Пецас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Dec 2020 13:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пецас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пецас: Нема олабавување на рестриктивните мерки за Нова година и Водици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-nema-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki-za-nova-godina-i-vodici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-nema-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki-za-nova-godina-i-vodici/#respond Mon, 28 Dec 2020 13:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=449432

Сигурно е дека нема да има олабавување на мерките за Нова година и Водици, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, потенцирајќи дека рестриктивните мерки, односно карантинот ќе бидат во сила, како што беше најавено до 7 јануари 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас истакна дека за време на Божиќ сликата во Грција била подобра од онаа од други европски земји, но додаде дека за една седмица до десет дена ќе се покаже колку граѓаните биле внимателни. Во однос на училиштата, портпаролот на грчката Влада рече дека приоритет е нивното отворање, а во текот на неделава министерката за образование ќе има средба со членовите на надлежната комисија. -Приоритет на Владата е да се отворат училиштата. Во однос на останатите прашања, треба да видиме каква ќе биде ситуацијата следната седмица, на кое ниво ќе бидат новите случаи, каква ќе биде состојбата на националниот здравствен систем, особено на интензивна нега и во однос на приклучените на апарати и тогаш ќе донесеме одлуки за останатите сектори на економијата, објасни Пецас. Истакна дека иако индексот на ширење на вирусот (Rt) е на ниско ниво, блиску до еден, сепак потребна е претпазливост и додаде дека според последните податоци од вчера, во цела Грција исполнети се 68 отсто од креветите на Одделите за интензивна нега, 63 проценти во областа Атика и дури 91 отсто во Солун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-nema-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki-za-nova-godina-i-vodici/feed/ 0
Пецас: За среќа немаме жртви при судирот на бродовите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-za-srekja-nemame-zrtvi-pri-sudirot-na-brodovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-za-srekja-nemame-zrtvi-pri-sudirot-na-brodovite/#respond Tue, 27 Oct 2020 12:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=421203

Зачудувачки е како се случи инцидентот со бродот со португалско знаме, предводен од полски капетан, кој не го виде нашиот брод и речиси се качи врз него, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас за информативниот портал „Њузит“ за судирот меѓу бродот на грчката воена морнарица со товарниот брод, јави дописничката на МИА од Атина. Пецас истакнува дека за среќа нема жртви, со оглед на тоа дека е уништен задниот дел од воениот брод. Објасни дека од 27 членови на екипажот, четири лица останале да помогнат во напорите за извлекување на бродот, а останатите 23 биле пренесени во болница, од кои двајца се полесно повредени. Според грчките медиуми, капетанот на товарниот брод е уапсен и се истражуваат причините за несреќата. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека на товарниот брод му е забрането да замине од пристаништето додека е во тек истрагата. Оштетениот воен брод со помош на реморкер се извлекува кон военото пристаниште на островот Саламина. Рано утрово во морскиот дел во близина на атинското пристаниште Пиреас, од засега непознати причини, се судрија брод на грчката воена морнарица со товарниот брод што плови под португалско знаме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-za-srekja-nemame-zrtvi-pri-sudirot-na-brodovite/feed/ 0
Пецас: Грција постепено ќе се враќа во нормала https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/#respond Mon, 27 Apr 2020 12:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=338037

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите најави дека утре попладне грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги соопшти „филозофијата и последователните фази од планот за префрлање во нова нормала“, јави дописничката на МИА од Атина. Тој наведе дека постепеното укинување на рестриктивните мерки во Грција ќе почне од фризерските салони и продавниците, а потоа, во следните неколку фази, со временско растојание меѓу нив, ќе следат отворања на образовните институции, на големите компании, угостителските објекти, како и црквите, а во друга фаза ќе следи отворање на хотелите што работат во текот на целата година, а откако ќе се реши прашањето со транспортот, ќе се отворат и сезонските туристички објекти од крајот на јуни или почетокот на јули. Покажавме дека Грците, во тешките моменти се обединети, успеваме. И исто толку обединети ќе се движиме постепено кон „новата нормала“. Овој процес ќе се одвива со план, постепено и организирано. По завршувањето на рестриктивните мерки што се во сила до 4 мај, планот на Владата ќе започне да се шири во засебни, насочени фази, последователно во мај и јуни. Правило ќе биде да постои временска разлика меѓу фазите на укинување на рестриктивните мерки за да постои можност континуирано да се проценува развојот на пандемијата, рече Пецас. Тој додаде дека намерата на Владата е да се укине и обврската на граѓаните при секое излегување да мора да пратат смс порака или да имаат соодветна потврда со нив. Дополнително, рече дека ќе се разгледа и можноста да се дозволи патување од една во друга периферија, но и тоа ќе оди постепено, за да се избегне ненадеен масовен излез од урбаните средини. Портпаролот на грчката Влада објасни дека развојот на фазите и постепеното олабавување на мерките ќе зависи од состојбата на здравјето на населението, а при секое отворање ќе важат посебни правила и услови. На пример црквите, почетно, ќе се отворат за индивидуални молитви, а подоцна, во следната фаза и под конкретни правила и заштитни мерки, литургиите ќе бидат отворени за сите верници. Пецас дополнително објасни дека манифестациите за одбележувањето на Денот на трудот – 1 мај, ќе се префрлат во првата сабота по укинувањето на рестриктивните мерки и секако со почитување на правилата за држење растојание. По обраќањето на Мицотакис и соопштувањето на планот утре попладне, ќе следи и детална презентација на аспектите на планот од надлежните министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/feed/ 0
Пецас: Остануваме дома во април за во мај да можеме се радуваме на првите резултати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-ostanuvame-doma-vo-april-za-vo-maj-da-mozeme-se-raduvame-na-prvite-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-ostanuvame-doma-vo-april-za-vo-maj-da-mozeme-se-raduvame-na-prvite-rezultati/#respond Mon, 06 Apr 2020 13:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=328168

