пдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 May 2021 12:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовската опозиција бара разрешување на министерката за надворешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-opozicija-bara-razreshuvanje-na-ministerkata-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-opozicija-bara-razreshuvanje-na-ministerkata-za-nadvoreshni-raboti/#respond Thu, 06 May 2021 12:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=506590

Најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), вели дека министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала-Шварц „ги навредува борбата на Ослободителната војска на Косово, загинатите во борбата за слобода и независност и сите силувани жени во војната“, поради што бара од премиерот Албин Курти веднаш да ја разреши од функцијата.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, шефот на пратеничката група на ПДК, Абељард Тахири изјави дека Грвала „ја навредува најголемата жртва на албанската нација“ и дека говори „со јазикот на наследникот на балканскиот касапин Слободан Милошевиќ“, односно на поранешниот шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. -ПДК не може да дозволи министерката за надворешни работи да зборува со јазик изграден во Белград, затоа што таа го претставува Косово. Бараме од господинот Курти што поскоро да ја разреши таа неодговорна министерка, да го разреши тој човек кој постојано го омаловажува најсветиот дел на нашата нација, изјави Тахири. На прес-конференцијата која ја свика откако беше прекината седницата на Собранието на која дојде до жесток судир меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство токму поради критиките на сметка на Грвала, шефот на пратениците на ПДК го обвини собраниското мнозинство дека „се однесува агресивно кон опозицијата“. -Ние имаме постојана тенденција од страна на мнозинството да се однесува агресивно кон опозицијата. Го повикуваме мнозинството да се повлече од таа позиција, која е многу штетна, изјави Тахири. Нападите од страна на опозициските партии и политичари врз Грвала започнаа откако таа изјави дека ќе му достави на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, докази против основачите и водачите на ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели. Претходно, Грвала изјави дека поранешниот претседател на државата Тачи и поранешениот собраниски спикер Весели, едниот основач, а другиот доскорешен лидер на ПДК, се „најголемите злосторници во Косово“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-opozicija-bara-razreshuvanje-na-ministerkata-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0
Тахири: ПДК ќе го исклучи од партијата секој кој ќе гласа за новата косовска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/#respond Thu, 07 May 2020 13:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343049

Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Абељард Тахири вели дека никој од неговите партиски колеги нема да гласа за новата влада која може да ја формира коалицијата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нивниот кандидат за премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири во емисијата „Интерактив“ на КТВ ја пренесе пораката на партискиот лидер Кадри Весели и одлуката на Претседателството на ПДК дека тој што ќе гласа за новата влада на Хоти ќе биде исклучен од партијата. – Кај нас е јасна работата, статутот е јасен, секој пратеник кој гласа спротивно на ПДК не може да биде веќе дел од нашата пратеничка група, а ние имаме јасна одлука во никакви околности да не гласаме за владата на Хоти, изјави Тахири. Тој додаде дека ПДК има своја опозициска агенда, односно дека се залага за нови избори веднаш штом се создадат услови за тоа. – Во моментот кога ќе се прогласи победа во борбата со Ковид-19, сметаме дека нема причини да продолжи таа влада, рече Тахири, изразувајќи уверување дека ПДК ќе ги обезбеди потребните гласови за нејзино уривање и за прогласување предвремени избори. На 25 март, на иницијатива на ЛДК беше изгласана недоверба на владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по што, на 30 април, претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК и нејзиниот кадидат за премиер, Хоти. Истиот ден кога му беше доделен мандатот на Хоти, ВВ поднесе барање за оценка на уставноста на одлуката на Тачи, по што Уставниот суд наредниот ден, на 1 мај, донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата во правец на формирање нова влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/feed/ 0