пченка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 18:21:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пченка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Купил пченка со фалсификувана банкнота од 50 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-pchenka-so-falsifikuvana-banknota-od-50-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-pchenka-so-falsifikuvana-banknota-od-50-evra/#respond Tue, 23 May 2023 18:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=838035

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него, му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kupil-pchenka-so-falsifikuvana-banknota-od-50-evra/feed/ 0
Гардијан: Прекумерната употреба на фосфор може да го наруши глобалното производство на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/#respond Tue, 14 Mar 2023 11:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=811754

На нашата планета и се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво. Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа се придонесува за климатската криза, пишува Гардијан. Во исто време, процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои ги загрозуваат резервите на риби, предупредуваат научниците. Дополнително, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови. -Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе соочиме се со катастрофа која ја нарековме „фосфогедон, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер. Фосфорот бил откриен во 1669 година од германскиот научник Хениг Брант, кој го изолирал од урината. Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани. -Едноставно кажано, нема живот на Земјата без фосфор, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот Бристол. Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба - фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во прехранувањето на осумте милијарди жители на нашата планета. Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето. Зголемениот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се загрижат дека светот може да се соочи со намалени резерви на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат за да го набават за да го прехранат своето население. Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои се плашат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските резерви, оставајќи го Западот многу ранлив на скок на цените. Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 1970-тите. Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички при користењето фосфати на нивите. Изваденото ѓубриво, како и испуштањето отпадни води богати со фосфор, резултираат со големо загадување на водата и влијаат на штетното цветање на алгите. Некои од најголемите слатководни подрачја во светот се исто така погодени од овој проблем, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка. Цветањето во Ири резултираше со целосна контаминација на водата за пиење во последниве години. Исто како и на копно, фосфатите помагаат во растот на водните растенија, но нивниот раст го задушува цветањето на алгите, па затоа во овие области се формираат водени мртви зони. А таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми. - Климатските промени значат дека ќе има уште повеќе цветање на алги по единица фосфатно загадување поради потоплите временски услови, рече професорот Брајан Спирс од британскиот центар за екологија и хидрологија Мидлотиан. - Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, таа може да се распадне и да почне да произведува метан. Значи, зголемувањето на цутот ќе значи дека повеќе метан ќе се пумпа во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за затоплување на атмосферата... Тоа е причина за вистинска загриженост, предупреди Спирс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/feed/ 0
Во Србија започна пријавување на земјоделците за неповратна помош од 15.000 тони меркантилна пченка од државните резерви https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zapochna-prijavuvanje-na-zemjodelcite-za-nepovratna-pomosh-od-15-000-toni-merkantilna-pchenka-od-drzavnite-rezervi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zapochna-prijavuvanje-na-zemjodelcite-za-nepovratna-pomosh-od-15-000-toni-merkantilna-pchenka-od-drzavnite-rezervi/#respond Fri, 11 Nov 2022 08:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=758962

Како резултат на актуелната светска криза надлежните власти во Србија за помош на земјоделците во нивната земја ќе доделат 15 000 тони меркантилна пченица. Од денес 11 ноември започна пријавувањето на сите земјоделци- одгледувачи на млечни крави за помош со меркантилна пченица обезбедена од државните резерви на Србија. Јавниот повик го објави Републичката дирекција за стокови резерви врз основа на заклучок на седница на владата на Србија како помош за одгледувачите на млечни крави и тој ке трае до 23 ноември. Неповратната испорака се однесува за основно земјоделско производство, регистрирано земјоделско одгледувалиште кое што се занимава со одгледување на млечни крави- секое женско грло постаро од 24 месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zapochna-prijavuvanje-na-zemjodelcite-za-nepovratna-pomosh-od-15-000-toni-merkantilna-pchenka-od-drzavnite-rezervi/feed/ 0
Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=753345