Останувајќи дома во април, во наши раце е, во мај да се радуваме на првите резултати од нашата одговорна позиција, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен видеоконференциски брифинг со новинарите, истакнувајќи дека земјата овие денови влегува во најклучната фаза од „необјавената војна што ја отвори пандемијата во целиот свет“, јави дописничката на МИА од Атина. -Да го обезбедиме она што го постигнавме. Ако се опуштиме, ќе платиме. И ова ќе биде неправедно за големите напори што ги направивме сите. Затоа и се продолжени до 27 април мерките за ограничување на движењето, рече Пецас. Истакна дека текот на Грција е подобар во споредба со многу други европски земји и уште еднаш повтори дека април ќе биде најтежок и најкритичен месец. Во тој контекст направи споредба на Грција со Белгија, Холандија и Португалија и развојот на епидемијата, како во однос на потврдените, така и во однос на смртните случаи во периодот од 26 февруари 2020 година, заклучно до вчера. Според графиконите што ги презентираше Пецас на брифингот, Белгија со 11,04 милиони жители има 19.691 потврдени и 1.447 смртни случаи, Холандија, со 17,18 милиони жители има 17.851 потврден случај и 1.776 жртви, Португалија со 10,3 милиони жители има 11.278 заразени лица и 295 починати, додека пак Грција со 10,8 милиони жители има 1.735 позитивни лица на Ковид-19 и 73 жртви. Во однос на Велигден, Пецас рече дека владата го разгледува предлогот на Светиот синод на ГПЦ, литургиите да бидат зад затворени врати за граѓаните и истакна дека она што во овој момент е доста сложено за владата и на кое што се работи е носењето на Светиот оган од Израел и пренесувањето низ цела Грција. Говорејќи за справувањето со последиците врз економијата, Пецас потсети дека веќе се преземени пакет мерки од 6,8 милијарди евра, што претставува 3,5 отсто од БДП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-ostanuvame-doma-vo-april-za-vo-maj-da-mozeme-se-raduvame-na-prvite-rezultati/feed/ 0
Пецас: Ќе се затворат денешните анархични центри и ќе се изградат нови контролирани затворени центри за мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/#respond Mon, 10 Feb 2020 16:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=301966

Грчката Влада ја забрзува постапката за изградба на затворени контролирани центри на островите погодени од бегалските и мигрантските бранови, одредува конкретни локации за изградба и открива детали за начинот на кој што ќе функционираат, јави дописничката на МИА од Атина. -Одлука на владата е да се затворат денешните анархични центри и да се изградат нови контролирани затворени центри, соопштува заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас и објаснува дека Министерството за миграција и азил, со одлука на владата, „поради јавниот интерес, е овластено да издаде наредби за искористување на неопходните недвижнини и земјишта за управување со кризи, за справување со исклучиво итната потреба за да се избегне загрозување на јавниот ред и здравје“ Одлуката на владата доаѓа по неодамнешните инциденти на Лезбос и барањето на префектот на островите од северниот дел на Егејското Море да се прогласи вонредна состојба. Како што пишува во соопштението од Пецас, одредени се конкретни локации за изградба на затворените контролирани центри на островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос. Новите објекти, ќе бидат за конкретна намена и со конкретна функција, односно како што вели портпаролот на грчката влада, „контролирани затворени центри, значи дефинирани и строги правила на внатрешен поредок што се однесуваат и на функционирањето и на движењето на оние кои ќе бидат сместени“. -Во овие центри, ќе престојуваат, прво новопристигнатите, за олеснување на идентификацијата и процесот на азил, второ, оние кои имаат деликвентно однесување и трето, оние кои немаат право на азил и влегуваат во процедурата за враќање назад. Оние кои ќе престојуваат во контролираните затворени центри, врз основа на внатрешниот правилник, ќе имаат право на излез со картичка на ограничен временски период, додека пак ноќе центрите ќе бидат затворени. Секое прекршување на внатрешниот ред, негативно влијае на барањето за азил и го забрзува процесот на враќање на сторителот, соопштува портпаролот на грчката влада. Пецас уште еднаш ги повторува четирите точки на владиниот план, односно чување на границите, забрзување на процедурите за азил, зголемен број враќања и затворени центри, а паралелно и празнење на островите, како и интернационализирање на проблемот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-kje-se-zatvorat-deneshnite-anarhichni-centri-i-kje-se-izgradat-novi-kontrolirani-zatvoreni-centri-za-migranti/feed/ 0