдобро да се посади на чинија или во помала саксија. 2.Не штедете семе Немојте да штедите на семињата и прекријте го целото дно од садот така што нема да остане ни едно празно место – дури е пожелно на некои места семето да се преклопува. Потоа прекријте го со уште еден слој земја. Наместо земја, можете да употребите и слој од памук натопен со вода и по него наредете ги пченичните зрна. Ватата е практична затоа што го впива вишокот течности. 3. Пченицата чувајте ја на светло место Не ја чувајте пченицата на место каде што има премногу греење затоа што може да се исуши. Најдобро е да ја ставите покрај прозорецот, на топло и светло место. 4. Заштитете го семето со фолија Првите неколку дена, пред пченицата да почне да никнува, прекријте ја со алуминиумска фолија која чува влага. Штом почне да испушта зелени издатоци, тргнете ја фолијата и полевајте ја пченицата умерено секој ден. За заливање на пченицата која е посеана во чинија, ви е потребна околу една лажица вода. 5. Отсечете ги врвовите и украсете ја пченицата Кога пченицата ќе нарасне, отсечете ги врвовите така што ќе бидат со подеднаква висина. Обичај е исто така да врзете украсни тробојни врвки околу пченицата. Пазете врвката да не ја стегнете прецврсто туку само колку да останат на место.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sega-e-vreme-da-ja-zasadite-bozikjnata-pchenica-sledete-gi-ovie-chekori-i-kje-imate-sovrshen-ukras-vo-domot/feed/ 0
Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=753345

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море. Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја. Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим. Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје. Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица. Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел. Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел. Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата. Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа. Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/feed/ 0
Трипуновски: Над милион евра профит прават фирми преку набавка на српска пченица за државата по повисока сума од берзанската, а цехот го плаќаат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nad-milion-evra-profit-pravat-firmi-preku-nabavka-na-srpska-pchenica-za-drzavata-po-povisoka-suma-od-berzanskata-a-cehot-go-plakjaat-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nad-milion-evra-profit-pravat-firmi-preku-nabavka-na-srpska-pchenica-za-drzavata-po-povisoka-suma-od-berzanskata-a-cehot-go-plakjaat-gragjanite/#respond Tue, 18 Oct 2022 17:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=747204

Пред 6-7 месеци власта не убедуваше дека стоковите резерви се полни, дека нема проблеми со залихи, за денеска да дојдеме до 2 тендери од Агенција за стокови резерви каде што гледаме дека за астрономски суми набавиле преку 20.000 тони пченица и тоа српска, а не македонска. Тие 2-3 фирми кои ги добиле тендерите направиле милионска сума профит, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во „Што не е јасно“ на Алфа. Како што појасни Агенцијата за стокови резерви распишала два тендери по два лота за набавка на секој лот по 5000 тони пченица, симптоматично се јавуваат 2 или 3 фирми. -Едниот го добива фирма од Тетово Кока Е Арт за 5000 тони, за сума од 128.310.000 денари околу 2,1 милион евра, а потоа другиот лот го добива фирма Агроглобал за 5000 тони и тоа за сума од 138 милиони денари, околу 2,2 милиони евра. За месец и половина повторно е Кокра е арт, и сега Млин Аргулица. Вкупната сума која е потрошена за овие фирми е 532 милиони денари, односно околу 9 милиони евра. Проблемот е тоа што оваа пченица е со српско потекло и ако ги отворите берзите во Нови Сад ќе видите дека се тргува по 20,5 денари, а оваа пченица е купена по 26 денари, а другите договори по 27 денари за килограм пченица, рече Трипуновски.
Тој нагласи дека плаќаме српска пченица од 27 денари во време кога цената на берзата е 20,5 денари, а македонската пченица се продаде за просек 17,5 до 18 денари. -Значи имаме ситуација каде што овие 2-3 фирми прават сериозен профит. Ако се направи математика, со транспортот испаѓа дека треба да платат 22,5 денари, а до 27 има профит по килограм и добиваме дека е направен сериозен профит од илјадниците тони. Испаѓаат 1,4 милиони евра има профит кој ќе го поделат овие фирми. Цехот ќе го платат граѓаните, рече тој. Трипуновски нагласи дека и да морало да се купи пченица од Србија, власта требало да засука ракави и да појдат во Србија да преговараат за пченица по цена на берзите, тогаш сумата ќе беше 450 милиони денари, а не 532 милиони денари. -Она што загрижува е македонската пченица најголем дел остана неоткупена или се откупи по п0ониска цена и тоа е понижувачки. Ги оставате на цедило македонските земјоделци, а гледаме како ги молат земјоделците повеќе да произведат за наредна реколта. Зошто не купија македонска пченица, вели Трипуновски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nad-milion-evra-profit-pravat-firmi-preku-nabavka-na-srpska-pchenica-za-drzavata-po-povisoka-suma-od-berzanskata-a-cehot-go-plakjaat-gragjanite/feed/ 0