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море. Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја. Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим. Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје. Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица. Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел. Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел. Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата. Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа. Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/feed/ 0
12 милиони прегледи на „Тик-ток“: Момче објаснува зошто сака пченка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/12-milioni-pregledi-na-tik-tok-momche-objasnuva-zoshto-saka-pchenka-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/12-milioni-pregledi-na-tik-tok-momche-objasnuva-zoshto-saka-pchenka-video/#respond Fri, 12 Aug 2022 10:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=717590

Видео во кое едно симпатично момче објаснува зошто сака пченка стана хит на „Тик-ток“. Водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира момче на кое му недостасува предниот заб, но може да џвака пченка без никакви проблеми, па ги сподели своите размислувања за оваа храна. „Многу сакам пченка. Од кога ми кажаа дека постои пченка, таа ми е омилена. Кога ја пробав со путер, сè се смени! Обожавам пченка!”, вели момчето. „Секој треба да се обиде да јаде пченка, иако не секој може да ја сака толку многу како мене.“ Видеото досега е прегледано 12 милиони пати на „Тик-ток“. „Ова момче е толку паметно“, „Преслатко“, „Опседнато сум со ова видео“, „Го сакам“, „Каков крал“, „Зошто децата се толку смешни?“, „Ова дете е икона“, се само дел од коментарите под видеото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/12-milioni-pregledi-na-tik-tok-momche-objasnuva-zoshto-saka-pchenka-video/feed/ 0
Владата на Србија ја укина забраната за извоз на пченица и пченка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-srbija-ja-ukina-zabranata-za-izvoz-na-pchenica-i-pchenka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-srbija-ja-ukina-zabranata-za-izvoz-na-pchenica-i-pchenka/#respond Thu, 21 Jul 2022 14:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=708516

Владата на Србија денеска ја укина забраната за извоз на пченица и пченка, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа одлука е донесена по анализа на моменталната состојба и резервите на пченицата по жетвата во Србија. Слободниот извоз на пченица и пченка ќе важи до почетокот на есента, до нова проценка на состојбата и вкупните резерви на клучните житни култури. Српката Владата донесе и одлука да одобри извоз на 4.000 тони рафинирано сончогледово масло на големо. Владата на Република Србија на денешната седница донесе изменета одлука за привремената забрана за извоз на еуро дизел EН 590, со што истата се продолжува за уште седум дена, имајќи предвид дека енергетската криза на светскиот пазар се уште трае како и можноста за критичен недостиг на оваа стока значајна за граѓаните на Србија, соопштија од Владата. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-srbija-ja-ukina-zabranata-za-izvoz-na-pchenica-i-pchenka/feed/ 0
Многумина ја прават истата грешка кога варат пченка – вака се губат драгоцените состојки и својства https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mnogumina-ja-pravat-istata-greshka-koga-varat-pchenka-vaka-se-gubat-dragocenite-sostojki-i-svojstva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mnogumina-ja-pravat-istata-greshka-koga-varat-pchenka-vaka-se-gubat-dragocenite-sostojki-i-svojstva/#respond Fri, 15 Jul 2022 14:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=705732

Обарена пченка е неверојатно здрава, но додека ја вариме сите ја правиме истата грешка - ја вадиме пченкарната свила од кочаните. Сепак, се препорачува пченкарната свила да се готви со пченка и да се јаде. Еве зошто треба да јадете свила со пченка: - Спречува формирање на камења во бубрезите - Дејствува како природен диуретик и го поттикнува отстранувањето на вишокот течности од телото. - Го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта - Богат е со калиум, кој го поттикнува згрутчувањето на крвта Ако не можете да јадете пченкарна свила заедно со пченка, конзумирајте ја на следниот начин - одвојте ја од пченката и сварете ја во малку вода. Процедете, а кога ќе се олади, испијте како чај. Забелешка: Чајот од свила од пченка не се препорачува за трудници, бидејќи може да предизвика предвремени контракции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mnogumina-ja-pravat-istata-greshka-koga-varat-pchenka-vaka-se-gubat-dragocenite-sostojki-i-svojstva/feed/ 0
Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-vlada-odobri-izvoz-na-pchenica-i-pchenka-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-vlada-odobri-izvoz-na-pchenica-i-pchenka-vo-makedonija/#respond Thu, 07 Apr 2022 15:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=659842

Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во  Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделско-прехранбени производи, се наведува во соопштенито на српската Влада по одржување на денешната седница. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Република Србија и регионот. Во соопштението се наведува и дека „тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената сигурност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“. Меѓу останатите одлуки, српската Влада на денешната седница ја усвои и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, која ќе биде во сила до 30 април 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-vlada-odobri-izvoz-na-pchenica-i-pchenka-vo-makedonija/feed/ 0
Николовски: Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-pchenicata-i-pchenkata-od-srbija-se-za-stopanskite-subjekti-a-ne-za-drzavata-ili-za-stokovnite-rezervi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-pchenicata-i-pchenkata-od-srbija-se-za-stopanskite-subjekti-a-ne-za-drzavata-ili-za-stokovnite-rezervi/#respond Thu, 03 Mar 2022 12:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=640222

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. -Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, објаснува Николовски. Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. -Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ. ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица. -ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ. Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира. -Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-pchenicata-i-pchenkata-od-srbija-se-za-stopanskite-subjekti-a-ne-za-drzavata-ili-za-stokovnite-rezervi/feed/ 0
Владата уверува дека државни резерви има, Вучиќ вели Македонија барала од Србија 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-uveruva-deka-drzavni-rezervi-ima-vuchikj-veli-makedonija-barala-od-srbija-50-000-toni-pchenica-i-25-000-toni-pchenka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-uveruva-deka-drzavni-rezervi-ima-vuchikj-veli-makedonija-barala-od-srbija-50-000-toni-pchenica-i-25-000-toni-pchenka/#respond Thu, 03 Mar 2022 06:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=639801

Владата вчера уште еднаш апелираше, граѓаните да бидат смирени и да не стравуваат – прехранбени производи има, стоковните резерви се на задоволително ниво, а ценовен шок не се очекува. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, државата ќе интервенира. Како што информира Владата, се преземаат сите мерки за да се зачува стандардот. Според најавите од Централната банка, пак, девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. – Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, велат од Владата. Информираат и дека се во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално, ако има потреба, да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата. -Граѓаните да бидат сигурни и во најавите на Централната банка која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија. Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза, наведуваат од Владата. Владата го повтори и апелот – трговците да ја почитуваат Одлуката за трговските маржи. Став за кризата вчера изнесе и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој од Гевгелија обвини дека власта „со делбата на Украина – Русија“ го дефокусира народот за да му го врти вниманието од вистинските проблеми. -Прво, за нешто што се случува неколку илјади километри далеку од Македонија сакаат да го поделат народот, да не мисли народот на сиромаштијата, на поскапите горива, поскапата струја, да не мисли за поскапиот леб, земјоделецот да не мисли на родот кој остана ненабран и непродаден, за катастрофата во здравството, хаосот во образованието, туку да мисли некаде таму далеку што се случува. Наместо да бидеме фокусирани на тоа што е наш проблем и тоа што треба да биде наша домашна грижа, тие прават одвлекување на вниманието и дефокус на теми кои ниту еден од вас не ги засега. Тоа е инженерингот кој го почна Пендаровски, делејќи го народот на проукраински и проруски, рече Мицкоски на настанот по повод отчетот на градоначалниците од неговата партија. Српскиот претседател, пак, Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. -Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ. Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт. Според српскиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот. -Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ. ВМРО ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица. -ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-uveruva-deka-drzavni-rezervi-ima-vuchikj-veli-makedonija-barala-od-srbija-50-000-toni-pchenica-i-25-000-toni-pchenka/feed/ 0